Евро 2012 - група Ц (Шпанија и Италија во 1/4 финале)

Кои две репрезентации ќе продолжат во втора фаза?


  • Вкупно гласачи
    230

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
А како можеше Шпанија да игра поотворено ?
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 00:12 ---

Ма јок.....може така изгледа,али воопшто не сум разлутен.Па ни тажен.....реков после Турција,не може веќе ништо да ме чепне.
:D
Бар додека не се вмешате у борба за злато па се случи некој трол момент. :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Не знам како можеше, само знам дека не мораше. Тоа е битното. Кога нешто не се мора, истото не се прави.
Фората е што поотворено од ова денес Шпанија и да сака не може.Таа им е играта,држи ја топката и гледај пукнатина во одбранта.Тоа денес освен кај голот го немаше.
Шпанија имаше противник што перфектно ги дуплираше страните,што имаше 1 играч во секој момент закачен за Чави и стоперскио пар што секој можен пас во простор го пресече.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Фората е што поотворено од ова денес Шпанија и да сака не може.Таа им е играта,држи ја топката и гледај пукнатина во одбранта.Тоа денес освен кај голот го немаше.
Шпанија имаше противник што перфектно ги дуплираше страните,што имаше 1 играч во секој момент закачен за Чави и што стоперскиот пар секој можен пас во простор го пресече.
Па може и си во право, којзнае. Сепак тоа ќе се види на наредниот натпревар
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Криво ми за Хрватии.Да бесва толко добри у напад како у одбрану куде ке им беше крај.Држесва им се ептен и да су сакале да местив ни Хрватска не е л'сан противник.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
zasluzija hrvatite da odat ponatamu,no ne da ja isfrlat spanija tuku italija :)
 
М

Мартин`

Гостин
zasluzija hrvatite da odat ponatamu,no ne da ja isfrlat spanija tuku italija :)
Со што заслужи пак Италија да не отиде во 1/4 финале ? Можеби со тоа што прва поведе против Шпанија и имаше уште 2x 100% шанси (Балотели и Ди Натале) и што изигра сосема солидно во одбрана, исто и со Хрватска пак прва поведе а Хрватите со фаќање топка и рогање во шеснаесетник на Италија што им дадоа гол ? Плус победа над Ирска 2-0 сосема заслужено 1/4 се.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Како што пишав пред некој ден после мечот на Италија и Хрватска, жабарите можеби имаат комплекс од Хрватска и никогаш не ги победиле ама загубена битка не значи и загубена војна, нели? На СП 2002 година беа поразени од Хрватска со 2-1 ама хрватите беа тие кои ги спакуваа куферите за дома после групата. Истото се случи и сега, одиграа 1-1 во групата ама хрватите му имаат мерак фрлено на пакувањето за дома, носталгија ли е , што ли е незнам:pos:.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Фората е што поотворено од ова денес Шпанија и да сака не може.Таа им е играта,држи ја топката и гледај пукнатина во одбранта.Тоа денес освен кај голот го немаше.
Шпанија имаше противник што перфектно ги дуплираше страните,што имаше 1 играч во секој момент закачен за Чави и стоперскио пар што секој можен пас во простор го пресече.
Може, може, а дали ќе им се исплатеше тоа... незнам. Можат и поотворено да играат, а можат и поофанзивен состав да извадат. :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Штета што испадна Хрватска но Италија и Шпанија за нијанса беа подобри од нив.Која репрезентација да поминеше од овие 3 ќе беше заслужено и затоа до последното коло немаше ниту еден сигурен патник во 1/4 финале.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.625
Поени од реакции
22.650
Дефинитивно нема понапнати фанови од жабарите.. :rolleyes: И да сакаш во барем еден натпревар да навиваш за Италија, ти се одмилува од некои.. Ај, ваљда се само поединци, да не се сите исти.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Чекајте, демек Дел Боске ја реши утакмицата со ставањето на Навас !? Не ме зезајте, што промени Навас у играта на Шпанија !? Да не играа подобро откако влезе он !? И да не влезеше, ќе беше истата ситуација оти Хрватска отиде all in. А за голот, Иниеста беше најзаслужен, на послужавник му ја намести.

Се глупура малку Дел Боске, и самиот он го признава тоа. Цела Шпанија повторно го критикува како по првиот натпревар за чудната тактика и „срамежливиот“ пристап. Но реков, тешко дека ќе се глупира вака и против Англија/Франција.

п.с.



Касиљас имаше иста, ама буквално иста ваква одбрана баш против Динамо Загреб сезоанва. Јебига, судбина. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom