Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Дури 300.000 евра што ќе треба не градот туку ние преку даноци да го платиме.
Како може вакви фирми да се во долгови ич не ми е јасно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
само во населба аеродром сега за сега паркирањето и во сабота е до 23часот... во другите зони е до 14 часот... тоа го знам... а она со таблите... некоја грешка е... и некој ќе го јаде за тоа (ако више и не го изеле).... мислев на нормалните корисници на паркинг услугите...
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
само во населба аеродром сега за сега паркирањето и во сабота е до 23часот... во другите зони е до 14 часот... тоа го знам... а она со таблите... некоја грешка е... и некој ќе го јаде за тоа (ако више и не го изеле).... мислев на нормалните корисници на паркинг услугите...
Ако не е и намерно направено
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Деновиве ЈП треба да објави завршна годишна сметка. Очекувам, по тоа, Советот да го укине ЈП и со тоа да се заврши ова срамота и резил, а ние да прогласиме Победа.
Затоа, се уште не го пратив поднесокот 4 до Судот во Стразбур, кој е речиси подготвен.
За да го подигнам моралот на сите кои очекуваме крај на дискриминацијата и на не законското казнување од страна ЈП сега ќе цитирам дел од писмото што го добив, пред една недела од Судот, а се однесува на поднесокот 3:
„ Го потврдувам приемот на Вашиот допис од 26 декември 2011 година со приложените документи.
Тие се приклучени кон досието кое се води за Вашиот предмет....
Со почит, од името на Секретарот на Судот - Правен секретар ... “
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На денешен ден пред три години, на 2. март 2009., година е поставена рампата кај Зелен Пазар, односно поставена е рампа пред зградата во која живеам.
Тој ден врнеше дожд. А јас не знаев, ниту кој ја постави, ниту зошто е поставена таа рампа, но тој ден започна мојата активна борба против, срамните, гнасните и омразените рампи, зони и пајак возила, која и денес трае.
Тогаш, јас не знаев што се ќе биде потребно да преземам, ниту можев да замислам дека за ова ќе се обратам на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но знаев дека со сите сили ќе се борам и дека се ќе направам се до конечната Победа.
Во овие три години, напишав повеќе стотици дописи и собрав огромна документација. Иако изгледа дека не сум постигнал успех, рампата се уште стои, постигнав доста, но на една работа сум посебно горд.
Стекнав многу нови познанства и пријателства. Не само на овој Форум, секаде каде што одев и се обраќав во институциите на системот, обичните вработени, дури и во службите на Општина Центар, со симпатии ме дочукуваа и направија се да ми помогнат.
Денес ми е јубилеј и на овој начин, тоа сакам да го обележам и споделам со Вас.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oдамна немаше во весниците ништо околу зоните и рампите
Денес во Утрински весник е објавен напис, Општината ќе го субвенционира ЈП со 100.000 евра. Пренесени се изјави на Градоначалникот и на еден Советник од СДСМ Наводно сите ќе сме имале штета ако ЈП пропаднело.
Ако имате време, прочитајте и насмеј те се:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F4E35E565A76EA4CA38973B7397570DD
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Претпладнево, бев во населба Аеродром.
Кај „ Три Бисери “, ЈП го подготвува паркингот за зонско.
Ако некој знае повеќе за ова нека не извести.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
До Уставниот суд, поднесов иницијатива во врска со зонското паркирање во Куманово. Еве како изгледа третата точка кој се однесува на дискриминацијата:
3. Член 29 на Одлуката кој гласи: „ За станарите односно правните лицашто имаат живеалиште, односноделовен простор во објекти во границите на чии парцели не е решено паркирањето, може да сеутврдат повластени услови за паркирање на нивните возила на јавните паркиралишта, што сево непосредна близина, во поглед на бројот на возилата, траењето на паркирањето и цената науслугата и да им се издаде повластен паркирен билет.Правото на користење на повластен паркинг билет го утврдува организаторот напаркирањето.“
Со овие одредби се предвидува неравноправност на граѓаните. Се овластува организаторот да утврдува и да дава некакво „ право на користење на повластен паркинг билет “ за користење на добро во општа употреба, за некои правни и физички лица.
Ова е спротивно на член 8, став 1 црта 1 и 3, член 9, член 51 и член 54 сите од Уставот на Република Македонија; Член 1 од Протокол 12 кон Eвропска конвенција за заштита на правата на човекот и основните слободи ( Службен весник на Репубика Македонија број 30/04 ); Прембулата и членовите 1 и 2 од Универзалната декларација за правата на човекот, усвоена од Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации на 10 декември 1948; и Член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права ( Службен лист на СФРЈ број 07 од 1971, на сила во РМ од 17. 11. 1991 ).
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
Не знам дали негде назад у темава пишуе за Лептокарија. Они таму, станарите, дуќанџиите, колку што знам некако не дозволиле да им закачат зонско, па сеуште нема. Ако можеле они, ваљда можат сите.
--- надополнето: 4 април 2012 во 15:37 ---
Претпладнево, бев во населба Аеродром.
Кај „ Три Бисери “, ЈП го подготвува паркингот за зонско.
Ако некој знае повеќе за ова нека не извести.
Само се обележани се паркинг местата, колку што знам не почнале да наплаќаат.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
денес ми стига смс порака со следнава содржина:
ЈП Градски паркинг Ве известува дека имате неподмирен долг за користена паркинг услуга за кој ке биде поведена соодветна постапка. инфо на тел 321-55-66 лок. 105

нормално дигам телефон се јавува да се информирам за каков тоа долг станува збор кога немам подпишано со градски паркинг за никакво паркирање, никаков договор, никакви податоци и слично... после 1 саатупорно звонење конечно добив некого и му викам вака и вака поракава... типот од другата страна нај љубезно ми побара телефонскиот број на кој ми ја пратиле смс пораката, му кажав бројот и ми вика вака:
возило со регистарски број ХХХХХХ на некој ден во јуни 2010 година било паркирано во аеродорм и немало платено за паркинг, па соодветно на тоа ми била пишана казна, со веднаш пополнети податоци на уплатница, спакувана во кесе и закачена на бришачот... во прилог имаме и 4 фотографии како доказ за истото... ве молиме да ја уплатите погоре споменатата сума од 1300 денари во рок од 8 дена во спротивно ке поднесеме налог за наплата...

и сега....? да им речам сликајте се и да се влечкам по судови да се докажувам (ако имаат основ за на суд) или да идам да платам... финтата е што возилото ми е на фирма и не велам не, веројатно се во право, не сум платил за паркирање... ама нели вообичаено товарни возила не плаќаат т.е. им гледаат низ прсти а плус и бајаги бајато е ова... 2010 година е... скоро или околу 2 години од тогаш... тоа е од периодот кога немаа шапи-лисици за тркала...

смрт за зони и пајак воз. кажувај законот како иде сега по ова прашање, пошто со вакво нешто прв пат се среќавам... никој до сега што го познавам не му стигнало после 2 години за да плати... изгледа стварно им требаат многу пари... (заприметете ја разликата во тескстот изгледа многу им требаат пари контра текстот изгледа им требаат многу пари) има разлика и тоа добра разлика
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
смрт за зони и пајак воз. кажувај законот како иде сега по ова прашање, пошто со вакво нешто прв пат се среќавам... никој до сега што го познавам не му стигнало после 2 години за да плати... изгледа стварно им требаат многу пари... (заприметете ја разликата во тескстот изгледа многу им требаат пари контра текстот изгледа им требаат многу пари) има разлика и тоа добра разлика
Уставот на РН во
Член 98 гласи: „ Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Организацијата на судството е единствена. Забранети се вонредни судови “
Член 14 од Уставот гласи: „ Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука. “
АМАНДМАН XX 1. За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања. Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон. 2. Со овој амандман се дополнува членот 13 од Уставот на Република Македонија.
Член 259 став 3 од Законот за облигациони односи гласи: „ Договорна казна не може да биде договорена за парични обврски. “
Што значи: Бидејќи во ниеден закон на РМ не е предвидено казнување на тие што не платиле за паркирање ниту може да биде договорена договорна казна. И ниеден суд нема да прифати да суди по таква тужба, бидејќи ЈП се повикува исклучиво на одлука на Советот на Градот Скопје, а тоа не е закон.
Дури и да имаше прекршок тој ќе беше застарен бидејќи за прекршоци застареноста е една година. Законот за прекршоци вели: „ Член 42
(1) Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако
помине една година од денот кога е сторен прекршокот.
(2) Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е
сторен прекршокот.
Според тоа нема никаква опасност да те казнат. Тие единствено фаќаат на финта, - ќе те тужиме - зошто да се расправаме по судови - зошто да плаќаш судски трошоци - само платини и немај гајле. Има наивни и им плаќаат
Мој совет е, отерај ги таму од каде што излегле, ништо не им потпишувај, ништо не им плаќај и гледај си работа. Ако нешто друго преземат те молам јави ми.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
значи да не им плаќам... е па не им плаќам... и да, ќе те известам ако нешто стигне и тоа со задоволство, зашто знам и јас дека за 12 месеци застарува прекршокот од денот на правење на истиот и ако не е поднесена соодветна тужба-пријава за истиот во тој временски период целата работа е пу-пу неважи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom