Улична серва (Football tennis, Nohejbal)

  • Креатор на темата Креатор на темата kalimer0
  • Време на започнување Време на започнување
K

kalimer0

Гостин
Интересен и возбудлив спорт, се игра 1vs1, 2vs2, 3vs3. Јас многу сакам да играм на отворено (не во сала) во лето околу 17:00 се до вечер кога сонцето е слабо а воздухот свеж - милина... :cool:
Гледам другариве нацртале и играа без мрежа а јас сум навикнат на мрежа па сега им забивам многу лесно и ми се жалат :D

Дали играте и колку често?

До модератор: Мала грешка во насловот, ако може уште едно "l" во "Footbal"
 
Играв лани цело лето по цела ноќ. Од кај 20:00 до 03:00 отприлика.
 
Aхахаха класика за занимација во маало :) Еве на пример овој период од годината е совршен за серва после 5 :) Најчесто играме 2 на 2 иако ми е помалку интересно веќе, повеќе сум за баскет :)
 
Како мал ептен го игравме во маало,сега се е по фб ретко да најдеш ашални луѓе за ова. Ептен е возбудливо кога се игра 3 vs 3 или 4vs 4 смешки паѓале на ова
 
Како мал ептен го игравме во маало,сега се е по фб ретко да најдеш ашални луѓе за ова. Ептен е возбудливо кога се игра 3 vs 3 или 4vs 4 смешки паѓале на ова
Многу исфорсиран е овој муабет дека децата само дремат на компјутери. Еве го брат ми не се прибира од дома и секогаш има друштво, на пример.
 
Немам играно серва може едно 10 години. Епик момент е кога црташ поле, па се собираме стари и млади маваме серва па бољи пар влетува, ги пердашиме и нив и добиваме кутија сладолед и мислиш дека си најјак фраер во маало:)
 
Лееее порано секоја вечер преку лето мававме серва, па кавги, линија е/не е, дупла е/не е. Сега ги гледам копиљацине по маало секој ден играат.

Често сум играл и томбола(лето - зима), се игра на мал простор на прва со еден голман и кој промаши гол или му ја фати голманот тој брани. После 11 гола казната беше тртење! :)
 
Кај нас се вика ова Шуто - дупе :D хаха
Иначе и ја порано нон стоп сум играл серва , сега и ова лето планирам пак да се организираме да играме бидејќи некако од обврски слабо игравме.Да не се фалам ама мн сум јак 2 на 2 кога се игра :D
 
Кај нас пупенка
 
Ние играме преку жолти корпи многу е јако,тоа ја прави интересна играта..со обележано поле и напишани правила..
 
Кај нас у маало играме по различни правила и тао многу ми се свиша. Играме баш мушки :D Односно, можеш да му парираш у поле, може да му попречиш во „дигање“ на тој другиот итн. И така и треба :D
 
Кај нас у маало играме по различни правила и тао многу ми се свиша. Играме баш мушки :D Односно, можеш да му парираш у поле, може да му попречиш во „дигање“ на тој другиот итн. И така и треба :D
Тоа со дигањето кајнас се вика недрвено бананче :)
 
Излеа сме од различни градови..иначе незнам можеби затоа што постарите така ја викаат..и однив слушаме,и така пренесуеме..од коленце на коленце,ај ке ги прашам па ке ти постирам тука :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom