Фан Клуб: Јувентус

Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Да ја изгледам цела ќе има некакви шанси ?
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Да ја изгледам цела ќе има некакви шанси ?
Еве друже овде можеш да си ја симнеш цела, јас неколку натпревари до сега од тука имам гледано нема никаков проблем.А и овој денес може реприза да си го прегледам.
http://www.fullmatches.net/juventus-vs-napoli-01-apr-2012-full-match-dawnload-serie-a/ ако е забрането да бришам линков?

За натпреваров што да се каже, прво полувреме со Бориело волот напред ниту една топка не пројде.Навистина не ми е јасно зошто на Тони не му се даде олку можност колку на овој.Сигурен сум дека за овие мин што ги одигра серково, Тони барем 1,2 гола ќе дадеше, ама тоа е завршена работа.Истото мислење го имам за Елија и Красич дека недоволно добија време а требаше барем кога ни падна формата со нерешените да поиграа.Али сепак супер сме до сега, огромна заслуга има Конте иако на почеток јадев трици сепак мое е да му се извинам, погрешив во проценката.

Второто полувреме се си дојде на место после измените, одлични гола на Видал и на Кваљарела.Голот на Бонучи сепак пресуден за исходот.На дечково сепак мое мислење е дека треба да му се даде шанса и наредна сезона, реков има време млад е ќе се зацврсти.

И да не ги редам со ред сите беа феноменални, да се надеваме на кикс на Милан па на крај да си дојде Скудетото каде што припаѓа. А Купот се знае, ќе јадеме репете наполитанки :)
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.642
Поени од реакции
17.523
Само 1 работа не ми е јасна, зошто игра црепот Бориело?? Наместо Кваља, Матри или АДП, манекенот се движи на теренот ко на модна писта.
Затоа што тој не се кориссти како класичен напаѓач туку како пивот да прави место за др играчи и да трга играчи на себе ( ова второто е повеќе улога на Вучинич)

Вучинич под Конте ( кои често изјавува) има улога да трга луге на себе и да креира место за напаѓачите .

Бориело добро ни користи за креирање на Место и денес ако Матри играше против Каванаро вервам дека Канаваро ке го изедеше Матри жив.

Ма да јас преферирам Матри да игра ама се уште не верувам дека Бориело е лош напаѓач и историајта тоа го покажува ама едноставно што е тука е

ВО ДРУГРИТЕ ВЕСТИ ТЕМПЕРЕТУРАТА ВО МИЛАНО НАГЛО СЕ ПОКАЧУВА .....TOРНАДОТО СО ОГРОМЕН ЗАМАФ ОД ТОРИНО СЕ ПРИБЛИЖУВА
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Potente Juventus, што друго да се каже за мечов. Ги ставивме Наполитанкиве во заб. На неколку гриза отиде цела кутија:). Одлично играме последниве три меча со гол разлика 10-0. Да игравме вака со Серија Ц екипите што ни вадеа нерешени, каде ќе ни беше крајот. Ако не освоиме на крај сами сме си криви. Демек не можат вака да одиграат со мртовци ко Џенова, Киево, Сиена...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.642
Поени од реакции
17.523
Каков играч си зедовме во овај погоре за беспари ( метафорички) секогаш сум го сакал уште од порано детето има Јувентино Срце. MARTIN CACERES UNO DI NOI !!!1
 
A

apidrone

Гостин
Не шутнаа Наполитанкиве у гол. НЕ ШУТНАА! И таква екипа да се мотка у ЛШ? Ма немој да ме... Бориело не сакам да го коментирам, немам живци веќе. Само како што прочитав не беше ставен да влече играчи на него како што пиша некој погоре, туку демек бил добар у дуел. Кутриот. Вучко џабе го критикувате, баш тој е најактивен во нападот, и доста добро ги разигрува останатите. За Дел Пиеро исто не треба да се трошат зборови, влага и асистенција. Пирло да престане со дриблинзите свртен накај Џиџи, еден ден ќе му се удри од глава тоа.Одбранава стандард на високо ниво. Триото Пирло - Маркизио - Видал доминираше на средината. И за да не биде се идеално, ќе мора у скоро време да се бара замена за Пирло, адекватна замена. Нападот... пробуваше Вучко нешо, али и Меси или Роналдо да му наместат на тацна гол, кретенов М.Б. ќе промашеше/немаше да искористи.
Е сеа ако си кажуваме желби за меркатото, ја лично би сакал Лавеци да дојде. Ќе кошта, али сигурен сум дека покрај вакви соиграчи би се истурил од голови давање. Секако треба и тој да сака да дојде. Лавеци > Кавани, бидејќи првиов знае и сам да си креира шанси, додека Кавани е повеќе чекач (али јак финишер, нема што). Мислам дека не се потребни скапи, а ризични засилувања како Торес, Игуаин, Џеко и сл.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.495
Поени од реакции
87.407
Коментар на страната на Панче Малдини ( Знаете која :D )

Inter - No Calciopoli, No Win
Milan - No Penalty, No Win
Juventus - No Lose, Just Win
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Како што лежев вчера и го следев натпреварот, кога влезе Дел Пиеро во игра и дриблингот на тие 2-3 ца рипнав ко мајмун за семки,но сепак веќе немаше рамнотежа и сила да шутне добро кон голот!
Ептен се возбудив, Дел Пиеро го поштовам ептен (не сум фан на Јувентус иначе) ;)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.008
Поени од реакции
5.624
Победа на Јуве која вреди повеќе од 3 бода (ја зголемија разликата со Лацио и компанија на минимум 11 бода, а се доближија со Милан на 2 бода).

Одбраната изигра перфектно. Хамшик,Лавеци и Кавани ниту се приближија кон голот.

Најголема заслуга за оваа победа има средниот ред. Пирло, Видал и Маркизио одлично играа и во напад и во одбрана.

Бориело според играта која ја прикажува досега докажува дека не заслужува да игра во Јуве, се што направи во текот на натпреварот беа две додавања, ништо повеќе. Вучинич првото полувреме изигра под негово ниво, во второто ја поправи неговата игра. Матри, Дел Пиеро и Кваљарела мора да играат пред Бориело, тоа се докажа и на вчерашниот натпревар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom