Еве што гледаме на македонските телевизии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
За прв пат имам при рака вакви податоци (од ДЗС) и баш ми беше интересно (но не и изненаден) , еве каква програма ни нудат македонските телевизии ( државната јавна телевизија , националните медиуми , регионални и локални)

Ова важи за 2011та

129 831 часа - Играна програма

78 119 часа - Музичка програма

66 882 часа - Забавна

43 265 часа - Реклами

25 646 часа - Вести

25 579 часа - Документарни

16 488 часа - Образовно-научна

14 547 часа - Спортска


Интересно е што Локалните медиуми даваат 10 пати повише документарци , 4 пати повише образовно-научна програма него ли телевизиите кои емитуваат на државно ниво (Сител , Канал5 , Телма , Алсат ... 12 треба да бидат , не знам кој се другите)

Еве што ни прикажувале во текот на 2011та овие од државното ниво (од Сител до Алсат , вкупно 12 тв)

29 222 часа - Играна програма (ваљда сериските)

22 047 часа - Забавна

9 079 - Музичка

7 607 - Реклами

4 911 - Вести

3 494 - Спортска

2 483 - Образовно-научна

1 963 - Документарна

990 - Култура , уметност , хуманитарни науки

325 часа - За физичка култура и рекреација


Кое е вашето мислење , колку ви се допаѓа ова програма што ни ја нудат овие телевизии кои емитуваат на државно ниво (12) , регионално (10) , локално (43 телевизии).

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=94
 
Кај ги наоѓаат 2 483 часа образовно - научна жити се, освен ако во тоа не ги вбројуваат пропагандите на МТВ
 
Многу ме интересира дали може негде да се најде што пријавуваат Сител и Канал 5 како образовна програма?
 
Не за џабе го извадив телевизорот од мојата соба, единствено за Калчо и вака првенства, репрезентативни натпревари.. друго ништо буквално ништо не гледам ТВ во последно време зошто се е тиња.. и поарно ми е вака (y)
 
Кај ги наоѓаат 2 483 часа образовно - научна жити се, освен ако во тоа не ги вбројуваат пропагандите на МТВ

Индиските серии се многу поучни бе... Учиш самоконтрола. Ако не искршиш нешто додека ги гледаш, значи си на прав пат!(y)
 
Мене лично ми пречат сериите (турски, индиски, итн.) и вестите имам впечаток дека премногу ги има и секако на ударни времиња. Е сега не знам дали има правила колку треба да пренесуваат од секоја категорија но јасно е дека приватните телевизии се финансираат од реклами и со тоа пуштаат тоа што луѓето го бараат (серии, вести, итн.).

Јавната телевизија тука има повеќе одговорност поред мене, зема државни и јавни пари и треба повеќе да има образовна програма, документарци, итн. Мој печаток е дека МТВ моментално е подобрена за разлика од пред некоја година но не е сепак на тоа поранешно ниво.
 
Кај ги наоѓаат 2 483 часа образовно - научна жити се, освен ако во тоа не ги вбројуваат пропагандите на МТВ

12 (тв) х 365 (дена) = 4380

2483 х 60 = 148 980

148 980 / 4380 = 34

Просечно 34 минути на ден секоја телевизија давала образовна програма.

120 минути музика

Сега не знам дали овие податоци се од некој мониторинг или пак така како што пријавиле самите медиуми.

Мислам дека бројките можат да бидат полоши.
 
За прв пат имам при рака вакви податоци (од ДЗС) и баш ми беше интересно (но не и изненаден) , еве каква програма ни нудат македонските телевизии ( државната јавна телевизија , националните медиуми , регионални и локални)

Ова важи за 2011та

129 831 часа - Играна програма

78 119 часа - Музичка програма

66 882 часа - Забавна

43 265 часа - Реклами

25 646 часа - Вести

25 579 часа - Документарни

16 488 часа - Образовно-научна

14 547 часа - Спортска.

43 265 часа реклами!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Некој се заебава?
Збирот на сите ставки е 374711 часови (ако не сум згрешил негде)
43 265 е 11.55% или 6.93 минути реклами по час.... ???????????????????????????

некој некого ебе у мозок... па телевизиите нон-стоп се реклами со повремени прекини со друга содржина....

...во тие 43 265 часа дали се пресметани и рекламите кои одат како телопи...
 
Јас не се памтат кога на Шител последен пат давале документарна или научна програма.

Страшно ги мразам зашто програмата им е
СЕРИЈА-СЕРИЈА-СЕРИЈА-ВЕСТИ-СЕРИЈА-СЕРИЈА-СЕРИЈА-ВЕСТИ.
Поглупа телевизија АМИН. А веројатно научно-образовна ги сметаат емисиите на Миленко, Ефтов и слично па оттаму и тие часови...
 
43 265 часа реклами!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Некој се заебава?
Збирот на сите ставки е 374711 часови (ако не сум згрешил негде)
43 265 е 11.55% или 6.93 минути реклами по час.... ???????????????????????????

некој некого ебе у мозок... па телевизиите нон-стоп се реклами со повремени прекини со друга содржина....

...во тие 43 265 часа дали се пресметани и рекламите кои одат како телопи...

Просек креваат локалните медиуми , си видел ли какви реклами имаат ?
Не само што му ја снимаат продавницата , туку и газдата во канцеларија како зборува на телефон , а потоа се качува у џипот и заминува на службен пат. Како видео спотови им се рекламите.
Разбираш , 1 минута реклама за некоја пиљара во село.

Иначе националните тв-а , просечно рекламираат 104 минути на ден. (5 минути пред да започне серискиот , 10 минути играјќи и пет откако ќе заврши).
 
tumblr_lnwltqhA7R1qzj7lm.png

Абе уште телевизија се гледа :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Сериозна да бидам сега, не сум видела документарен филм на ниедна телевизија освен еднаш на Канал 5 за Дражен и на Наша ТВ еднаш и на МТВ (нив ги тргам на страна). И музика нема веќе. Сериозно луѓе одамна немам видено МУЗИКА на македонскиве телевизии, порано имаше топ листи, смејте се колку сакате ама имаше МС-СМС, имаше песни... сега нема ништо... МРТВИЛО. Буквално МРТВИЛО...

Серии кои ми удираат во малиот мозок и на кои веќе сериозно сум алергична и вести. Само тоа има. Среќа што во спортот почна да ни оди, па со тоа може да се разонодуваме иначе мислам дека нема никогаш да уклучам телевизор.
 
Телевизорот стои во соба само поради „странскиве“ - амерички, српски, хрватски, британски и тако даље канали. Па не би си ја погазил честа (и ја како турците шо не си ја газат) па да се осмелам да пуштам некоја турска/индиска серија. А сеа онака реално, стварно не гледам ништо вредно во овие серии, ама баш ништо. Можеби и америчкиве немаат некоја голема идеја во себе но успеваат да ме задржат пред телевизор, исто како и ретро српските серии и се остало.
 
Просек креваат локалните медиуми , си видел ли какви реклами имаат ?
Не само што му ја снимаат продавницата , туку и газдата во канцеларија како зборува на телефон , а потоа се качува у џипот и заминува на службен пат. Како видео спотови им се рекламите.
Разбираш , 1 минута реклама за некоја пиљара во село.

Иначе националните тв-а , просечно рекламираат 104 минути на ден. (5 минути пред да започне серискиот , 10 минути играјќи и пет откако ќе заврши).
Кој просек бе...овој дадениов податок е испод секој просек.... минимум 20 минути реклами по час е сегдека.

Според некои правила низ светов па и кај нас, дозволени се 8 до 9 минути реклами по час... овие нашиве, според статистиката, го немаат исполнето ни дозволеното..:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom