Евро 2012 - финале Шпанија-Италија: 4-0

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

Кој ќе биде новиот Европски шампион ?

  • Шпанија

    Гласови: 85 34,6%
  • Италија

    Гласови: 161 65,4%

  • Вкупно гласачи
    246
Член од
12 јануари 2008
Мислења
468
Поени од реакции
68
Точно, Италија не ископира никого. Италија само СЕ ОБИДЕ ДА ЈА КОПИРА шпанската „натијадајмија“ игра, и беше заслужено казнета за истото.

Со катанаџо не знам дали ќе освоеа, ама знам дека немаше да поминам добар дел од првото и цело второ полувреме во муабети за автомобили знаејќи дека победникот е познат, туку во гледање неизвесен (= интересен) фудбал.
Браво,сеа најпаметен испадна,ептен лесно е вака кога по дебакл на Италија ќе мудруваш како Италија се обидела да ја копира Шпанија... што не го збореше ова пред овој дуел?или тогаш имаа резултати,никој не ни предвидуваа дека ќе стигне до финале,првата утакмица против Шпанија кога Италија играше исто така,шо не збореше тогаш така?или тогаш не ти одговараше а?и Италија ако игра офанзивно значи мора да ги копираат Шпанија?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Не Италија, СВ Петар немаше да и се спротивстави на оваа Шпанија од вечерва. Везње и плетење по теренот покажаа а италијаните можеа само немо да го следат сето тоа. Ги понижија во секој поглед.
Од друга страна, Англија или Франција да не прикажеа подобар фудбал во финалево против една ваква машинерија?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Ај да пишам и јас нешто, цело време ги одбегнував дискусииве за ЕП....

Едно од најслабите првенства кои сум ги гледал, каде и една Шпанија без напаѓач успеа да освои титула. Прво, фудбал без напаѓач не е фудбал, се надевам дека гледа некој од горе и ова шпанциве долго ќе плаќаат за оваа натигодајмиго фудбал, досаден како клип на Марјан...

Првенство во кое немаше ни еден класа напаѓач кој ќе се одвојува од другите, или двајца класа напаѓачи. Најдобар стрелец со 3 гола, пу...

Настрана сите натпревари, финалево очекував да биде поинтересно само заради првиот натпревар на Италија со Шпанија каде што ме изненадија италјаниве, али две грешки ја решија утакмицата уште на почетокот. Италија ни во сон не очекував дека ќе стигне до кај што стигна, и браво за нив, дадоа 102%, но за жал немаа ни они играч кој што ќе може да повлече топка. Бонучи(или Прандели) како да не знае дека Шпанија играат на работ на офсајд при додавањата напред, и не се позиционираше добро за вториот гол, односно не беше во линија со оној кој го „бркаше“ Алба. Киелини виновен за првиот гол, го претрча спор играч, браво... Плус имаше уште една грешка кога им направи шанса на шпанците.

Ако ги критикувам шпанциве за игра без напаѓач, не се ништо поарни и италијаниве со Бало и Касано во напад, ко да не му чукнува во главата дека и двајцата не се гол играчи, и дека и двајцата се доста покорисни по крилните позиции. Не знам како не заклучи дека Маџо е подобар од Абате, и дека Маџо требаше да игра место Џакерини во оние први експерименти...

Судијата беше добар до моментот кога не досуди пенал за Шпанија, а после мислам дека комензираше со тоа што не досуди за Италија.

Французине поим немаа, Англичаните стандард за никаде, Германците уште еднаш докажаа дека фудбалот е игра во која одамна не победиле т.е. нивниот лузерски карактер дали искажан преку Баерн или Германската репрезентација сеедно...

Силен Јуве, силна Италија :D :icon_mrgr: :icon_lol:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
fantomX е еден од оние експерти кои после завршување на натпревар све знаат;)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Која е користа на ова ? Разбирам да беше Македонија на ова место па да бидеш сведок,вака не разбирам.На внук ти ќе му кажуеш како дур Шпанија бранела европско првенство,харалампие лапал пари ко алва ? Ти ебам тоа капитализмот,навивајте за наши тимови бе гнаси !
Ја гледав утакмицата бот како и да е сведок сум без разлика дали ке им кажувам на внуците,што има ова врска со навивање за странски тимови само кажав еден факт што го обележи европсково,btw не бев за Шпанија.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
Браво,сеа најпаметен испадна,ептен лесно е вака кога по дебакл на Италија ќе мудруваш како Италија се обидела да ја копира Шпанија... што не го збореше ова пред овој дуел?или тогаш имаа резултати,никој не ни предвидуваа дека ќе стигне до финале,првата утакмица против Шпанија кога Италија играше исто така,шо не збореше тогаш така?или тогаш не ти одговараше а?и Италија ако игра офанзивно значи мора да ги копираат Шпанија?
еве и дечкото знае каков експерт е fantomX, браво друже со болдираното убаво му кажа.
Јас од почеток ги пратам сите теми кои се поврзани со Европското, дури и фан клубовите, а дури сега дознав дека Шпанија имала фан кој има акаунт на кајгана под никот fantomX ;)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.945
Одличен Highlights од британската ITV
http://video.yandex.ru/users/freekicker17/view/74

Инаку добро финале, доминација на Шпанците. Некако ме потсетуваше на финалето Барца - Ман. Утд
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Која е користа на ова ? Разбирам да беше Македонија на ова место па да бидеш сведок,вака не разбирам.На внук ти ќе му кажуеш како дур Шпанија бранела европско првенство,харалампие лапал пари ко алва ? Ти ебам тоа капитализмот,навивајте за наши тимови бе гнаси !
A ако тепа Македонија кој че ги лапа парите. Пак Харалампие, така да брат исти курац различно пакување...:D
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Зошто Балотели плачеше на крајот од мечот? Поштарот не плаче ако не ги постави сите писма навреме!!!!
Е*ате циганот пред секоја утакмица се дига, а од цело ЕП само во полуфиналето изигра нешто, жив го немаше инаку.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Заслужена победа на Шпанија, дефинитивно.
Денеска и свирежите од навивачите беа непотребни, бидејќи не беше онаа досадна тика-така игра, туку активно правење на акции. Целата вина за поразот лежи во очајната одбрана на Италијаните, што е иронично нели, бидејќи Италија секогаш важела за земјата со најдобри дефанзивци.

Балотели...шта речи. :) Барем да се трудеше низ утакмицата, да речеме како Касано - кој пројде играчи, дриблаше, па да се лути. Вака се прави курназ, а не го бива за кур. :)
Се гледа дека на Италијаниве им фалат гол играчи како Дел Пиеро и Инзаги, бидејќи тие топки што ги пуштаа Пирло и Монтоливо беа одлични, само беа трошени на паѓачкиот Балотели.

Е сега, бидејќи Шпанија е доминантна, јас мислам уште повеќе свирежи (заслужени или незаслужени) ќе добијат на светското. Ама, гајле им е!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Честитки за Шпанија и нејзините фанови тука :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
И јас да им честитам на фановите на Шпанија, нека уживаат во овие моменти и нека се среќни што начекаа да ниваат за најдобрата генерација која некогаш испаднала од Шпанија, па и една од подобрите во историјата на фудбалот .. уживајте ова се ваши моменти ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom