Здраво дечки, да пробам да се вклучам малку и јас во дискусијата

Не знам дали Charlie_1 вчера го гледаше Федерер и неговиот прв сервис (кој освен една двојна сервис грешка во последниот сервис гем) беше 100%. И тоа што за 15 минути го зеде првиот сет, посебно начинот на кој играше. Оваа форма ја држи константно во последните 1,2 турнири и тоа е Федерер од најдобрите времиња за кој сите знаеме како ги минуваше противниците.
Без да го потценувам Ноле, сепак е рекет број 1, но формата во која се наоѓа последните 1,2 месеци е послаба и од Федерер и од Надал, а на земјена подлога тоа уште повеќе ќе се одрази. Треба драстично да го подигне нивото на игра за да воопшто се надева на успех против овој Федерер (а дека тоа Ноле го може не се сомневам). Вака со моменталната форма и од тоа што јас го имам видено шансите на Федерер се 70:30, ќе видиме вечер дали и колку тоа ќе се промени.