М
Мартин`
Гостин
И тема за финалниот натпревар на Европското првенство 2012 каде што се среќаваат репрезентациите на Шпанија и Италија, актуелниот Европски и Светски шампион против репрезентацијата на Италија која можеби малку неочекувано но сепак заслужено стигна до финалето на ова Европско првенство.
Сосема очекувано еден од фаворитите за освојување на ова Европско првенство покрај Германија заслужено се најде во финалето на истото. Шпанија е репрезентација која како што кажав погоре а актуелен светски и европски шампион, репрезентација претежно составена од играчи на најдобрите светски а и Шпански тимови Барселона и Реал Мадрид.. репрезентација буквално “жедна“ за освојување на нови златни медали која константно бележи значителни успеси на интернационална сцена.
Можеби и најстабилната екипа до досегашниот тек на натреварите, се чини лесно претрча набрзина во групната фаза совладувајки ја Хрватска и Ирска и играјки нерешени со сегашниот противник во финалето - Италија. Сепак малку можеби и бевме изненадени зошто Шпанија под водство на Дел Боске игра малку поинаква игра за разлика од онаа цело време напаѓачка формација, огромен дел од првенството го изиграа со само 1 класичен напаѓач и концентрирајки се на држење на средината со повеќе играчи од средниот ред. Сепак како што реков играат доста стабилно и внимаваат многу повеќе во одбраната (за разлика од Германија на пример), во 1/4 финалето рутински ја поминаа Франција за во 1/2 финалето да се сретнат со Португалија каде што нијанси беа во прашање сепак по пенал рулетот испаднаа како поуспешна репрезентација од дуелот.
Како што напишав и во воведниот дел, Италија е можеби репрезентацијата која изненади позитивно на оваа првенство и ретко кој (освен ние фановите) веруваше дека може да стигне до финалето. На ова првенство под водство на Прандели гледаме една нова сосема друга Италија за разлика од мислењето и играта во минатото каде што беа поим за катанаџо, бранење на натпреварот и добивање на претежно на одбрана.. сега гледаме сосема нова Италија која делува доста офанзивно, ја контролира средината на теренот.. создава доста шанси и повторно е доста стабилна во одбрана со еден збор перфекција ако ме прашувате мене и од натпревар во натпревар делуваат се посамоуверено и подобро воиграно. Очекувам “шлагот на тортата“ да биде во финалето каде што ќе играат уште подобро од предходно ..
Имаа одличен старт во групната фаза играјки нерешено со Шпанија 1:1 и притоа имајки доста солидни 100% шанси каде што и лесно можеа да ги однесат сите 3 бода на натпреварот, исто и со Хрватска играа стабилно но не толку како сега.. една грешка на одбраната ги чинеше неизвесност во последниот натпревар каде што рутински ја победија Ирска со 2-0 а и Шпанија изигра во “нивна корист“ па заедно продолжија понатаму а еве сега се сретнуваат и во финалето. Во 1/4 финалето гледавме сосема друга Италија и конечно Италија од која секој тим би се плашел, комплетна доминација против Англија со безброј шанси и огромен посед на топката сепак натпреварот заврши 0-0 а во пенал рулетот подобри заслужено беа Италијанците... 1/2 финалниот натпревар влегоа како аутсајдери против големата Германија која што никогаш во историјата на службен официјален натпревар не ги победила, и останаа верни на традицијата каде што останаа непоразени па дури и ја однесоа победата со 2-1. Премногу добра поставеност на играта (секоја чест за мистер Прандели) каде што буквално Германија беше ставена во бледа сенка.. можеби изненадување за повеќето но за мене не, Италија докажа дека е една од најсериозните репрезентации за освојување на ова Европско.
Значи тоа е тоа накратко околку анализата на патот до финалето за двете репрезентации, морам да признаам дека очекувам и знам дека ова ќе биде најтешкиот натпревар а се надевам и најубавиот на ова првенство. Шпанија е повторно благ фаворит (па дури и според кладилниците) но сепак картите се отворени и се е можно, јас навивачки нормално се надевам дека Италија ќе биде новиот шампион и Прандели ќе успее да го надмудри помалку чудниот барем за мене Дел Боске.
Иако мислам дека Италија ќе биде новиот шампион сепак не мислам дека ќе успее тоа да го стори во регуларниот дел, очекувам уште во првото полувреме некоја од репрезентациите да поведе а во второто полувреме другата репрезентација да израмни и да има конечен резултат 1-1. Нормално потоа очекувам победа на Италија во продолжението иако не би ми сметало и да згрешам со предпоставката и Италија уште во регуларното време да победи.. сепак се е можно како што реков дуел на две искусни репрезентации и само нијанси ќе одлучуваат.
За да разбијам малер да си го ставам среќното (навивачко) видео уште во почетниот пост..
Па повелете гласајте, искажете го своето мислење и нека победи подобриот