Што мобилен имаш? Ако имаш андроид телефон можеш да најдеш во Settings > Tethering and Hotspot... Ако имаш WP7 исто во Setting имаше една опција со слично име... Ако имаш друг телефон кажи ми го моделот па да ти кажам...
Што телефонче е? Според ова што го кажа можам да заклучам дека е СЕ... Земи ја само картицата и стави ја во кард ридер па види дали ќе ти ги прикажува фајловите... Ако е СЕ тогаш имаш повеќе опции кога ќе го поврзеш Mass Storage, PC suite и уште 2... Сепак кажи ми го телефонот за да можам да ти помогнам...
Телефонот е Sony Ericsson Zylo (w20i).
Мемориската картичка ми ја препознава телефонот, дури ми покажува уште колку имам преостанато меморија, и можам да ставам фајлови во неа. Финтата е во тоа што :
Кога праќам нешто од друг телефон ми вика Memory full, или како што е на сликата... ја отвора мемориската само што не ги покажува основните фолдери : Music, Themes, Pictures, Games etc. И морам да праам друг фолдер кај што ќе ставам фајл. Ме сфаќаш што сакам да кажам?