Гејски закани-ќе ја палат црквата на Царкњас

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
:гомце: Златна зора :гомце: се закани дека ќе ја запали црквата на Царкњас

325453.gif
325453.gif


crkvagrcija.jpg


Националистите од екстремно десничарската партија Златна зора се заканиле дека ќе ја запалат македонската црква во Грција во која служи отец Никодим Царкњас. Партијата чии членови станаа познати по делење шлаканици во телевизиска емисија, смртни закани за грчките новинари и прогон на мигрантите, на предизборен собир во селото Баово, или на грчки јазик Промахи, во Воденско, се фалела пред своите симпатизери дека ќе гори црквата „Св. Злата Мегленска“ на Царкњас во Сботско. Отецот за заканите слушнал од мештаните.

- Екстремистите се заканија дека ќе ја изгорат црквата. Народот од селата реагираше. Случајот го пријавив во полиција, така што заканите од Златна зора се евидентирани - ни изјави вчера Царкњас. На собирот бил и полицаец од локалната полициска станица кој кажал дека не ги слушнал заканите од Златна зора.:гомце:
Царкњас вели дека последниот изборен резултат не е поволен за македонското прашање, но сепак е добро што неколкумина пратеници што се дел од новиот парламентарен состав, а кои доаѓаат од Леринско и од Kостурско, имале поблаги ставови.

- Изборите беа само маска за да се излаже Европа - коментира Царкњас. (y)

Архимандритот во 2008 година во неколку наврати беше нападнат од групи малолетници кои ја каменуваа неговата куќа. По каменувањата тој отишол во гимназијата каде што учеле малолетниците. Бил дочекан од 600 деца кои по него викале, а професорите од училиштето го навредувале и барале да се врати во Македонија. Една година подоцна македонскиот отец беше осуден на шест месеци затвор бидејќи наводно пред седум години удрил дете што пеело националистичка песна. Царкњас негираше дека го удрил детето и тврдеше дека бил жртва на грчката националистичка политика кон Македонците. За да не оди во затвор плати 1.800 евра.

Што се однесува до подемот на Златна зора на последните избори, Царкњас вели дека нивното присуство било повеќе во градовите отколку во селата. Kрајно десничарската партија преку соопштение се закани дека нивното движење ќе прекине многу идеи на соседите.:eek:

„Ако не се најде некој да ги прекине, наскоро ќе ја рекламираат и Беаз Kуле! За среќа, секогаш лошо ги снаоѓаше со Златна зора, какви било обиди за пропаганда и да правеа во рамките на Грција, а од утре ќе им се прекинат многу идеи со силното националистичко движење во парламентот“, пишуваше во соопштението од Златна зора. Дваесетина активисти на оваа партија пред три години насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина што ја организира партијата на Македонците во Грција - Виножито.

http://mkrevolucija.com/dijaspora/4028-zlatna-zora-ke-ja-zapali-crkvata-na-carknjas
 
Толку од православието на Атињаните. После турците биле лоши.
Нова зора би требало да се нафати на некој подобар бизнис. Пример палење на влада, масажа на германски спонзори.
 
Никој нема ништо да пали а што е Македонско во Гција,баталете ги националистите,јас сум повеќе загрижен за тука.
 
Толку од православието на Атињаните. После турците биле лоши.
Нова зора би требало да се нафати на некој подобар бизнис. Пример палење на влада, масажа на германски спонзори.

И бричење на стапови
 
Нели грциве важеа за многу големи верници бе ? ц ц ц ц бетер од муслимани се :facepalm:
 
Не се интересни веќе со заканите. Сите околу нас ни се закануваат со нешто, да се исполнеа сите закани досега Македонија ќе беше срамнета до земја...
 
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)
 
Не се интересни веќе со заканите. Сите околу нас ни се закануваат со нешто, да се исполнеа сите закани досега Македонија ќе беше срамнета до земја...

Единствена причина поради која никој не не чепка е САД и НАТО-не можеш денес да нападнеш и да освојуваш без дозвола од САД и НАТО и тоа им е јасно на Соседиве,инаку Бугарија како најнезадоволна од Букурешт(најмалку доби територија),влезе и во Прва и во втора светска војна Само за...Македонија,па милошевиќ Сакаше да не дели со Грција ама и тоа па не им одеше во прилог на грците бидејќи би ја замешало и Турција во Југословенската разврска.
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 16:35 ---
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)


Ако за тебе угнетување,закани и терор е штитење национални интереси тогаш се прашувам најискрено дали си видлив со голо око или ќе ми треба Лупа?
 
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)
Да беа сега ќе беа на германија а не у банкрот :facepalm:
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 20:37 ---
Грција - Куче што лае а не гризе :tapp:
 
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)
Силни и моќни тепаат жени :) (n)
 
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)
за мене тоа се културни богатства. Зашто бре нова зора не ги руши тие ваши антички гратчиња? пошо им било сеедно дали се цркви или џамии?
пошо античките грци не биле христијани
 
Кога е во прашање националните интереси на Грција тогаш не е битно ниту црква ниту џамија..:tapp:
Алал да им е на грците,навистина се силни моќни и паметни..(y)

:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom