Не смееме да се откажеме никако. Барем не според Џејми Карагер.
Кара се надева на драма во премиер лигата
Џејми Карагер се надева дека премиер лигата ќе стане интересна токму во последното, 38 коло кога Хул ќе го пречека шампионот Манчестер Јунајтед.
Тигрите се покажаа како прав тест за силата на Ливерпул на нивниот стадион саботата, иако црвените славеа со 1:3. Хул ќе го пречека Јунајтед токму во последното премиерлигашко попладне, а Карагер смета дека видел доволно од Хул и е уверен дека дебитантот нема лесно да потклекне пред „црвените ѓаволи“.
“Ние бевме во многу добра форма во последно време, а против Хул го одигравме можеби најслабиот меч во последно време“, рече вице капитенот Карагер.
“Сигурно на Јунајтед нема да му биде лесно во тој натпревар, исто како што не ни беше нам“.
“Затоа, сакам да им посакам среќа на Хул во тој меч, најмногу поради нас и навивачите. Нека ни помогне да станеме шампиони“
Столбот на одбраната на Ливерпул го изрази своето задоволство од тимскиот дух и карактерот на тимот.
“Многумина ни префрлаат за многуте нерешени натпревари во Премиер лигата. Впрочем, тоа е главната причина што сме втори на табелата. Но, само двата порази укажуваат на карактерот на тимот кој секогаш се стреми кон успех“ - додаде Карагер.
преземено од
Silence Форум