„Аpple“ ќе се „отворат“ на 11-ти јуни

  • Креатор на темата Креатор на темата ФиљанЧоек
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
iphonefourteen.jpg


Гласините за претставувањето на новиот iPhone 5 не престануваат. На 11-ти јуни Apple ќе ја одржи Worldwide Developers конференцијата во Сан Франциско на која ќе бидат претставени уреди од најновата генерација. Според најновите шпекулации токму на оваа конференција Apple ќе го претстави најновиот iPhone.
Конференцијата ќе ја води лично првиот човек на Apple Тим Кук кој пред многуте учесници треба да ги претстави најновите пронајдоци.
Новиот iPhone би требало да биде потенок, да има „tile" интерфејс, а неговиот дисплеј наводно ќе биде поголем од претходниот и ќе има големина на дијагонала од 4 инчи.

ИЗВОР
 
Да не излезе работата,името наместо iPhone 5,да биде iPhone 4ss :pos:
 
Не знам што е толку сеирџиско за ајфон (јесда е глупо името), кога Нокиа први почнаа со Citroen C6, BMW X5 итн... :D
 
Нема шанси толку рано
 
Не знам што е толку сеирџиско за ајфон (јесда е глупо името), кога Нокиа први почнаа со Citroen C6, BMW X5 итн... :D

Повеќе се работи за комплекси и др. ( да не именувам) отколку за сеир... Иначе не ми се верува јуни, октомври најверојатно ќе излезе.
 
според традиција до сега ајфоните секогаш излегувале во период од септември до ноември, поправи ме ако грешам али не ми се верува дека ќе го објават на 11 јуни..
 
Не знам што е толку сеирџиско за ајфон (јесда е глупо името), кога Нокиа први почнаа со Citroen C6, BMW X5 итн... :D

Епа последниот модел 4S е исто со ајфон 4 само што му дотуриле поголема батерија, подобра камера и Сири. За толку инжинери во Епл е срамота да продаваат модифициран телефон како нов модел! :)
 
Епа последниот модел 4S е исто со ајфон 4 само што му дотуриле поголема батерија, подобра камера и Сири. За толку инжинери во Епл е срамота да продаваат модифициран телефон како нов модел! :)

Да бе така е тоа мислиш, 90-95% од деловите не одговараат од 4 на 4S иако ти изгледаат исто
 
Епа последниот модел 4S е исто со ајфон 4 само што му дотуриле поголема батерија, подобра камера и Сири. За толку инжинери во Епл е срамота да продаваат модифициран телефон како нов модел! :)

Не бе што ти е...за у 5кава ја мислам ќе има бааги новитети....ко на пример : апликација,за следење на батеријата.....нови скинови на плеерот и сл.
 
Не бе што ти е...за у 5кава ја мислам ќе има бааги новитети....ко на пример : апликација,за следење на батеријата.....нови скинови на плеерот и сл.
И нов саат,со стрелки во боја.
 
Леле леле, овие од Андроид ќе го реметеле ајфонот. :ROFLMAO:

Ајде уживајте си во ерата на црно-белите телефони, гледам во мода е пак со ICS 4.0.3.
Перфекција е во изглед Nexus. :D

ics-nexus-s-ota-550x420.jpg
 
Официјалниот датум за годинешната коференција за програмери или „WWDC“ на “Apple” е објавен, а тоа е 11-ти јуни. Веднаш не „опсипаа“ со гласини кои мора да ги споделиме.

wwdc2012-june-11-15-659x470.jpg


„Worldwide Developers“ конференцијата ќе биде одржана во Сан Франциско. Традиционално на конференцијата се претставуваат уредите на „Apple“, а овој пат фокусот е ставен на новиот телевизиски сет, „iTV“, „iPad“ mini од 7 инчи и нормално, „iPhone 5“.
Се шпекулира дека новиот „iPhone“ ќе биде претставен есенва, а не на конференцијата, со оглед на тоа што „iPhone 4S“ беше претставен во октомври минатата година. Ние „гласаме“ дека ќе биде претставен само „iOS 6“ и нова генерација/надградба на „Mac OS X“. Може да станува збор и за апгрејд на „iCloud“ системот, а ништо чудно „Siri“ да биде претставена и јавно. Во физичка форма :).
Новиот „iPhone“ би требало да има 3,9-инчен дисплеј, пред се поради големиот притисок на големите играчи на пазарот, токму поради нивните „големи“ играчки. Се сеќавате на изјавата на Стив Џобс дека телефоните со големи екрани нема никој да ги купува.
Останува да видиме што ќе ни донесе 11-ти јуни и конференцијата во Сан Франциско.

ИЗВОР
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom