Евро 2012 - група Б (Германија и Португалија во 1/4 финале)

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Кои две репрезентации ќе одат во 1/4 финалето?

  • Германија

    Гласови: 102 87,2%
  • Холандија

    Гласови: 89 76,1%
  • Данска

    Гласови: 9 7,7%
  • Португалија

    Гласови: 24 20,5%

  • Вкупно гласачи
    117
  • Гласањето е завршено на .

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Ти ќе го земаш за репрезентацијата или за екипа?
Јас нема за никаде да го земам ама зборам за тоа дека неговата цена падна за минимум 10 милиони на ЕП. Јас иако не сум навивач на Холандија (признавам дека сакав да одат во 1/4 финале) очекував многу повеќе од него. Штом тој не ги исполнил моите очекувања можам да замислам како им е на навивачите на Холандија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Абе онака иронично/саркастично да прашам, играше ван Перси на мечов?
Па уште цена ќе набиваат Арсенал за расипана роба!!! Срамно беше ова што го видов од него на трите меча на Холандија на ЕП. Јас сум разочаран, максимално разочаран (со англиски нагласок), што би рекол Цацко:) .
Ептен им беше очаен средниот ред на Холандија за време на првенството, освен Снајдер кој мрдаше малку сите останати како Робен, Де Јонг, Ван Бомел, Афелај и Р.В.Д Варт беа статисти на мечевите.
Ван Перси треба да добива солидни топки за да може да постигне гол, тоа не се случи во текот на првенството.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Сеа за РвП се фативте? Од цел тим попара на низоземциве за напаѓачот се најдовте да барате одговорност. Со толку себичен робен, ниту еден шпиц неможе да постигне гол, освен сам ако не ја земе топката од назад.

Инаку не го продаваме, сами екипите испраќаат понуди... ама како што кажа @llumious некој добро ќе се опржи до кај 35 м фунти. Добар е Венгер со проценките на можноста и капацитетите на своите фудбалери. Факт е дека насри и фабрегас го заебаа!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Сеа за РвП се фативте? Од цел тим попара на низоземциве за напаѓачот се најдовте да барате одговорност. Со толку себичен робен, ниту еден шпиц неможе да постигне гол, освен сам ако не ја земе топката од назад.

Инаку не го продаваме, сами екипите испраќаат понуди... ама како што кажа @llumious некој добро ќе се опржи до кај 35 м фунти. Добар е Венгер со проценките на можноста и капацитетите на своите фудбалери. Факт е дека насри и фабрегас го заебаа!
Jaс се фатив за него затоа што од него највеќе очекував од холанѓаниве. Робен веќе доволно беше исплукан во текот на сезоната после се што направи па да фатев и јас да го плукам немаше да биде ништо ново. Снајдер, горе доле одигра на ниво, ван дер Варт не ни играше:) така да на ван Перси му го фатив пикот за неуспехот на ЕП. Премногу беше невидлив на првенствово во споредба со она што го прикажуваат дека е.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Глеам Португалија има 5-4 гол разлика, Данска 4-5. Ако меѓусебната им завршеше 2-2, а не 2-3, ќе имаа иста гол разлика, исто бодови и нерешено во меѓусебен. Како ќе одредеа кој ќе иде понатаму ? :D
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Глеам Португалија има 5-4 гол разлика, Данска 4-5. Ако меѓусебната им завршеше 2-2, а не 2-3, ќе имаа иста гол разлика, исто бодови и нерешено во меѓусебен. Како ќе одредеа кој ќе иде понатаму ? :D
Тој што котира повисоко на листата на УЕФА мислам :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Не ја трупајте темава со Меси-Роналдо компарација,се знае кој е најдобар :P...
Без шала,за тоа има време,до јануари треба да играт уште пола сезона,па тогаш ќе се виде кој ќе биде добитник....
Иначе заслужено Португалија иде понатаму....
Главен виновник за овој неуспех на Холандија е тренерот...
Дрво неделкано,играј со Шнајдер-Вандер Варт-Де Јонг средина....Со такви офанзивни фудбалери играше со 2ца Дм...глупак
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Јаки сте ми со муабетиве да играат и Снајдер и ВДВ заедно со Де Јонг. Видовте денес што се случи?
Ги убија во контри и шанси Португалците по Холандија. Не смееше да излезе со тој состав денес. Тренерот нивни излезе со ВДВ на местото на Ван Бомел да ги врши неговите задачи. Кога ги играше ВДВ и Снајдер заедно мораше да смени формација во 4-3-3 нешто налик Барселона која игра со 2 плејмејкера и еден деструктивец. Е сега доаѓа проблемот што Де Јонг не е деструктивец од типот на Бускец за да ги подржува Снајдер и ВДВ, тој зависи од уште еден партнер со дефанзивни карактеристики во тој среден ред. Тука падна во вода цела тактика на Холандија. Можеше да тера 4-2-3-1, но без Бомел пошто не е во никаква форма. Кога веќе даваше шанса на Вилемс и на други млади можеше да најде подобар партнер на Де Јонг. Како и да е главен виновник им е тренерот. Прелош пик на играчи. Сеа нека се сликат и нека му ја мислат за наредно светско.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Тоа да,но проблемот денеска беше што Шнајдер не играше средина туку крило,Робен крило,Хунтелар и Ван Перси двајцата играа 9ки ( и двајцата не знаеја кај терат) и затоа средината немаше кој да го покрие и да почнат да направат акции од средина...Де Јонг и Ван дер Варт беа самите на средина а напад имаше 4ца...
Одбраната пак:facepalm:
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Роналдо бил подобар од Меси затоа што дал два гола на Холандија:tapp:

Добра екипа има Португалија иначе, но се ми се чини дека ќе го јадат од Шпанија пак ако стигнат до полуфинале :)

Иначе незнам има ли некоја репрезентација, освоено две европски по ред и едно светско измеѓу. Ако ова го постигнат Шпанија мислам дека ќе може да се зборува за една од најквалитетните екипи на сите времиња :)
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.483
Поени од реакции
10.220
Ајде дома глупи холангани.
Овој Ван Марвијк и бјанконеро тинекс нек се убијат :)
 
M

Mario Gómez

Гостин
0 boda. :facepalm: Treti favoriti na prvenstvoto. anglija voda da im nosi.

Germanija sekako ja tepa Grcka... za ponatamu ke vidime. Iako imaat 9 boda u super teshka grupa ne sum bash zadovolen od poedinci. Sekako u finale gubat. :icon_lol:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Веќе видено оваа сезона како германска екипа проаѓа група на смрта како првопласирана и игра финале :icon_lol:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.901
Поени од реакции
6.978

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Некој плукаат по тактиката на Холандија со два ДМ во средина ( ВБомел и Де Јонг ) па момчиња неинтелегентни како Холандија стигна до финале пред не цели 2 години со која формација ? Со која формација се прошета низ групи како најефикасна репрезентација и со најдобра гол разлика ..

Едноставно јасно е како ден , В Перси најголемиот флоп на Европското , преоглеми очекувања имаа од него али едноставно се виде колкава класа е човекот. Се инзапромаши со Данска чисти 2 - 3 зицера за изедначување очи во очи со голманот, чист ѕицер со Германија очи во очи со Ноер на 0-0 резултат и тогаш успеа да промаши па некој ќе се дрзне и ќе напише не му создавале соиграчите шанси за гол , ма отворете ги очите на кратко не мижете. В Перси смешен беше европсково со една добра сезона позади него не се станува голем напаѓач, послем вакво смешно издание на европсково ( не дека и на светското беше нешто поарен ) се виде колку тоа е голем играч Перси. Хунтелар заслужуваше преднсот пред него ем им беше најдобар стрелец во квалификациониот циклус а и фантастична сезона позади него имаше, али Ван Марвик си е сам крив ваков дебакл Холандија не доживеала никогаш да запише 3 порази во групи едноставно срамота !

Послем изданијава сосема заслужено продолжија понатаму Германија и Португалија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom