Гробишта, црква и куќи на дното од езерото Глобочица

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.925
леле уште малку и цела Македонија ќе биде под вода како бајкалско езеро.А за што поради енергија(струја) и пак ни фалат енергетски ресурси значи џабе жртви ако ако Господ ќе ги наплатат;)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
По пет децении кај струшкото село Глобочица поставени темели за нова црква

Веднаш до самиот брег на Глобочичкото езеро, жителите на струшкото село Глобочица поставија темели за изградба на нова црква посветена на Пророкот Св. Илија. Во близната на ова место некогаш постоела црква, па мештаните како што велат со ова сакааат да ја продолжат традицијата на прославување и на селската слава Свети Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим. Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква остана под водите на езерото, а ние сакаме православната традиција да продолжи и да незгасне. Во септември 1964 се иселивме од ова место, остана само црквата во водата, мртвите ги откопавме и повторно ги закопавме во Струга. Црквата што беше потопена беше изградена во 14 -15 век, но ние сакаме да ја обновиме за нас и нашите поколенија. Без црква не се може, таа ги врзува и постарите и помладите", вели Сандре Попоски претседателот на Месната заедница и член на иницијативниот одбор. Жителите се надеваат дека многу брзо црквата ќе биде изградена и осветена. Селото Глобочица некогаш броело 500 жители со околу 90 куќи, денес нивниот број е далеку помал.

http://www.ohridon.com/m-vesti/6467.html

Еве и друга вест

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=73911&idg=4&idb=1090&rubrika=Revija
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
По пет децении кај струшкото село Глобочица поставени темели за нова црква

Веднаш до самиот брег на Глобочичкото езеро, жителите на струшкото село Глобочица поставија темели за изградба на нова црква посветена на Пророкот Св. Илија. Во близната на ова место некогаш постоела црква, па мештаните како што велат со ова сакааат да ја продолжат традицијата на прославување и на селската слава Свети Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим. Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква остана под водите на езерото, а ние сакаме православната традиција да продолжи и да незгасне. Во септември 1964 се иселивме од ова место, остана само црквата во водата, мртвите ги откопавме и повторно ги закопавме во Струга. Црквата што беше потопена беше изградена во 14 -15 век, но ние сакаме да ја обновиме за нас и нашите поколенија. Без црква не се може, таа ги врзува и постарите и помладите", вели Сандре Попоски претседателот на Месната заедница и член на иницијативниот одбор. Жителите се надеваат дека многу брзо црквата ќе биде изградена и осветена. Селото Глобочица некогаш броело 500 жители со околу 90 куќи, денес нивниот број е далеку помал.
Ми го зеде зборот.:)
Иначе да, "мистеријава" ја знам одамна.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Па вакви работи,дајте пишувајте,за нашето минато,
за Македонија(Знуње,го најде иста судбина,сосем слична)
ама и Горно Водно исто така,и многу други места за што ништо незнаеме.
А не тука ми отвараш теми за разни:Бибери,Гулабици и смрдливи шунди.
Додека има стари живи луѓе,да се прашаат за тоа минато и таа историја.
Не ми трчате само по плоштадон,и се сликате со магарињана и шмизлите.
Дајте некоја слика од „Ножот“-какво е тоа место сега да видиме.Па од
Кленоец или Буковиќ. Што не појдете во Пуста река,не е срамота,наша е.
..........ми се допаѓа + 100000000000000000000000000000000000000000
------------
за под водата на Велешко езеро,ќе се јави некој пообавестен да ќаже.
Пред земјотресот“63год,сум одел на тоа место,имаше мала рекичка и
воденица нешто под браната,сега не постои,а селото е нешто подоле
кон Вардар и скоро е невидливо,беа ниви точно.
Таткоми е од Здуње таму сега се наоѓа езерото козјак ,селото е потопено целосно ама црквата селските гробишта се дислоцирани погоре на ридот а куќите нормално си останаа под вода , за преместувањето на црквата и гробовите мислам дека се погрижија од ЕВН;)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
скоро и да нема вештачко езеро во Македонија каде нема потопено некое село,на тие луѓе им се иградени населби на пример во Битола позната е Стрежевска населба во Г.Оризари
 
С

Само Човек

Гостин
Езерото е вештачка акомулација за наводнување,на населението им било исплатено и слично да се одселат,некои од градбите се срушени а некои сеуште можат да се видат,прашај некој од постарите велешани ке ти кажат ;)
само ниви има
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
После 50 год вакви статии ќе пишуваат и за Козјак. Таму цело село отиде под вода. :)
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Исто така има и во охридско езеро стари куќи со куќни предмети во натре, порано тоа било село колку што знам и било потопено..интересно :)
ШТО БИЛО ПОТОПЕНО ИЗВИНИ НЕ ТЕ СФАТИВ?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Еве ви докуметарец и поплавувањето, се убаво се гледа.. x)
Документарен филм за Струга 1965 -пештерни цркви, носии, занаети, мрестот на јагулата,езеро Глобочица, а на 7:16 мин. од видеото се последните моменти од селото Глобочица кое било поплавено за изградбата на езерото:​
 
Член од
27 јули 2009
Мислења
12
Поени од реакции
15
Истото се случува и во Тиквешкото езеро, поплавено е селото Брушани, а со него и црква и гробишта. Мене лично сега ми е многу језиво да влевам во езерото. Минатото лето отидовме на еден ден со брат ми, езерото беше повлечено и ми се стемни кога видов дека на местото каде што се бањавме како мали имало гробишта, полоча до плоча.. Секоја година на некој голем празник обавезно има жртви, а потоа никако да ги најдат.
 
M

Moon Child

Гостин
Еве ви докуметарец и поплавувањето, се убаво се гледа.. x)

Уф се наежив :confused:
А на видеово на почетокот за таа црквата во пештера каде точно се наоѓа и постои ли уште? Не разбрав дали е потопена :unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom