Пуштен во употреба „Паркот на езерцата“ во Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за градоначалникот на аеродром за тоа како го средува тој дел од општината,ама заборави други населби освен Јане Сандански,а воглавном со нивни гласови тепаше на изборите.Исто се дешава со сите политичари,ке освојат гласови од внатрешноста на државата и после вложувај ги парите на сите во центарот на градот..
 
PurplePuma
Не сум бил во општината ама сум поминал покрај неа, не велам дека не е убаво, камо среќа секоја општина да е така средена во државава.

@CiTro Не се прави на тошо кога знаеш и самиот дека сите градоначалници на дпмне добиваат ветер во грб за на наредни избори ја задржат позицијата. Си прочитал весници/политиколози/колумни/дебати каде успешноста на парламентарите се базира на општинската власт?

Па неможе од толкав број на градоначалници само неколку да се успешни а останативе неспособни! Плус сите се настрвени на Скопје поради големиот број на гласачи. Сигурно нема да се истурат пари за Брвеница/Јегуновце каде нема повеќе од 15000 гласачи, а се Македонски општини!
 
Си работат градоначалниците, тоа е за пофалба. Кога би се кандидирале Заев и Коневски за градончалници на Кисела Вода јас би ги гласал нив а не бишката Ѓорчев, племето негово хоштаплерско.


d3faf528-506d-46cf-a7a3-c4c851018976.jpg
:pos:
 
Што има врска темава со се што е изградено во Скопје? Паркот е во Општина Аеродром и е изграден целосно од општинскиот буџет.
Можда ќе сум офтопик према езерцата, фонтаните и шминкерајот.
Сигурно е и до човекот градоначалник, но некои општини се од бога заборавени...а некои како Аеродром, Карпош и Центар се и од државата дарувани. Некои информации за средствата за регионален развој за 2010 во Скопје 53% од вк. средства (900 мил. евра), Скопските 84% се наменети за општините Центар 300 милиони, Карпош 67 и Аеродром 34.6 милиони евра. Има и други извори на средства. На пример спортските клубови од Скопје и МЗТ и спонзорирањето од државните фирми
Или Денес беше поставен камен – темелник за изградба на комплекс од седум станбени згради во Реонскиот центар „Аеродром“. Инвеститор е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП)

Инаку градоначалникот е бивш директор на ЈПССДП
Нормално дека со вака насочени средства и изградба на инфраструктура секој ќе посака да инвестира во тие 3-4 општини, а не во Тетово, Чаир...Добар дел од Цветан Димов нема ниту тротоари асално. За инфраструктура скоро се е како што било од времето на СРМ. Не ми треба цело езерце, само нормален сообраќај, осветление, патеки...
 

Сигурно на листот му се остварените проекти во цел мандат (или двата заедно)... Ситно е, не можам да прочитам ама сигурно пишува колку прасиња и волови беа заклани и колку ракија се испи во Драчево. :)
pig1.JPG
 
Сите што сте тука треба да се запрашате колку и вие правите како населбии маала во вашите градови за да ви биде поубава средината на живеење.
 
Можда ќе сум офтопик према езерцата, фонтаните и шминкерајот.
Сигурно е и до човекот градоначалник, но некои општини се од бога заборавени...а некои како Аеродром, Карпош и Центар се и од државата дарувани. Некои информации од средствата за регионален развој за 2010 во Скопје 53% од вк. средства (900 мил. евра), Скопските 84% се наменети за општините Центар 300 милиони, Карпош 67 и Аеродром 34.6 милиони евра. Има и други извори на средства. На пример спортските клубови од Скопје и МЗТ и спонзорирањето од државните фирми
Или Денес беше поставен камен – темелник за изградба на комплекс од седум станбени згради во Реонскиот центар „Аеродром“. Инвеститор е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП)

Инаку градоначалникот е бивш директор на ЈПССДП
Нормално дека со вакво форсирање на средства и изградба на инфраструктура секој ќе посака да инвестира во тие 3-4 општини, а не во Тетово, Чаир...Добар дел од Цветан Димов нема ниту тротоари асално. За инфраструктура скоро се е како што било од времето на СРМ. За тоа време во Аеродром, Центар...
Апсолутно, инфраструктурните проекти низ Скопје + СК 2014 се поддржани (поточно целосно изградени) од државен буџет. Муабетот беше за шминкерајот. Доколку има способен градоначалник секоја општина ќе може да си го дозволи. Аеродром, Центар (овде без СК 2014 и не е многу направено) и Карпош се привилегирани затоа што имаат градоначалници кои можат да направат проекти. Ете ја и Кисела Вода со вмровски градоначалник, па не е ама баш ништо направено. Дури и сосила му градат по некој булевар. А Карпош (според податоков погоре) во 2010 успеал да извлече 67 милиони евра од буџет. Сигурен сум дека Ставревски порадо би му ги доделил тие пари на Ѓорчев, отколку на Стевчо.
 
Сите што сте тука треба да се запрашате колку и вие правите како населбии маала во вашите градови за да ви биде поубава средината на живеење.
Да ги асфалтираме улиците и да правиме булевари, не можеме. Да влијаеме од 80-те, 90-тите наваму Македонија да вложува во северниот дел од Скопје (ако збориме само за Скопје, инаку и други градови и региони), исто не можеме. Чаре како граѓани не гледам.
Ете и на се помалиот регионален развоен буџет не можеме да влијаеме.
 
За тие што мислат дека општина Аеродром толку се разви пошто се од владејачката партија, само да ве потсетам дека претходниот градоначалник исто беше од редовите на ВМРО ама сега е во затвор пошто наместо да градеше, он крадеше. Т.е., за време на неговиот мандат освен црквата до поликлиниката "Јане Сандански" не изгради ништо друго. Коневски за 3 години изгради повеќе отколку сите градоначалници претходно за 18 години.
 
Ептен сум вон темата за езеро Аеродром ама...
Владата на Република Македонија ќе се залага за унапредување на развојот на сите региони во земјата. Рамномерниот регионален развој треба да помогне во создавањето на еднакви можности во разните региони во Македонија со цел истите да можат да се интегрираат во економијата, подобрувајќи ја на тој начин нивната инфраструктура. Во наредниот четиригодишен период главни стратешки цели и приоритети на Владата на овој план се:
 
Да ги асфалтираме улиците и да правиме булевари, не можеме. Да влијаеме од 80-те, 90-тите наваму Македонија да вложува во северниот дел од Скопје (ако збориме само за Скопје, инаку и други градови и региони), исто не можеме. Чаре како граѓани не гледам.
Ете и на се помалиот регионален развоен буџет не можеме да влијаеме.

Аердром ќе го земам за пример бидејќи живеам тука а и го зимате вие цело време во иста група со Центар и Карпош.

Во Аеродром се градеа по 2 работи на 4 години едно 12 години.Кога беше под Кисела Вода ништо не се изгради,кога беше под СДСМ ништо.кога беше под ВМРО ништо ( освен последниве 4 ) а повеќе средства се влеваа во општинска каса отколку највеќето градови во Македонија.

Али верувајте многу е важно како ќе си го средите просторот каде што живеете.На пример јас кај што живеам во кулите во Ново Лисиче Општината 1 денар нема фрлено али се е средено комплетно,

Зградите имаат доволно пари и да си изградат игралиште за фудбал и сега и ќе купуваат противпожарна опрема за итни случаеви.

А нема ни еден богат да го финансира тоа.Порано секој стан си плаќаше секој месец по 100-200 денари кој не сакаше да плати требаше да земе и да сработи некоја работа за зградата.После се изгради мала црквичка меѓу зградите и прекинаа да се собираат пари од станарите туку се користеа парите оставени во црквата.После и сите мобилни оператори ставија предаватели и сега дури и има пари за црни денови што се оставаат на страна.Расипан лифт повеќе од 24 часа немало долго време.Од градоначачниците имаме само добиено да ни ја прекинат водата дека сме трошеле многу и ништо друго.

Истата ситуација 3 кули на повеќе места во Аеродром беда и мизерија,детските игралишта што биле изградени се демолирани трева нараснала ѓубре на сите страни,нема воопшто ни продавници ни ништо на приземје како пустелија.

Општината пак никогаш не го реши проблемот со паркирање ( единствениот кој што они само може да го средат ).Вие гледајте средете ги местата на живеење ако дошло само до улици и тротоари немаше пола населени места да изгеледаат како зона на самракот.
 
Не ги обожавам новиве вмровци и сдцмовци,ама човеков навистина вреди.Бев пред некој ден,беше пуштен еден дел од паркот.Уште тогаш беше супер.(y)А и реално општинава супер си работи.Како само го направија бул.Србија.Одлично.Се гледа кога некој работи.

А за нашиов немам зборови.Ѓорчев си е типично простичок.Но мислам дека и не треба да се лутиме што не ни е направено ништо.Кога се враќам од работа поминувам покрај општината Кисела Вода и што да видам.Тие советници или што се абе 90% над 100 кила.И мажи и жени:sick:.Епа луѓе мора да се јадат волови.За толкави луѓе во врвот на општината не помогаат хамбургери од 70-80 денари. :)

П.С Интересно е што пред некој ден гледав на реклама
на тв дека трим патеката што оди од бул.Србија до стара Рампа била цела комплет реновирана:tapp::pos:

Не само што не е комплет реновирана,туку само еден мал дел од некој си 300 метри.На тие 300 метри минатата година ставија плочки и одтогаш патот пропаѓа на секој 1 месец.10 пати го преправаа и пак си е пропаднат.:cuc:

Инаку колку за информација патеката си беше направена во времето на Џорџе Арсов,ама ете Ѓорчев си ја присвои.:cuc::icon_lol:

И за крај ако може едно прашање.Луѓе дали може некој да ми даде одговор дали ќе биде конечно потрупана улицата Првомајска од бивши рено салон до стара рампа во наредниве 10 години или не.

Уште ли ќе си копкате градоначалнику.

И те молам доколку ова дојде то тебе да имаш барем малку смисла кон животните.Пред некој месец беше ставил рипки во фонтаната која се наоѓа до О.У Невена Г.Дуња.

Мислам дека ова е крајно идиотски и нехумано.Бев случајно застанал малку и ми се слоши.

Инаку,предлагам да се направи една посебна тема за граданочалников.И онака кога веќе ништо не прави,барем да се насмееме малку.:)
 
Тоа е лошо, што толкава црква уште не е завршена, а се прават нови. Покрај таа кај Јане, има и во Ново Лисиче, кај детската улица. Има и едно мало црквиче од трите кули во НЛ.

Без разлика дали се донации или од општината пари, нема потреба на толкав простор толку цркви, можеле една да наменат за Реонскиот центар, ова е како пример. Еве во Населбата Лисиче нема црква, а таму ќе има 3.
Во изградба е на оваа локација. Не многу голема, нешто налик на онаа до паркот Јане Сандански. Оваа во Горно Лисиче е дури со базен и огромен преубав двор.
Ти со сигурност можеш да потврдиш дека општина Аеродром нема добиено никаква државна помош?

Ајде ќе дискутираме, форумов за тоа е :)
Има добиено де... За улици. Надлежност на градот си е тоа, не на општината. Т.е. да беше на општината ќе беа до сега ко по писта да одиш, ама ништо.
На крај краева и да добила општината државни пари, ете ти, само отвори им ја страната и види што се е направено досега. Неможеш само да ги разлисташ страните од што има толку многу, а никаде не се спомнуваат милионски суми. И да лапне нешто Коневски (а лапнал гарант), баш ми е гајле. Битно се што е поставено до сега е на место (освен црквите).
Браво за градоначалникот на аеродром за тоа како го средува тој дел од општината,ама заборави други населби освен Јане Сандански,а воглавном со нивни гласови тепаше на изборите.Исто се дешава со сите политичари,ке освојат гласови од внатрешноста на државата и после вложувај ги парите на сите во центарот на градот..
Цело Лисиче е раскопано. Ново Лисиче го направи со кеф да поминуваш (па и паркинзите шуќур ги среди). Во 13ти Ноември црквиче гледам некое никнува на празниот простор кај семафорите. Острово и Мичурин баш и немаат место што да се средува, ма да фонтаните што ги направија на семафорите сега под некоја од тие населби најверојатно спаѓа. Низ скоро цел Аеродром се чистат зелените површини и улиците од ѓубре, трева неокосена скоро и неможеш да најдеш... Малку е?
За тие што мислат дека општина Аеродром толку се разви пошто се од владејачката партија, само да ве потсетам дека претходниот градоначалник исто беше од редовите на ВМРО ама сега е во затвор пошто наместо да градеше, он крадеше. Т.е., за време на неговиот мандат освен црквата до поликлиниката "Јане Сандански" не изгради ништо друго. Коневски за 3 години изгради повеќе отколку сите градоначалници претходно за 18 години.
Не ја изгради тој црквата. Само ја почна :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom