Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233


Започнува нова македонска филмска приказна. Првата клапа на снимање е закажана за 10 мај во с. Света, Демирхисарско, во филмски сет комлетно изграден за потребите на филмот, и ќе претставува железничката станица - контролен пункт во Отоманската Империја. Новиот долгометражен игран филм ДО БАЛЧАК-Приказна од дивиот исток е во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски. Се работи во продукција на Трингл Филм, во копродукција со Сектор Филм, FX 3X и Македонската Радио Телевизија. Според најавите ќе се снима 10 недели на територијата и околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.

Инти Шрај и Мартин Јорданоски
Режисерот Столе Попов за „ДО БАЛЧАК“
Приказна од дивиот исток. Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Петстотини години под турско ропство. Дејствието се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за негo”. Нешто што без никакви претензии би можеле да го наречеме „македонски допир”. Нешто вознемирувачко а мирно, ,грдо а убаво, грубо а нежно, темно а просветлено, сурово но поетично. Додека Холивуд ја дигитализира виртуелната „стварност” спуштајќи се длабоко во океаните или качувајќи се високо во вселената, ние Балканците сеуште се качуваме до висините на утопискиот идеал – Слободата или се спуштаме до крајната длабочина на човечката душа – Смртта. Антиподите на моето синеастичко раѓање се движат „до коска” на релацијата „Слобода или Смрт”. Сонувајќи за недопирливиот идеал на слободата, историски потврден како вечна слатка илузија на човековиот род, постојано чекориме рака под рака со смртта, со која, зошто да не, можеби и започнува вистинската слобода како посакувана, се уште непотврдена вест. Обичниот човек насекаде во светот, потиснат од насилство и неправди постојано сонувал и сонува за подобар свет. Живееме во високо технолошка ера каде навидум се е потполно различно, а во суштина се е фрапантно исто. Историјата постојано циклично се преповторува, минатото станува апсолутно актуелно и зачудувачки препознатливо и во денешни денови. Империите се создаваат и се распаѓаат, идеологиите се креираат и се менуваат, големите си поигруваат со малите, силните ги толчат слабите, сила бога не моли, но буните, востанијата и
револуциите отсекогаш ги имало и повторно ќе ги има. Исконското чувство за слобода е неуништливо и го движи светот напред. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.


Сашко Коцев
Дел од Актерската екипа на „ДО БАЛЧАК“
Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска, Ненад Нацев, Горан Трифуновски, Ѓорѓи Котев, Дениз Абдула, Береда Решит, Бојан Велевски, Наташа Петровиќ, Адем Карага, Горан Јовановски, Сенад Абдули, Хајрулах Рамизи, Салаетин Билал.


Авторската екипа на „ДО БАЛЧАК“
Столе Попов, режисер и соработник на сценарио, Горан Стефановски, сценарист, Апостол Трпески, директор на фотографија, Миленко Јеремиќ, сценограф, Емилија И. Атанасовска, костимограф, Светлана Гутиќ, шминкер, Зоран Ристески, извршен продуцент, Данчо Чеврески, Владимир Анастасов, продуценти


Сенко Велинов
Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и Филмскиот Фонд на РМ во програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа и Министерствата при Владата на Република Македонија, МПЦ - Преспанско-Пелагониската и Дебарско-Кичевската Епархија, Македонските Железници и локалните градски самоуправи. Официјални спонзори на филмот се: Алкалоид АД Скопјe и Лукоил Македонија.



Извор

Мене ми изгледа на солидно филмче, доста пари и во овој филм. Дали напреднуваме сериозно со филмската индустрија или ова се само испади?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Зошто за овој филм немаше никакви најави? Некако оддеднаш се појави... или пак јас не бев запознаен :confused:
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Чекај, овие слики од каде се? :eek:
Ептен се профи.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се надевам нешто добро од Столе Попов во стилот на Среќна Нова и Тетовирање каде што карактерите му се извонредно изработени и дијалозите култни.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Првична реакција позитивна... очекувам добар македонски филм :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
48.988
Сашко Коцев филмска ѕвезда си стана вака-така.
Во Столе не сумњам, осеќам дека на внуци ова ќе се раскажува
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.744
Поени од реакции
1.003
Верувам дека филмот ќе биде прилично добар , барем досега Столе Попов нема промашување ( Среќна Нова `49 , Тетовирање , Џипси Меџик сите се одлични филмови ) ... гледам сценариото е од Горан Стефановски , што значи дека филмот ќе има одлична приказна .
П.С. Да се пофалам дека и мене ќе има во филмов како статист , ме избраа на кастингот за статисти и при крајот на месецов треба да одам на снимање на неколку сцени од филмот :) .
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
29
Поени од реакции
15
Знаете ли дали примаат сеуште статисти за филмов? Каде можам да се информирам? позз :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ај енка е чсетито.
Уште кога го видов насловот, ме одби!

Ќе се роди ли бре некој режисер што ќе направи македонски филм во кој ќе се види дека на овие простори некогаш имало и нормален живот, а не да ме третираат како Дух са секиром кога сум на граничен премин или пред да влезам во авион.

Аман веќе од продавање крв и постмодернизам!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.085
се надевам вака ќе е како што се добри и сликите

Јас повеќе би сакал да се направи и серија покрај филмот да има и серија како што на РTC во Србија се прикажуваше Монтевидео во вид на серија
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Отсекогаш сум сакал и некој да направи western со случување на Балканот т.е. eastern во овој случај :). Гледајки по сликите и приказната мислам дека желбата би ми се остварила со овој филм. Браво за Столета! Kељаву главу ти љубим!


Пс. Dust не го сметам. Да не беше приказната со бабата и црнецот од Hustle и ред други работи кои им требале малку да ги потсредат филмот ке беше модерно ремек дело.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom