[Serie A] Јувентус - Интер (25-Mar-2012; 20:45h)

Кој ќе победи на дербито на Италија?


  • Вкупно гласачи
    124
Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
vs
Serie A: Juventus - Inter (25-Mar-2012; 20:45h) Juventus Stadium, Turin, Italy.
Еден од двата дерби натпревари во Италија ова коло (другиот е во Милано каде ќе се сретнат Милан и Рома). Јувентус го пречекува Интер во Дербито на Италија. Во минатото меѓусебните дуели на овие два тима секогаш биле исполнети со возбудувања, голови, пеколна борба, одлична атмосвера на трибините, што не би требало да биде исклучок и овојпат.​
Јувентус непоразен сезонава ги пречекува Интер, кои играат доста променливо во последно време. Јувентус иако непоразен, сепак со голем број на нерешени, што е и причина за второто место на табелата на тимот од Торино. Тимот на Конте очекува да ја продолжи серијата без порази, меѓутоа со победа а не со уште еден нерешен резултат. Јувентус годинава одличен на дерби натпреварите, додека пак Интер, како и на натпреварите со помалите тимови, така и со големите - променливо. Тимот од Торино ијако не најдобар во нападот, има најдобра дефанзива во лигата, со примени само 17 голови. Jувентус ќе настапи без Лихштајнер кој е суспендиран поради жолти картони.​
Притисокот од овој натпревар е на страната на Јувентус, што е предност за Интер. Тимот на Раниери мора да победи доколку сака да се доближи до местото што води пласман во ЛШ, меѓутоа Јуве игра за да одржи чекор во борба со Милан за скудетото. Интер е во серија од 3 натпревари во Серија А без пораз, две нерешени и еден пораз. Интер на овој натпревар според последните шпекулации, ќе настапи без Снајдер, кој е повреден, меѓутоа добро е што Поли игра одлично за Интер, што е плус за Нероазурите. Ќе видиме дали тој и Станкович ќе бидат доволни за да се добие битката на средината на теренот против Видал, Пирло и Маркисио. Киву и Гуарин се вратија од повредите, но тешко веројатно е дека ќе играат на дербито (барем не од прва минута). Алварез е сеуште повреден.​
Јувентус се очекува да почне со формација 4-3-3, додека пак Интер 4-4-2​
Moжни формации:
Формата на двата тима сезонава во Серија А (на Јуве на домашен, на Интер на гостински терен):
Последни 5 лига натпревари на двата тима и неколку статистики:
Нека победи подовриот! Мој тип = Голема борба со многу жолти картони (може и црвен) и минимална победа на Јувентус од 2-1. Со среќа на двата тима!​
Дискутирајте!​
п.с. Се молат фановите на двата тима да водат дискусија на ниво, каква што доликува на натпреварот. Муабети за Калчополи, ЈуБентус, Шинтер, Фарсополи, Јуве местачи, Лет ит Б и сл. нека се избегнуваат. (y)
п.п.с. Постови од типот: ,,Ќе победиме“, ,,Јуве ќе победи“. ќе бидат бришени. Доколу тоа е се што имате да кажете, само гласајте во анкетата.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Ке биде многу интересно во секој случај. И на двата тима не и одговара нерешено, Интер се бори за во Европа а Јуве за скудето. Мој тип, чиста победа на Јувентус зашто се подобри барем на хартија и имаат подобар состав.
Раниери ми делува многу лузерски додека беше и кај нас (Јувентус), но за вакви дуели беше спремен и изненадуваше.
Во секој случај типувам за победа на Јуве со 3:1 или 2:0.
Forza Juve !!
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Мислам ке тепа Јуве, 2-3 гола ке има и ке биде интересна утакмица
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Гласав за Јувентус не затоа што стварно мислам дека се подобри или дека сум некој нивни фан... туку за инат на Интер што не можат да дадат еден гол 90 проклети минути.
Ме зафркнаа мн гадно и више никогаш нема да ги пишам а и ако ги пишам тоа ќе биде за да губат...

Eдитирано од модератор. Несоодветна содржина.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
тесна победа на јуве , интер ќе игра ко да нема утре зашто ова е последна шанса да спасат барем трошка достоинство сезонава но нема да биде тоа доволно , едноставна ранко ја прави разликата и то је то.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Интер ќе се брани значи ќе биде 0:0 или 0:1 некој гол од контра. :D
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Верувам во победа на Јуве на дербито. Јуве се во, да речеме солидна форма, далеку од одлична ама мислам дека тоа ќе биде доволно за макар минимална победа. Ако Интер успее да извлече нерешено или победи повеќе ќе ми биде криво што тоа му успеало на лузер ко Раниери отколку што Интер победил. Мислам дека со типов некој реиндом форумџија може да се надигрува а не пак вистински тренер. Доколку Конте не победи во недела, тоа ќе биде неговиот најголем тренерски неуспех во досегашната кариера, не поради противникот на теренот туку исклучиво поради противникот на клупата.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Принцот ќе ја реши исто како со Милан. 0-1 точен резултат.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Прво полувреме Интер ќе биде фати топка рогај напред, што подалеку од тебе и ќе бидат сите 11 во одбрана, шанси за гол да дадеме се 1:100, или по некоја контра или некој прекин

Forza Inter
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.808
Поени од реакции
11.426
Не знам што е со интер сезонава, ама не ги гледам ни ко екипа што ќе успее да извади нерешено против јуве. Без навреда до нивните фанови ова е кец чист ко суза.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
1.7 коефициент за победа на Јуве :eek: ... ова се кажува за моменталната состојба и разлика меѓу овие два клуба во моментот. Дај боже Интер да одигра борбено, нека има голови и интересен натпревар, и нека победи Јуве :)
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Мислам дека Интер ќе игра дефанзивно. Раниери ќе нишани на нерешено, ќе проба да остане 0-0. Очекувам на вакво дерби и минимум еден црвен картон, е сеа кој ќе ја има среќата, не знам. За точен резултат, типувам за минимална но сепак победа на Јуве од 1:0
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1.7 коефициент за победа на Јуве :eek: ... ова се кажува за моменталната состојба и разлика меѓу овие два клуба во моментот. Дај боже Интер да одигра борбено, нека има голови и интересен натпревар, и нека победи Јуве :)

Јувентус е фаворит, но сепак квота од 1.65 е претерано потценување на Интер.

Х2 за 2 коефициент е сосема солидно за сингл.

Па и овие од Интер знатт да трчаат и да играат фудбал да ги е..м. Кадарни се за една нула барем:P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom