Квалификации за ОИ Лондон 2012 - Каракас ( 2 - 8 јули, 2012)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ете Грците сепак не дозволија глупости. Од првава фаза што помина можам да кажам дека Русите и Грците се ДАЛЕКУ испред сите останати, вклучувајќи ја посебно Македонија и Литванија кои беа на топло-ладно млитаво издание или популарно кажано ако ни тргне шутот добро ако не што биде. По тоа што видов Русите и Грците се одлично спремни физички, дефинитивно технички се топ потковани што уствари не е ништо ново, играат одличен баскет кој реално ние тешко можеме да го пратиме ако продолжиме да ја изоставуваме играта под кош...

Сега јасно е дека Грците и Русите најверојатно меѓусебно ќе ја бијат битката за Лондон и дека еден од овие за трето место ќе биде ранетиот лав.

Што се однесува до нас и да бидеме среќни што со овие не можеме да паднеме во полуфинале инаку ќе ни одржеа лекција ни патриотите немаше да не спасат. Со евентуална победа над Доминикана ќе имаме шанса да ја фатиме во тесно Литванија која реално мака мачи и на овој турнир слично на нас, шанса што нема да смее да се испушти. Во спротивно може да ни се случи оној меч за бронза од Каунас.
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Подобра шанса да се квалификуваме на Олимпијада нема да имаме сигурно !
Доминикана не се воопшто наивен противник ама подобри сме како колектив,САМО скокот да се подобри,да се заградува да одат сите 5 на скок,тие имаат еден првата утакмица направи 25 скока,вторава со Русите имаше 13-14,значи првата утакмица имал повеќе отколку ние цел тим !!!
Немаат некој добар плеј колку што гледав јас,Бо би требало да доминира,Антиќ треба 100% да се фокусира на одбрана на Хорфорд,ако треба нека не даде ниеден поен само да му изигра добра одбрана.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 15:11 ---
Букмејкерите и даваат 60% шанси на Македонија да ја совлада Доминиканската Република. Коефициентот се движи од 1,70 до 1,80 за нас :)
Во Бет Сити е 1.60, -4.5 со хендикеп
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
wwin.eu дава 1,75 на Македонија, а bwin дава само 1,45 :eek:

wwinmkd.jpg
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Утре Русите и Грците лесно ќе си ја завршат работата, ние ќе се мачиме, Литванија нема да ме чуди да загуби од Порто Рико... Психа во прашање сега сите им се нафрлија откако загубија вчера и со тоа се елиминираше Венецуела, ќе им свири цела сала :D
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Русите играат со "големата" Ангола која нас не победи (недај боже да им тргне со тоа тројките), Грците играат со "големата" Нигерија која ја совлада Литванија така да според резултативе незнам дали ќе им е лесно на останативе а тешко на нас со оглед на тоа што Доминикана ја победи само Кореја? Литванија дека ќе изгуби од Порто Рико малку веројатно (мислам дека ама ич не се замараат со тоа кој ќе им свири...не се тоа деца или жени) така да личи ова на европска четворка у полуфинале.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ако е 1.75 мора да се лупне едно сигнлче :)
Јас имав уште 1,12 евра на акаунт, и некој си фудбал на песок ме падна. Ќе имав 6 евра и сите ќе ги ставев на Македонија, ама сега сум 0,00 EUR :D

EDIT : Сепак НЕ, не знаев дека се играле 3 периоди во фудбал на песок, тепале 5-3 Русите, 3-3 беше по првите 2. Хохоо :D Уште 3 утакмици, Ренова (1,05) и уште две 1,10 и 1,20. :)

Иначе мене ми е страв од НБА ѕвездите во Доминикана, сепак имаат селектор со НБА искуство и ќе видиме како ќе биде, но ме охрабрува малата победа над Кореа и убедливите -25 против Русија! :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Русите играат со "големата" Ангола која нас не победи (недај боже да им тргне со тоа тројките), Грците играат со "големата" Нигерија која ја совлада Литванија така да според резултативе незнам дали ќе им е лесно на останативе а тешко на нас со оглед на тоа што Доминикана ја победи само Кореја? Литванија дека ќе изгуби од Порто Рико малку веројатно (мислам дека ама ич не се замараат со тоа кој ќе им свири...не се тоа деца или жени) така да личи ова на европска четворка у полуфинале.
Па добро ипак јас мислам дека Русија и Грција се репрезентации кои реално се најдобри од сите, од друга страна Ангола и Нигерија нема шанси да повторат такви мечеви со оглед на тоа да ги фатија на "неспано" противниците, против нас играа скоро како да немавме одбрана со поагресивна одбрана утре сабајле ќе ти дадат 20 тројки со тројки скоро никогаш не се добива меч во цел тек на натпревар. Никогаш не се добивало, пуцаа во прво во второ не растурија на скокови и под кош. И Македонија на ЕП 2009 во Полска водеше 20 разлика со Хрватска откако ни влегоа 10. тројки во прво, во второ не растурија технички и секако и не победија со висока разлика. Немавме одбрана истото беше и вчера со Литванија. Со посериозен пристап разликата во квалитет е огромна. А вторите два меча се многу поизедначени бидејќи и ние и Литванците сме многу близу со стилот на играта и како шутерска екипа ако фатиме брзо темпо со скокаичиве од Доминикана и Порто Рико црно ни се пишува. Според мене овие два меча ќе бидат далеку понеизвесни од првите два.
 
Веројанто ќе играме како на европско ќе ја забавиме играта а тоа е лошо за Доминикана тешко ќе се снаоѓаат.
 
P

PewDiePie

Гостин
Затоа им ја дадоа организацијава на Венецуела ? Затоа ги пратија во диктаторска земја на сред џунгла да играат ?

Ебате смрдените ФИБАши.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Русите се најјаки овде а после нив и Грците...Грција со Спанулис и без е небо и земја разлика, да не речам тродупло појака. Добро е што нив ги одбегнуваме, со Литванија сме горе долу тука...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.937
Поени од реакции
16.228
Русија лом ја прај Ангола, над 20 разлика водат . Страшен тим имаат русите. 1/2 финалето со Грците ќе биде страшно :) .. ако поминат понатаму Грција, во што не се сомневам.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Во втора четвртина само 5 коша за Ангола. Среќен сум што ќе ги избегнеме Русиве потполно во евентуален дуел за 3то место....не верувам Грциве во полуфинале да успеат да им парираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom