Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
48.988
Ќе се роди ли бре некој режисер што ќе направи македонски филм во кој ќе се види дека на овие простори некогаш имало и нормален живот,
кога точно било ова, потсети ме ?? Да не очекуваш да ги измислиме отпочеток Супермен Бетмен и Стар Ворс.
Секое поднебје си има свој извозен артикл, наш е крв, убивања, дрога, политика, меѓуетнички тензии и актерки со мали цициња (освен Весна Станојевска со топовите). Весели тематики ќе чекаме нашите фнуци да снимаат, ние не можеме.

Мене единствено жал ми е што не се снимаат комедии, уште чекам црна комедија што ќе ја надмине Викенд на мртовци.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Столе Попов снима филм за македонската кауза

Природна убавина, зелени ливади пресечени со земјени патеки водат кон местото каде што проаѓала стара пруга, недалеку од селото Света, во близина на Демир Хисар и на половина час до Битола. Знаци поставени на бандерите на кои пишува „филм“ го бележат патот кон пругата која води до една голема ледина со шатори, а наспроти изгорена куќа. Таму, од вчера се вее турско знаме, а турски аскер ја има зафатено ливадата. Мекаат кози, коњите водат пајтони, а стогови сено се бојат во златно, на жолтото сонце. Се шетаат жени со марами и кошници, деца со распарталени алишта и мажи со бркови и долги коси. И пристигнува славниот воз „Ориент експрес“, кој е од почетокот на 20 век, во 1906 година.

Ова е сликата за сетот за новиот филм на Столе Попов „До балчак“, чија прва клапа падна вчера. С` е комплетно изградено за потребите на филмот и претставува железничка станица - контролен пункт на Отоманската Империја. Старата парна локомотива со пет вагони, која сообраќала на релација Лондон-Париз-Букурешт-Атина-Истанбул, е раскошно опремена. Се сними кадарот кога возот влегува во Македонија.

Режисерот Столе Попов вели дека конечно, по 25 години, откако со Горан Стефановски го почнале сценариото, го снима филмот кој треба да проговори за она што е корен на македонската кауза, за слободата, сопствениот идентитет и за тоа како таа да се зачува и да се одбрани.

- Сиве овие 25 години немав потреба да менувам нешто битно во сценариото. Луѓето го одредуваат филмот и тоа се тие универзални вредности и идеи. Проблемите на луѓето секогаш биле исти. Се менува само надворешниот свет, но внатрешниот, што ги определува сите општествени релации и односи останува константен. Иако ова е филм што обработува епоха, тој е современ бидејќи неверојатно добро комуницира со денешницата - рече Попов.

На сетот присуствуваше и министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, која не го криеше своето одушевување.

- Ова е ремек-дело, нешто што првпат го гледам иако сум присуствувала на многу сетови. Овој филм е од голема историска и културна важноста за нашата држава. Убедена сум дека ќе се гордееме со еден ваков филм, кој е од голема историска важност за нашата држава – рече министерката.

За главната женска актерка во филмот, Словенката Инти Шрај, ова е преубаво искуство.

- Јас ја играм Тереза, која за мене е симбол на слобода, свеж ветер од почеток докрај. Таа доаѓа од Англија и од Франција и за неа с` е ново. Ова е голем филм – рече Шрај.

Мартин Јордановски и Сашко Kоцев ги имаат двете главни машки улоги. Јордановски е Филип, а Kоцев - Kрсто.

Kоцев истакна дека овој лик ќе направи големи промени врз него како тип на актер.

На снимањето вчера присуствуваа и Тони Михајловски и Сенко Велинов. Играат и Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Kостовска, Владо Јовановски, Kамка Тоциновски.

Филмот е продукција на „Триангл филм“ во копродукција со „Сектор филм“, ФХ3Х и Македонската радио-телевизија. Главниот продуцент Данчо Чевревски, кој ќе се појави и во една од улогите, вели дека филмот ќе се снима 10 недели претежно во Битола и во околината, но и во селата Рапеш, Штавица, Маково, околината на Штип, Kриволак и ќе заврши во Скопје. Наскоро на актерската екипа ќе ~ се приклучат и српските актери Мики Манојловиќ, Никола Kојо и Бата Живоиновиќ како специјален гостин.

Вкупниот буџет на филмот е 3.600.000 денари.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9D0D327C4BCC644C93CA19E4EB27C6B5
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Одлично изгледа. Ама оној Тони мора ли бе во секој наш филм да го има..
ДА МОРА ДА ГО ИМА !!! Јас снимам заедно со Тони и ќе ти кажам дека ако не беше тој да дава позитива за време на снимањето ќе испоцркавме сите !
 

ИвањушкА

some-thing
Член од
17 јули 2009
Мислења
342
Поени од реакции
526
Јас работам во шминка на филмов, и филмот ќе биде одличен, сценариото е одлично, и глумците се сите совршено избрани за улогата која ја имаат. .... just wait for it! :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Е конечно права тема за постов, немаше каде па го имав напишано во темата за Македонски Железници :)
Не знам во која друга тема да го поставам, оваа ми е ко најприкладна...Во Колска во Велес се реставрирани 4 вагони и парна локомотива од 1913 година (се користеле на возот Ориентал Експрес), за потребите на некој филм кој би требало да се снимат.На 4:25 е локомотивата.
 
P

PewDiePie

Гостин
Изгледа профи филмов,стануваме солидни на филмското платно и на режирање филмови,браво за министерката за култура што издвојува средства.

И актерската екипа ми изгледа топ,само се молам на Господ Камка Тоциновска да не глуми бештија ЕДНАШ во животот.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 15:44 ---
освен Весна Станојевска со топовите
Најубавата Македонска глумица,штета што не ја зеле.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
29
Поени од реакции
15
Знаете ли дали сеуште примаат статисти за филмов? Каде можам да се информирам?
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.744
Поени од реакции
1.003
Знаете ли дали сеуште примаат статисти за филмов? Каде можам да се информирам?
Мислам дека одамна е завршен кастингот за статисти ... јас сум еден од статистите во филмот , но сеуште не е почнато снимањето на сцените каде што јас треба да бидам статист ... требаше да одам на снимање на 20ти мај , но поради лошото време и врнежите , се одложи снимањето и сеуште чекам да ми кажат кога точно ќе биде ... се слушнав пред неколку дена со екипата за снимање и ми рекоа дека најверојатно од наредната недела ќе почне снимањето во Охрид ( јас учествувам во сцените што се снимаат во околината на Охрид ) ... почна веќе да ме нервира ова чекање бидејќи , статистите треба да бидат со бради ( тие што глумат комити ) , и еве веќе цел месец не сум бричен и имам голема брада која почнува да ми смета :) .
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
До сега колку што следам, за сцените во Демир Хисар, и Охрид имаше кастинг. Да се надеваме дека кога ќе снимат и во Скопје ќе имат потреба од статисти, па и дека ќе има кастинг.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека тука беше муабетот: ебати животот ако не си спремен да умреш за него.

Ми изгледа дека ќе биде топ, поддршка од мене!(y)
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Мислам дека тука беше муабетот: ебати животот ако не си спремен да умреш за него.

Ми изгледа дека ќе биде топ, поддршка од мене!(y)
јас мислам дека ќе биде два топа...
Све нешто турци,старо време,ова она...абее дајдте асолен филм да се сними со асални глумци(ако нема нека ги измислат)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
јас мислам дека ќе биде два топа...
Све нешто турци,старо време,ова она...абее дајдте асолен филм да се сними со асални глумци(ако нема нека ги измислат)
Ајде бе ако ти си "асOлен", дај идеја. Не мора филм да смислиш, идеја само!
Нешто Avengers сакаш, како го бранат Скопје од напад на вонземјанци? Или некоја романтична комедија ала Бен Стилер, каде што некој асален глумец ќе се заљуби во асална глумица која нема да го ферма па после ќе го сака на крај?! Македонија па и Балканов има историја за кажување преку филмовите. Америте си го кажаа тоа во 10 филма, толку им е историјата. Србија тоа го сфати од поодамна и прави филмови такви, кои ете се доста гледани и успешни. Ние имаме реални приказни на ова поднебје, колку што Холивуд може приказни да смисли. Тоа е нашиот стил на правење на филмови.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Ајде бе ако ти си "асOлен", дај идеја. Не мора филм да смислиш, идеја само!
Нешто Avengers сакаш, како го бранат Скопје од напад на вонземјанци? Или некоја романтична комедија ала Бен Стилер, каде што некој асален глумец ќе се заљуби во асална глумица која нема да го ферма па после ќе го сака на крај?! Македонија па и Балканов има историја за кажување преку филмовите. Америте си го кажаа тоа во 10 филма, толку им е историјата. Србија тоа го сфати од поодамна и прави филмови такви, кои ете се доста гледани и успешни. Ние имаме реални приказни на ова поднебје, колку што Холивуд може приказни да смисли. Тоа е нашиот стил на правење на филмови.
Ете бе за дрогата,врие од наркомани

Верглаш вреглаш ама никако да запалиш...штотуку ја опиша американската па дури и српската кинематографија,,србија сфатила одамна дека палат ваквите тематики:facepalm:.Гелдај сбрија колку комедии има снимено алооо..
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ете бе за дрогата,врие од наркомани

Верглаш вреглаш ама никако да запалиш...штотуку ја опиша американската па дури и српската кинематографија,,србија сфатила одамна дека палат ваквите тематики:facepalm:.Гелдај сбрија колку комедии има снимено алооо..
Алооооооооооооооооооооооооо.

Немој ти мене ало, не збориме на телефон, ок?

Гелдам колку Сбрија комедии има снимено. Дали се успешни тие? Уствари да. Кај нас се успешни. Хехехе Дуле Савиќ хехе. Умрев од смеење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom