Тоа е јасно, но како е кај нас. Државата во 2009 почна да издава месечни записи со каматна стапка над 7% (ако не се лажам да не барам точен податок). И банките ги повлекоа парите од стопанство и се свртија кон финансирање на државата. Потоа по реакција на НБРМ државата почна да се задолжува во странство и со еврообврзница од 10% . Банките се свртија кон стопанство во 2011. Сега каматите на записите е 4%, а во исто време банките имаат средства за стопанство. Еве хипотетички НБРМ ја спушта на 1%, банките немаат интерес да купат и се префрлаат во кредити. Фирмите земаат кредити, а побарувачката за нашите производи е намалена. Долговите се трупаат, а извозот е под влијание на ЕУ економија. Што ќе се случи?