Добра серија, а не сум баш фан на овие случај-по-случај серии. Има некаква поширока слика која треба да ја очекуваме ама сега за сега е во втор план.
Добри страни: перфектна актерска екипа, Бенџамин Лајнус ју сан оф а бич! Џим Кавизел, еден од потценетите актери според мене, за крими/серија е перфектен. Фаско е исто јак карактер, додека малку потфрлиле со детективката, не дека нешто и фали туку можеле многу подобро, некој јак женски лик како Оливија Данам во факинг Фринџ. Значи, актерската екипа, и добро осмислени приказни, добро напишани пред се.
Лоши страни: многу клише, премногу се успешни нашиве супер херои, како A-Team со Џемс Бонд играчки... премногу често наводно добриот лик се трансформира во негативец а тие баш навреме стигнуваат да го спречат. Пореално ќе беше повеќе пати да ја усереа, па грижа на совест, пиење по барови, нешто да легнеше Исус од Гибсон... многу work work work, ништо од приватен живот пошто и со лонгети на нога работат, како Џејмс Стјуарт во Rear Window. Исто лош вовед со тој монологот на Бенџамин кој за среќа можам да го турнам напред, а би преживеал и без тоа графиката со камерите.
Како и да е, добра серија. Се сомневам дека ќе остане на тоа дека има машина, можно е J.J. да се сврти на паранормални способности на Бенџамин Лајнус или некој посредник...