Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ваљда на нивната телевизија, шител прв дознава.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.036
точно е ова али се дур имаат подршка планинариве од американците на нас ни се врзани рацете. незаборавајте како падна Гадафи :) јбг имаат американциве некој интерес во Македонија и Србија и се дур е така ке неможе да се тргне по нив
До некаде не се сложувам со тебе ако сака народот револт да изрази имаме планини можеме и ние герилци да бидеме тука е дијаспората да помигне до пари за оружје тука е внатрешни компании оружје ќе се земе народот во планина идеме по права кога сака државата да е против својот народ , народот прво ќе започне од своите па после од туѓите :)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Колку сум само испизден!

Државава не прогласува ден на жалост?Каква држава е оваа!!!!!!!???

Грујо...каде си ти?Вчера на ТВ те немаше да дадеш изјава.Ама битно внимаваш да не ти летнат инвеститорите.

МВР нема да го реши ова.Едноставно нема.Кога МВР не можеше да разреши доста замрсени случаи нема ни ова да се среди.Ќе играат на временска карта и ќе се понадеваат-ај,нека помине време,ваљда народов ќе заборави.

Цела ноќ раат немам.Овие работи нон стоп ми се вртат низ глава и се повеќе верувам дека ќе испадне како што стравувам.



Карл Саган спомна нешто за албанската мафија и дестабилизацијата-зар се до толку глупи да сакаат да створат војна иако имаат доста нешта кои ги држат под конец легално и нелегално?Call me stupid но зар не тоа како да си пукаш во здрава нога?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Имали некои нови информации? Од 6 саат сум по страните на телевизиите сеуште се старите вести од вчера. МВР одржа ли некој нов прес?
-и јас го чекам истото
ама кај да свртам музика, серии реклами за детски фестивали
а оној Џорлев се расвирел од сабајле до песна и ора му дошло
се прашувам ова денас тажна држава ли е (или весела)
бар да почекаа да ги закопаат
еве како мисли Македонија на својте граѓани
и сител телевизија и другите
треба од утре да се прогласи ден на жалост во цела Македонија
нека почиваат во мир
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
На курир имате пренос во живо од прес-конференцијата.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Злосторство и студени глави

Кој и да стои зад овој крвав чин, јасно е дека го избрал најголемиот христијански празник за да испрати порака оти убиството се прави на верска или на национална основа. Убијците не мора да се од друга верска или национална припадност, но нарачателот на злоделото, има други, многу порадикални цели. Тој очигледно сака да го запали меѓуетничкиот и меѓуверскиот фитиљ и да предизвика реприза на воената 2001 година



Ладнокрвната ликвидација на петтемина млади рибари на Железарското Езеро во Скопје е бездруго акт што има терористички печат. Часовите и деновите што изминуваат можеби ќе дадат попрецизен одговор кој би можел да стои зад ова свирепо масовно убиство, но едно е сигурно. Тој што го извел овој крвав акт не е некој налудничав рибар што пукал во своите колеги поради кавга за мамци. Уште во почетокот на истрагата, за помалку веројатна се смета и приказната оти станува збор за мафијашка пресметка, зашто поголемиот дел од момчињата сосема пристојно се однесувале во средината во која живееле. Исто така, полицијата вчера немаше индиции дека младите се ликвидирани од користољубие или поради некаква друга лична одмазда за долг, поранешна тепачка, кавга или недоразбирање.

Ако полицијата во истрагата ги исклучи сите други банални мотиви, кои не се својствени за ваква масовна ликвидација, тогаш ќе биде јасно дека крвавата драма е однапред смислена и многу вешто организирана. Од скудните информации со кои располага јавноста, може да се заклучи дека момчињата се најверојатно следени и на убијците им било познато дека вообичаено одат на риболов на езерото. Времето на ликвидацијата е избрано токму во вечерните часови, кога е потешко да се забележи какво било движење. Јасно е дека на убијците некој им дојавил каде и кога рибарат потенцијалните жртви. Убиството е извршено во релативно напуштено место, од каде што може да се исчезне речиси незабележано. Во близина е скопската обиколница, од каде што за кратко време може да се избега во непознат правец, а може да се фати џаде и во странство. Сведоци на убиството нема, а и еден повозрасен рибар, што дошол на местото, исто така е убиен.

Најважната порака на организаторите на оваа масовна ликвидација произлегува од фактот што таа се случи на Велики четврток, на денот кога Христос беше предаден и осуден на смрт, еден ден спроти неговото распнување. Очигледно, православните христијани, односно Македонците, се избрани за отстрел. Кој и да стои зад овој крвав чин, јасно е дека го избрал најголемиот христијански празник за да испрати порака оти убиството се прави на верска или на национална основа. Убијците не мора да се од друга верска или национална припадност, но нарачателот на злоделото, односно оној што пукал во беспомошните и невооружени рибари, има други, многу порадикални цели. Тој очигледно сака да го запали меѓуетничкиот и меѓуверскиот фитиљ и да предизвика реприза на воената 2001 година.

Ова особено затоа што изминативе два месеца во Македонија се случија повеќе тепачки на меѓуетничка основа, во кои претежно ученици Албанци и Македонци си разменуваа тупаници, боксери, а имаше и истрели. Пресметките следуваа и многу вешто беа организирани по крвавиот настан во Гостивар, кога полицаец Македонец во наводна кавга за паркинг-место уби две момчиња од албанска националност, поради тоа што, како што се бранеше, била загрозена неговата и безбедноста на неговото дете. Семејството на убиецот се плашеше од одмазда, иако роднините и родителот на убиените Албанци јавно порачуваа да бидат спокојни, дека немаат намера да се одмаздуваат.

Крвната одмазда како мотив во случајот на последното масовно убиство веднаш се исклучува затоа што таа според природата не е чин што избира случајни жртви, само поради тоа што се од иста националност.
Инаку, јавноста во текот на донеодамнешните секојдневни меѓуетнички тепачки не престана да го прозива Министерството за внатрешни работи навреме да ги открие предизвикувачите, да ги уапси и да воведе ред. Најголемиот дел од виновниците МВР ги пронајде, ги уапси и против нив поднесе кривични пријави. Полицијата дури им нареди на своите припадници од дома до работа и назад да патуваат со автобус, за да можат да спречуваат инциденти. Владината коалиција ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, како и опозицискиот СДСМ, многу трезвено ги осудија овие настани и постојано повикуваа да не се пали меѓуетничкиот оган.

Сепак, регионот е сѐ уште котел што врие. Изборите во соседна Србија и можното гласање на Србите во Северно Косово дополнително ги запалија страстите, а сега Албанците наводно се иселуваат од Митровица и веќе зборуваат дека се жртви.

Деновиве се огласи и политичкиот лидер на терористичката Албанска национална армија, Гафур Адиљи, кој ги предупредил САД, Обединетите нации, ЕУ и НАТО дека „неговите повторно мобилизирани сили ќе бидат принудени да интервенираат по настаните на северот на Косово, во Западна Македонија, на југот на Србија и во делови од Грција“.

Радишани, пак, е место што има бурно минато од воената 2001 година. Токму во непосредна близина загинаа припадници на македонските безбедносни сили на 8 август, кога возилата нагазија на мина. Во непосредна близина се наоѓа и Љуботен, село населено со Албанци, кое е познато по интервенцијата на полицијата во август 2001-та, настан поради кој Јохан Тарчуловски беше осуден на повеќегодишна робија од судот во Хаг. Тој што го организирал и го извел последното масовно убиство, сигурно сметал дека поради одредени причини, радишанци се најпогодни за дополнителна ескалација на меѓуетнички и меѓуверски судири.

Во непосредна близина на местото на настанот се и Раштански лозја, каде што полицијата по воениот конфликт ликвидираше шест Пакистанци и еден Индиец, под сомнение дека станува збор за исламистичка терористичка група.

Како и да е, тоа што сега е најбитно е да се задржи студена глава и да се пресретне евентуалната намера на нарачателот на ова злосторство. Тоа може да се стори само со мудро и трезвено расудување и никако поинаку.

Автор: Зоран Димитровски извор Нова Македонија: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41412847351&id=13&prilog=0&setIzdanie=22556#.T4lSb9_U9zg.facebook


Медиумски "мрак" во Македонија.. Да ти е*ам телевизиите.. Сите знаат а молчат! :mad:
Добро утро.Ваквво слично кажав многу страни наназад.Тоа беше во 2000 кога во пограничниот регион мистериозно се самоубиваа по 2-3 војници на армијата на Република Македонија.Очигледно дека некој сака да се повтори 2001 година за да има непречен транспорт на нелегални активности(дрога,оружје,проституција........)од кои многу добро се заработува.
Да не заборавиме дека сдсм и тогаш беше опозиција,исто и сега само што сега бране има платено на словенска фирма да му напише сценарио за предизвикувашње нереди.Исто така и фрле на една нивна телевизија се закани со слично сценарио.
Тешко е да бидеш опозиција.Сувата украдена пара брзо се троши+имаат и кредит кој треба да го враќаат.
Целава работа ми смрди на сдсм +дпа за повторно доаѓање на власт
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Бидејќи според МВР, засега се "случајно" убиени лицата, било кој од нас може да заврши на истиот начин па предлагам МВР да го преиспита законот за поседување на огнено оружје да не мора да ја легализирам сачмата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Толку почна да се заборава настанов..на сајтовите на телевизиите по една скромна вест и толку,кур ги боли, ден на жалост само во Бутел, а белоглави да беа утепани ќе ни кукаа 3 дена ќе беше ден на жалост . СВЕ ДА ВИ ЕБАМ ПО СПИСОК!
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Да не не можи Гордана да се разбуди шо каснат?? Добро бе не треба да е ден на жалост? мислам озбилно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom