Владата скрои ребаланс на буџетот, се кратат 122 милиони евра

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
ќутете да не направат ребаланс и на ДДВто од 18% на 25 % за брзо време :facepalm:
Сигурно "оправдување" за тоа ке им биде дека не е ништо страшно тоа и дека и во Норвешка и Шведска е 25%. :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Најбитниот момент е што париве треба да се вратат наеднаш после 5 години (со каматата), нека му мисли тогаш народот и некоја идна влада.

И немаше да ми биде криво што земаат толкави пари (телекомот го продадовме за волку), криво ми е што ни денар нема да потрошат за развој и круцијални инфраструктурни проекти.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Со ребалансот се кратат 8,8 милиони евра од касата на Фондот за здравство

Ребалансот на буџетот ќе одлее пари и од фондот за здравство.
Според информациите од фондот, резот во буџетот ќе скрати 8,8 милиони евра од нивната каса. Оттаму велат дека поради одлуката за владата, институцијата ќе биде принудена да преземе дополнителни чекори за кои ќе ја информира јавноста. /www.kanal5.com.mk
19.04.2012, 11:12​
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Најбитниот момент е што париве треба да се вратат наеднаш после 5 години (со каматата), нека му мисли тогаш народот и некоја идна влада.

И немаше да ми биде криво што земаат толкави пари (телекомот го продадовме за волку), криво ми е што ни денар нема да потрошат за развој и круцијални инфраструктурни проекти.
Парите од телекомот изгореа во војната 2001 тој податок може да го провериш. А инаку владата еве пример ќе дадам по пети пат или незнам кој пропаѓа тендер(Чебрен и Галиште) во рок од 4 или 5 години до сега по 100 милони евра секоја година од буџетот да даваа до сега во последните 5 години до сега скоро ќе беше готова финансиската конструкција за тој проект. Исто важи и за коридорите што саакаа да ги прават што им пропаднаа зошто не најдоа концесионер а од консултантите им беше сугерирано да не прават тендери за концесионер зошто нема да сака никој да влезе да не одолговлекѕвам директно ќе пукам на поентата место да губевме години во тендери владата да ги финансираше до сега ќе беа завршени или при крај добар дел од проектите.А за финансирање на истите ќе можеше или преку обврзници да обезбеди пари или преку кратење непродуктивни трошоци пример 140 000 администрација а 20 години услуга 0 а во словенија админстрацијата е далеку помала и попрудуктивна а парите владата ќе си ги вратеше од бенфитот што ќе го имаше од тие инвестииции ама тоа е п.с( СДСМ не го бранам зошто они се и бетер од овие )
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Превземено од утрински:

Од графиконот што е објавен во Стратегијата може да се види дека годинава треба да се вратат околу 110 милиони евра, во 2013 стигнуваат за отплата 290 милиони евра, а во 2014 над 150 милиони евра. Во 2015 основицата за отплата вкупно би изнесувала околу 360 милиони евра, а слична е ситуацијата и во 2016, кога отплатата треба да биде околу 370 милиони евра. Највисок е столбот за 2017 година, за која сумата што треба да се врати се доближува до границата од 400 милиони евра.

Кога на овие годишни отплати би се додале и сумите што треба да се враќаат кон ММФ, но и новите заеми од 130 и сега 250 милиони евра, според нашите пресметки, во наредните години земјава би била приморана на следнава динамика на враќање. Во 2014 би стигнале 172 милиони евра, а веќе во 2015 ќе треба да се вратат нешто над 400 милиони евра. Во 2016, пак, стигнуваат огромни 544 милиони евра за враќање (тука е вклучено враќањето на 130 милиони евра од заемот кон Дојче банк и Сити банк).

За 2017 година, пак, со оглед што тогаш треба да стигне најновиот кредит од Дојче банк од 250 милиони евра, би дошле за враќање дури 694, односно близу 700 милиони евра во текот на само една година, без да се пресметаат каматите!

-----------------

Господ да ни е на помош во 2016 и 2017 година (пред десеттина години целиот буџет беше 700 милиони евра).
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

2015-2017 ее има време до тогаш плус имаме најголем раст во Европа и регионот 2% најдобар рејтинг за кредити земање имаме па до тогаш има време ќе земем нов кредит ќе го платиме стариот како што направивме за 2013.
Краен случај најлошо сценарио чувајте си ги бавчите и ниви на село но ова тешко да се деси со оглед на огромниот раст што го имаме:icon_mrgr:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
За 2017 година, пак, со оглед што тогаш треба да стигне најновиот кредит од Дојче банк од 250 милиони евра, би дошле за враќање дури 694, односно близу 700 милиони евра во текот на само една година, без да се пресметаат каматите!

-----------------

Господ да ни е на помош во 2016 и 2017 година (пред десеттина години целиот буџет беше 700 милиони евра).
Во 2017 ќе продаваме острови...:P
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Превземено од утрински:

Од графиконот што е објавен во Стратегијата може да се види дека годинава треба да се вратат околу 110 милиони евра, во 2013 стигнуваат за отплата 290 милиони евра, а во 2014 над 150 милиони евра. Во 2015 основицата за отплата вкупно би изнесувала околу 360 милиони евра, а слична е ситуацијата и во 2016, кога отплатата треба да биде околу 370 милиони евра. Највисок е столбот за 2017 година, за која сумата што треба да се врати се доближува до границата од 400 милиони евра.

Кога на овие годишни отплати би се додале и сумите што треба да се враќаат кон ММФ, но и новите заеми од 130 и сега 250 милиони евра, според нашите пресметки, во наредните години земјава би била приморана на следнава динамика на враќање. Во 2014 би стигнале 172 милиони евра, а веќе во 2015 ќе треба да се вратат нешто над 400 милиони евра. Во 2016, пак, стигнуваат огромни 544 милиони евра за враќање (тука е вклучено враќањето на 130 милиони евра од заемот кон Дојче банк и Сити банк).

За 2017 година, пак, со оглед што тогаш треба да стигне најновиот кредит од Дојче банк од 250 милиони евра, би дошле за враќање дури 694, односно близу 700 милиони евра во текот на само една година, без да се пресметаат каматите!

-----------------

Господ да ни е на помош во 2016 и 2017 година (пред десеттина години целиот буџет беше 700 милиони евра).
Убава математика, без камати личи страшно, а камоли ако се стават каматите. Значи бројкиве во превод велат, јавниот долг на РМ ја носи во средно задолжени земји, а со брзи чекори оди кон провалија. Во економијата секој ручек се плаќа, тешко нас во иднина со вакви економисти части денес утре јади леб и сол.
Може да се пребараат темите од 2009 година кога за ова сценарио не плукаа запалените глави, колку лепенки изедовме веќе ни сама незнам. Полека полека вистината излегува на виделина, а луѓето не се прости за да разберат што се случува. Непродуктивните проекти ќе го земат данокот, ако економијата до 2016 не почне да бележи сериозни позитивни стапки над 5% тешко нас. А како што тргна годинава дали 1% раст ќе имаме, мај месец стопанството е речиси мртво. Никакво движење нема, април беше по нагорна линија 15 дена, овие денови пак линијата се прекршува надоле. Ако најдобрите месеци за работа завршат со вакво салдо, ние годинава ќе имаме невиден раст со минус напред.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За 2017 година, пак, со оглед што тогаш треба да стигне најновиот кредит од Дојче банк од 250 милиони евра, би дошле за враќање дури 694, односно близу 700 милиони евра во текот на само една година, без да се пресметаат каматите!

.
Стих од песна на Студени Нозе:

Кога дојде наплата само шо не заплака
мурија во сурија го растурија :icon_lol:.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Убава математика, без камати личи страшно, а камоли ако се стават каматите. Значи бројкиве во превод велат, јавниот долг на РМ ја носи во средно задолжени земји, а со брзи чекори оди кон провалија. Во економијата секој ручек се плаќа, тешко нас во иднина со вакви економисти части денес утре јади леб и сол.
Може да се пребараат темите од 2009 година кога за ова сценарио не плукаа запалените глави, колку лепенки изедовме веќе ни сама незнам. Полека полека вистината излегува на виделина, а луѓето не се прости за да разберат што се случува. Непродуктивните проекти ќе го земат данокот, ако економијата до 2016 не почне да бележи сериозни позитивни стапки над 5% тешко нас. А како што тргна годинава дали 1% раст ќе имаме, мај месец стопанството е речиси мртво. Никакво движење нема, април беше по нагорна линија 15 дена, овие денови пак линијата се прекршува надоле. Ако најдобрите месеци за работа завршат со вакво салдо, ние годинава ќе имаме невиден раст со минус напред.
Нека стави некој линк до оргиналниот документ,(од графиконот кај што било за стратегијата) зошто кај нас многу новинари мешаат основни работи. Зошто кај нас секој полуписмен новинар станува аналитичар. Ќе се воздржам од коментари додека не го видам оргиналниот документ во однос за 700 мил евра. Но ако гледате од друг аспект дека место државата да се задолжува преку обрзници што често го прави а банките не се мотивирани да ги дадат парите на компанииите туку на државата заради сигурната камата.,но во иднина ако држава се задолжува не за враќање на стари долгови туку за покривање на буџетскиот дефицит преку задолжување во странство,тогаш парите банките ке ги стават на располаганје на стопанството и ке паднат каматните стапки . што ке придонесе за поголеми инвестиции кај приватниот сектор кој е економист ќе ме сфати а кој не е ке тресе глупости, работите не се ни црни не се ни бели. Кај нас сите се прават економисти а не знаат ни што е макроекономија а што микроекономија . што е дефицит и како се финансира дефицит и колку % е пожелен дефицит.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Но ако гледате од друг аспект дека место државата да се задолжува преку обрзници што често го прави а банките не се мотивирани да ги дадат парите на компанииите туку на државата заради сигурната камата.,но во иднина ако држава се задолжува не за враќање на стари долгови туку за покривање на буџетскиот дефицит преку задолжување во странство,тогаш парите банките ке ги стават на располаганје на стопанството и ке паднат каматните стапки . што ке придонесе за поголеми инвестиции кај приватниот сектор
Јас не те разбрав, ај уште еднаш овој дел објасни го во кратки црти или преку пример за да не те сфатам погрешно.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Јас не те разбрав, ај уште еднаш овој дел објасни го во кратки црти или преку пример за да не те сфатам погрешно.
Како што разбрав, кога би се задолжувала пак владата за враќање на сега земените кредити/издадени обврзници наместо од домашните банки да се задолжува во странство, а нашиве банки да ги пласираат парите во стопанството.
Еве зашто тоа нема да се случи:
1. Поскапото задолжување во странство
2. Банките нема да ги пласираат така лесно вишокот пари во стопанството, особено не ако економската состојба е лоша.

...за првото и не сум баш сигурен
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како што разбрав, кога би се задолжувала пак владата за враќање на сега земените кредити/издадени обврзници наместо од домашните банки да се задолжува во странство, а нашиве банки да ги пласираат парите во стопанството.
Еве зашто тоа нема да се случи:
1. Поскапото задолжување во странство
2. Банките нема да ги пласираат така лесно вишокот пари во стопанството, особено не ако економската состојба е лоша.

...за првото и не сум баш сигурен
Да, ама кај нас повеќе се задолжува во странство, затоа не сфатив. Ова е муабет ако се задолжува дома.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Секоја држава има буџетски дефицит , кај нас тој буџетски дефицит се покрива преку обврзниците што ги издава Министерството за Финансии, е сега со ова до сега што го прави владава и претходните влади земаат пари од банките преку тоа што они купуваат обврзници од државата и си добиват некоја камата од околу 4% а скоро ризик 0 и они не се заинтересирани да даваат кредити на компаниите зошто реално има голем поголем ризик да имаат проблем при наплата на кредити од компаниите заради нелеквидноста и последициве од кризава и банките играат сега за сега на сигурно каматата што ја дава државата не е многу висока ама е сигурна . Јас што предлагам а тоа се прави во некој држави Државата место од дома да позајмува од странство да позајмува со тоа банките ќе пласираат повеке средства во кредити зошто државата веќе нема да позајмува пари од нив а и каматите во банките ќе паднат. И плус ако Народна Банка ја спушти каматната стапна на околу 2%, Е тогаш кај нас компанните ќе видат поефтини кредити и нормално повеќе инвестиции а од целиот циклус што ќе се создаде од растот на економијата државата ке има зголемени приходи во буџетот и со тие зголемени приходи од буџетот ќе си ги врати парите позајмени од странство. Тоа е единствената добитна комбинација и стопанството и државата да бидат задоволни зошто до сега стопаснтвото секогаш го јадеше стапот. Се надевам дека ти помогнав во објаснувањето. П.С сите дигаат паника кога државата позајмува од странство а кога позајмува од дома преку обврзници скоро сите кутат а долг си е долг без разлика дали е внатрешен или надворешен а и двата влегуваат во крајната ставка јавен долг.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа е јасно, но како е кај нас. Државата во 2009 почна да издава месечни записи со каматна стапка над 7% (ако не се лажам да не барам точен податок). И банките ги повлекоа парите од стопанство и се свртија кон финансирање на државата. Потоа по реакција на НБРМ државата почна да се задолжува во странство и со еврообврзница од 10% . Банките се свртија кон стопанство во 2011. Сега каматите на записите е 4%, а во исто време банките имаат средства за стопанство. Еве хипотетички НБРМ ја спушта на 1%, банките немаат интерес да купат и се префрлаат во кредити. Фирмите земаат кредити, а побарувачката за нашите производи е намалена. Долговите се трупаат, а извозот е под влијание на ЕУ економија. Што ќе се случи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom