Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.312
- Поени од реакции
- 34.715
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Меѓуградски транспорт од иднината
Замислете да можете да патувате од една до друга точка во светот за само неколку часа, а во тоа да не е вклучено летање со авион, туку нормален „градски“ транспорт? Ваквиот транспортен систем наједноставно би се опишал како „воз во вакуум“, а подеталното објаснување е малку посложено.

Транспортниот систем чиј принцип на работа се заснова врз магнетна левитација (понатаму: маглев) би ги носел патниците од Њујорк до Пекинг за два часа, а застапниците на Evacuated Tube Transport (ETT) тврдат дека е тивок, поевтин од возовите и автомобилите и побрз од авионите, пренесува Gizmag.

Основата на замислата за ваков вид на транспорт се базира врз патентот кој е издаден уште во 1999 година, а начинот на работа накратко се објаснува вака: ставете суперпроводлив маглев воз во цевка, забрзајте го користејќи линеарни електрични мотори додека не ја постигне посакуваната брзина. Бидејќи моторите се интегрирани во цевките, пасивните суперпроводници им овозможуваат на капсулите да лебдат во цевката, додека струјата индуцирана во спроводливите материја ја движи капсулата. Ефикасноста на ваков систем би била доста голема, бидејќи електричната енергија потребна за забрзување на каспулата може да се надомести при забавувањето.

Најпрактичниот модел се заснова на капсули во големина на автомобил доволен за неколку патници и багаж кои ќе патуваат во вакуумирани маглев цевки со дијаметар од 1,5 метри. Маглев цевките се одржуваат до скоро вакуумирана состојба, а капсулите се внесуваат преку направи кои ја минимизираат промената на притисокот во објектот, поставени на патните станици. По внесувањето, капсулите се забрзуваат до 6,500 километри на час.

Од компанијата која го поседува патентот, велат дека досега имаат продадено десетина лиценци на компании во Кина, а повеќе од 60 се купени од компании во пет различни држави. Компанијата засега има развиено 3Д виртуелно возење за системот, но, иако лансирањето на ваквата виртуелна тура беше закажано за минатата година, сè уште не е спроведено.
Што мислите, ветувачки концепт или уште еден нереален сон?