Типувам на Баерн еве зошто,на Челзи му фалат клучните играчи,според мене најмногу ке им фали Рамирес кои знаеше да повлече напред и да направи некоја контра како што падна првиот гол во Лондон кога му асистираше на Дрогба,а во вториот дуел со неговиот гол Челзи се врати во игра и ги елиминира Барса,секако да не ги заборавиме тука и искусните Тери и Иванович кои се далеку подобри од Кејхил и Луиз.Значи Челзи својата шанса ке треба да ја бара само преку прекини,а треба и на Чех да му биде денот !
Додека Баерн има предност што игра на Алијанц,се разбира и повеќе публика ке имаат од Челзи, освен тоа оваа сезона Рибери е во страшна форма и верувам дека најголемата опасност кон голот на Челзи ке доаѓа од него,тука се и фантастичните Крос,Гомес,Робен како и Швајни кој иако поради повреди не ја изигра цела сезона сепак он е фантастичен играч и ке биде од голема корист во ова финале.Бидејки пред две години Баерн беше совладан од мојот тим во финале,сега сакам они да освојат,со среќа и на двата тима па нека победи подобриот