Ајфелова Кула

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Ајфеловата Кула е железна кула изградена на Марсовите полиња поркај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.
Кулата е висока 300 метри и има 75 спрата. Заедно со 24 метарската антена висока е 324 метри. Направена е 1889 година, кулата била највисока градба се до 1930 година, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк.

Кратки информации од Википедиа.

Неколку интересни податоци за Ајфеловата кула:
-Gustave Eiffel & Cie е името на компанијата која што ја гради Ајфеловата Кула, нејзин сопственик е Alexandre Gustave Eiffel.
-Нејзината изградба започнува во1887 година, по повод Meѓународната изложба, Светски Саем посветен на годишнината од Француската Револуција.
-Нејзината изградба траела 2 година 2 месеци и 5 дена.
-Конструктивни елементи : 18,038 челични профили и 2,500,000 челични спојки, 1665 скалила .
-Металната структура на Ајфеловата кула тежи 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони.
-Посетители до 31.12.2009 година: 249 976 000.



  • Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз.
  • Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести од сонцето до 8 cm, заради експанзијата на металот.
  • Најголем дел од жителите на Париз остро го критикуваат овој објект честопати нарекувајќи го „куп од железо“.
  • Ги де Мопасан (познат француски писател) ручал во ресторанот на кулата редовно, бидејќи тоа било единственото место во Париз од каде сигурно не ја гледал.
  • Оригинално, Ајфел дозволил кулата да стои 20 години (кога сопственоста би истекла за градот Париз, кој оригинално планирал да ја сруши; дел од оригиналните правила на натпреварот биле дека кулата морала лесно да се сруши), но бидејќи се прикажала како корисна за комуникациски цели, било дозволено да остане и по истекот на дозволата.
  • Свештеникот Теодор Волф во 1910 вршел набљудувања на радиациона енергија зрачејќи на врвот и на дното на кулата, и ги открил денешните космички зраци.
  • Во 1930, кулата ја изгубила титулата „највисока градба на светот“.
  • Од 1925 до 1934, осветлени знаци на Цитроен биле поставени на три од четирите страни на кулата, што биле највисоките билборди во светот во тоа време.
  • По нацистичката окупација на Париз во 1940, каблите на лифтовите биле исечени од страна на Французите за Хитлер да мора да се качи пеш, по скали за да стигне до врвот.
  • Во август 1944, кога сојузниците се приближувале до Париз, Хитлер му наредил на генералот Дитрих вон Шулц, воениот гувернер на Париз, да ја уништи кулата заедно со остатокот од градот. Тој не ја послушал наредбата.
  • Во 1980-те стариот ресторан бил растурен; бил откупен и реконструиран во Њу Орлеанс, Луизијана, оригинално како Ресторан Ајфелова Кула, денес познат како Црвената Соба.
  • Во 2000, трепкачки светилки и четири силни рефлектори биле поставени на кулата. Од тогаш светлосното шоу станува вечерен настан. Рефлекторите на врвот на кулата изгледаат како светилник во Париското небо.
  • Од 2003 до 2009 година SNTE(Société Nouvelle d'Exploitation de la Tour Eiffel) го добива правото за копирајт што се однесува на фотографирање на Ајфеловата кула. Со оваа одлука се забранува нејзино фотографирање и употребување на фотографиите во комерцијални цели без претходна дозвола.
  • Во 2009 година францускиот суд одлучил дека неможе да се бараат авторски права над слики кои вклучуваат заштитена градба ако фотографијата опфаќа поширока област, со оваа одлука SNTE и официјално го изгуби копирајтот на Ајфеловата Кула.
 
Нешто интересно шо знам за Ајфелова е дека писателот Ги де Мопасан бил жустро против нејзина изградба. Ама отпосле редовно пиел кафе во ресторанот кој се наоѓа во кулата. Кога го прашале - Па нели ти сметаше, шо сега тука пиеш кафе, рекол: Само од тука од цел град не можам да ја видам оваа железна грдосија :)
 
Што да се каже за кулата...симбол на Париз и Франција и еден од најпознатите објекти во светот..тешко дека некоја друга градба ќе ја достигне популарноста на Ајфеловата кула.
 
Ајфелова кула
Напишано од popara на 5 август, 2011 во Сите светски чуда - Нема коментари
1335.jpg

Триумф на индустриската култура
“Париска дама“, како што вообичаено ја нарекуваат во Франција, кулата која ја изградил инженерот Eiffel во 1889 година. Во текот на сите овие години, Ајфеловата кула нема изгубено ниту еден дел од нејзиниот сјај и убавина. Всушност, сега како никогаш досега, посетителите се уште побројни – околу два милиони годишно – се возат со лифтовите до широките платформи од челик. Луѓето не би можеле да го замислат Париз без Афјеловата кула.
Првиот предлог за изградба на кула со висина од илјада стапаки (308,80 метри) бил даден од страна на Англичанецот Trevithick. Но, оваа замисла не била реализирана, како ни идеата да се изгради кула висока илјада стапалки по повод Светката изложба во 1874 година во Филаделфија. Во 1874 година во проектантската канцеларија на Eiffel бил направен првиот преднацрт за 300 метри висока кула. Во тој период, постоеле голем број на други проекти. Жителите се воодушевиле пред замислата за една “сончева кула“ висока 300 метри, со светилник на врвот, кој ноќта во Париз би ја претворила во ден.
eiffelpieces.jpg

Но, за изложбата одговорен бил министерот за трговија кој одлучил за судбината на Ајфеловата кула. Било одлучено кулата да се изгради на површина од 125 метри дијаметар. Поради тоа, биле внимателно анализирани вкупно 107 локации. Комисијата од изложбата имала замисла да ја изгради кулата како мост преку реката Сена, но тој предлог бил одбиен поради неповолната површина на крајбрежјето на реката. Конечно, се одлучиле за Марсовите полиња.
EiffelTowerSmall.jpg

Не претставувало воопшто случајност што баш педесет и четири годишниот инженер Eiffel добил дозвола да ја изгради кулата како симбол и белег на изложбата. Уште многу години пред да ја изгради кулата, Eiffel се сметал за стручњак за градење на железни конструкции. Голем број на железни конструкции низ целиот свет биле проектирани во канцеларијата на Eiffel. Иако, години подоцна, најмногу го препознавале по Ајфеловата кула. “Оваа кула на крајот и ќе ме уништи“, изјавувал, “како ништо друго да не сум создал“.
Alexandre-Gustave-Eiffel.jpg
Alexandre Gustave Eiffel
Alexandre Gustave Eiffel е роден во 1832 година. Неговите француски биографи пронашле информации дека градителот на Ајфеловата кула, по татко потекнува од Германија. Татко му, Hans Heinrich Bönickhausen, за време на владеењето на Louis XVI, го напуштил неговиот роден крај Мармаген во Ајфел (Eiffel) и се доселил во Франција. Поради носталгија кон неговото родно место, кон презимето го додал и Eiffel. Во 1880 година, Gustave го избришал своето првобитно презиме и го оставил само Eiffel. Во 1886 година, започнале нацртите за изградба на кулата. За четири солбови им било потребно да се изградат темели од 26 м2, кои на страната од Марсовите полиња кон Сена се 14 метри и 9 метри закопани во длабочината на земјата. На ден, 30 јуни 1887 година, точно две години пред отварањето на Светската изложба, активностите околу поставување на темелите биле завршени.
A11-Tour-Eiffel-depuis-Invalides.jpg

Јавноста, различно реагирала на изградбата на кулата. Официјално била наречена “триумфот на индустриската култура“ и “мајсторско дело“, други ја нарекувале “симбил за повторно будење на Франција“ (после поразот од 1871 година), а имало и голем број на книжевници, сликари, вајари и архитекти, кои уште пред удирање на првите темели, се собрале и заедно протестирале против изградбата на кулата. “Во име на добриот вкус и љубовта кон Париз“, протестирале и се противеле на изградбата на монструозната Ајфелова кула. Guy de Maupassant, еден од противниците, ја испејувал изградбата на кула. Eiffel заедно со изложбената комисија имале голем број на препреки при изградбата.Сепак, протестите не успеале. Позади капиталот од 5 милиони и 100 илјади франка стоела Франција. Работите продолжиле според нацртите и кога се поставени огормните потпорни столбови, година дена подоцна била започната изградбата на железната кула и била изградна првата платформа. Од тој кат (58 метри) се продолжила изградбата до вториот кат (116 метри) и третата платформа (273 метри висока).
la-tour-eiffel_1by7-610x457.jpg

На работните цртежи имало 15 илјади делови, а имало вкупо 40 архитекти. Од една фабрика биле доставувани готови делови, изработени сосема прецизно – а, на локацијата само биле прицврстувани на кулата; 9.700 тони е тешка целата конструкција – една огромна железна маса, а всушност претставува филигранска градба. За да биде завршена кулата во одредениот период, било потребно да се работи повеќе од десет часа на ден, па дури и за време на зимските услови во 1888 и 1889 година. На 31 март, Gustav Eiffel го постави на самиот врв на кулата знамето на Франција, така што пред почетокот на изложбата на 6 мај 1889 година се било подготвено. Милионскиот трошок за изградбата на кулата не претставувало само атракција – туку веќе во првата година од официјалното отварање, било заработено дупло од вложениот капитал. Ајфеловата кула претставува дел од Париз. Сепак, сеуште има протести бидејќи, според некои, ја уништува сликата на градот. Позната е анегдотата за човекот кој не можел да ја гледа Ајфеловата кула, па секој ден се качувал на неа, бидејќи кулата претставува единственото место во Париз, од каде што не може да се види. Книжевниците и умтениците отсекогаш се занимавале со “Париската дама“. Сепак, Ајфеловата кула припаѓа во градската слика на Париз па дури и претставува една од најимпозантните градби како во Франција, така и во целиот свет.
view_from_top_of_eiffel_tower-610x457.jpg
 
Јас имам една ајфелова кула за продавање направена од кибритчиња ако сака некој нека пише ке се договориме за цена и друго :vozbud:DSC02029.JPG
 
Колку се плаќа сега за влез во Ајфеловата Кула?
EUR 9,90 во група, а околу 17 сам. Ова беше за 09/11.
П.С.
Во обезбедувањето на Ајфеловата има чоек од Егри, Битолско.:vozbud:
 
Јас имам една ајфелова кула за продавање направена од кибритчиња ако сака некој нека пише ке се договориме за цена и друго :vozbud:Прегледај го приврзокот 39911

Колку е висока? Јас дома имам исто ајфелова направена од кибритчиња, висока е околу 2.5 метри, татко ми ја правел повеќе од 3 години со милјони кибритчиња. Моментално предпоследниот дел и се скриши, и не му останува време да го поправи, штом можам ќе ставам слики да ја видите без тој дел. И да колку ја продаваш твојава?
 
Ако не ме лажи сеќавањето пред 4 г имаше 3 цени за влез,зависно на кое ниво сакаш да се качиш.
 
За 10 дена ќе одам Париз... некој што бил да ми кажи дали стварно само до третиот спрат може да се качи на кулата? Слушнав муабет дека за да се качиш до врвот требало со денови однапред да резервираш...
Исто така, некој друг hint да даде за Париз, што да се запази повеќе, на што да обратам внимание...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom