Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Реално и ја нема таа еуфорија како од ЕП, не знам оти е тоа така.. ама ете јас барем како што глеам, ептен некако е работата „што бидне нека бидне“ ..
Еуфоријата пред Гетеборг видовме како заврши, па можда е и подобро вака и за нас и особено за кошаркарите.Не мислам дека е еуфоријата падната, туку луѓето сетија дека преголема еуфорија и очекувања се контраефективни.
Мене ми е некако мртва атмосфера дека салата е мизерно исполнета, за разлика од ЕП.
Ако се пласираме на Олимпијада ќе имаш освежување на меморијата за еуфорија 100% (y)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па нема еуфорија.......да се пласираа ракометарите сега во несвест ќе паѓавме и кошаркарите да го сторат истото,мене лично ми се скрши филм,така да помалку се напнувам за квалификацииве.
Секако дека навивам да се пласираме....
Прво ние немаме престава што значи Олимпијада и што значи да се појавиш на Олимпијада посебно во тимски спорт. Држави како Македонија не само што дали еднаш во својата историја учествувале туку немале шанса ни квалификации да играат. Ракомет батали тука шансата во однос на подготовки, квалитет организација е поголема, ракометот го достигнавме врвот на ЕП не е никаков хендикеп што не сме на ОЛ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.438
Поени од реакции
11.357
осеќам црнчугиве ке ги мачкаме (сори Амди Бајрам) али поштено (y)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.229
Поени од реакции
14.523
Еееее малце го иступевте на темава, ко божем на секоја Олимпијада имаме по миљон спортисти, па ова сега не било еуфорично. (n) Мене ми скршивте филм со муабетиве...(n) Ко Игор и неговото коментирање последниве два натпревари сте... Депресивни.
Се гледа кој се бавел со спорт а кој не се бавел со спорт. АЛОООО, нема ништо поубаво од тоа да си легнеш вечерта знаејќи дека си ОЛИМПИСКИ ПОБЕДНИК со златото од Олимп на градите! Од таму почнал да се шири победничкиот дух на спортот.

Кажете му на било кој Американец дека не е атрактивна олимпијадава и нема некое значење, поготово па кошаркарскиот дел, ќе видите каков возвратен поглед ќе добиете.
Не напишав дека не е атрактивна Олимпијадата, туку дека квалификациите за Оплимпијада не можат да бидат атрактивни како едно големо првенство, без разлика што се можеби и побитни од едно ЕП. Не можеш ти од пошироката јавност да очекуваш да сватат колку се битни овие квалификации, а друго е кога гледаат првенство каде играат сите најдобри од Европа и каде се води борба за медал.

А јас лично сум во голема еуфорија, не можам да го дочекам натпреварот, шетам по соба да помине уште некој минута па да тркнам до кај пријателот да гледаме. Но, во јавноста не можете да очекувате толку еуфорија како на првенство, но ако тепаме вечер за полуфинале ќе се крене голема тензија.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Добро бе која еуфорија ја барате? Групна фаза на квалификации за ОИ сакате еуфорија? Еуфорија ако поминиме 1/4 финале барајте мада и сега мислам дека ќе ја има. Плус ова с есмао квалификации. Главната еуфорија ќе ја има тек во Лондон кога ќе треба да играме со САД, Шпанија итн итн
А ако сакавте досега еуфорија ене онаа швеѓанката пуштете си ја и слушајте
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
драги дедо мраз!!! знам дека е рано до нова година, ама пошто бев мирен и послушен цела година (барем до сега :D) те молам мојата желба да се оствари сега, а то е МАКЕДОНИЈА ДА ОЈ НА ОИ, а гејциве од поранешна македонска република грција да си седат дома и да си го цицаат оти не се во лондон :vozbud:
фала!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Реално и ја нема таа еуфорија како од ЕП, не знам оти е тоа така.. ама ете јас барем како што глеам, ептен некако е работата „што бидне нека бидне“ ..
Еуфорија како што имаше за ЕП нема да има НИКОГАШ, бидејќи тоа беше како на сон, како на филм се одвиваа настаните, едноставно беше со совршен редослед.

Изненадување, никој не го очекуваше тоа, првпат таков успех има во државава, народот дотогаш не доживеал такво нешто... првиот пат е секогаш најубаво нели !?

Нормално е сега да има помала еуфорија од тогаш. :)
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Еуфорија како што имаше за ЕП нема да има НИКОГАШ, бидејќи тоа беше како на сон, како на филм се одвиваа настаните, едноставно беше со совршен редослед.

Изненадување, никој не го очекуваше тоа, првпат таков успех има во државава, народот дотогаш не доживеал такво нешто...

Нормално е сега да има помала еуфорија од тогаш. :)
Сега да, ама ако ја тепаме оваа утакмица вечер, ја мислам ќе ја надминеме еуфоријата од Европско за полуфиналето и зошто да не и за финалето.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сега да, ама ако ја тепаме оваа утакмица вечер, ја мислам ќе ја надминеме еуфоријата од Европско за полуфиналето и зошто да не и за финалето.
Не се игра финале.
Тие што ќе победат во полуфинале одат сигурно и после има уште една утакмица меѓу тие што изгубиле.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Не се игра финале.
Тие што ќе победат во полуфинале одат сигурно и после има уште една утакмица меѓу тие што изгубиле.
гад демет толку зборење за утакмициве и тоа не сум го запамтил...уствари не бе мислев финале на олимпијадата :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Сега да, ама ако ја тепаме оваа утакмица вечер, ја мислам ќе ја надминеме еуфоријата од Европско за полуфиналето и зошто да не и за финалето.
Nope.

На ЕП влеговме во полуфинале и игра за медал! Значи на ЕП, европско првенство, турнир со пласман. Не квалификационен како овој. А и логично е повеќе да славиш за влез у полуфинале (и тоа како ТОТАЛНО изненадување) отколку влез на ОИ (веќе како не толкаво изненадување).

Здравје, ако влеземе на ОИ па таму играме ко што знаеме, тогаш би се повторила таа треска. Али чекор по чекор, стрпливо. :)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ve citam so treskite i euforiite, i ne mi e jasno , sto e pobogu vazno toa? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom