Барем второ помина без никакви глупости, освен тоа на Рондо. Таму Батие се сопна од камерманот, а овој мислеше дека Рондо го гурнал.
Ептен падна физички Бостон во второ, посебно Прис, него највеќе го јадат годините.
Тоа дека ќе биде 4-1 за Мајами, мало морген.
Судењето не да беше лошо, катастрофално беше.
Прво 4 технички суди во конферециско финале, убаво си кажа коментаторот, пушти нека се игра, нека заживи утакмицата.
После тоа, секој ебан напад на Мајами беше суден како фаул, на друга страна ниеден фаул не судија во корист на Бостон. На крај испаѓаат „ситни грешки“, кои и те како влијаеа на резултатот.
Да се судеше праведно во прво, прашање беше дали ќе беше нерешено или Бостон ќе имаше најмалце 5 коша предност.
Не планирам со никој да се карам, цел свет виде што се случуваше.