Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што кажа лошо човекот ?Повеќето од работите се вистина.Иначе нормално дека не се сака со него.Па заради Лино он си отиде од Металург во Вардар.
А бе види, јасно дека никој не е совршен, па ни Лино, ама сепак има начин како да изразиш мислење. Премногу му се надмени муабетите искрено. Јас Борко лично многу го почитувам како голман и на форумов 100 пати имам кажано, ама вакви изјави не му требаат. Сепак Лино има искуство, кредибилитет и успеси зад себе и треба да се има почит спрема него и дури и да има несогласувања, тие да бидат искажани на нормален начин.
Лино никогаш не штеди пофални зборови за репрезентацијата и додека траеше првенството, а ни сега, баш читав изјава дека оваа репрезентација може да отиде далеку и не би било изненадување доколку се квалификуваме на Олимпијада.
Значи, не велам дека Лино е совршен, само велам дека не е коректно што на ваков начин го изразил своето незадоволство. Премногу се осеќа горчина.
Муабетот со Станиќ посебно...
Диви е супер, јас нашите многу ги почитувам и сметам дека се премногу квалитетни, ама сите го гледаме Станиќ што може и како може и што прави...
Не знам, малку ме разочара со интервјуво искрено.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Марковиќ се истакна во последните два меча во групи, ама беше далеку зад Мојсо. Металург е екипа која повеќе се посветува на одбраната и затоа мислам дека Козлина е подобар, можда не играше како што треба, ама се гледа дека е играч од врвна класа. И уште нешто поврзано со текстот, не смее да му се дозволи на Червар да носи крила од странство, со толку надежни крила во Македонија тој да носи странец е грев, ако е толку добар тренер нека ги научи Манасков и Гоце како се игра похрабро, а не да се губи како во првото полувреме вчера кога врска немаше што се случува.
Но со толку надежни и неискусни не се игра нокаут фаза у Лига на Шампиони.

Да збориме реално, Манасков и Георгиевски се малку префорсирани од наша страна. И двајцата се изгубија на дуелите со појаките екипи во ЛШ... донекаде и оправдано му е на Лино да бара искусни крила, бидејќи тоа ќе му биде голем плус...

Бараме брз успех а бараме и да им се дава првотимска шанса на младите (иако Гоце и не е така млад веќе), две работи кои не одат заедно... т.е. одат али ако се работи за еден од нив, вака две крила, многу влијае...

Но тоа е пехот од тоа што кај нас има само 2 клуба. Да имаше бар уште 2 покрај Вардар и Металург (не треба ни да споменам кои треба да бидат тие 2) ќе беше многу подруга работата...

Финтава кај нас е да се напави клуб-репрезентација ко со жените, али овде неможеш да увезеш странци и да им дадеш државјанство оти таквите веќе настапуваат за нивните селекции. Пробуваат нешто кое знаат дека е невозможно.

А да не зборам дека и личните интереси се ставени у преден план кај нас, доказ за тоа е и изјавава на Борко. Сеа отишол у Германија и мисли го фатил господ за муда. Може лошо да му се врати тоа што го изјавува... И секако тоа не го прави Червар послаб тренер, и Ибрахимовиќ изјави за Гвардиола таму незнам што... :pos:

Многу работи се трули кај нас...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Очигледно Борко збирал фрустрации од одамна. Не навлегувам што колку е точно, ама не ми се допаѓа тоа што откако замина собра сили да каже нешто вакво. Па колку време беше овде, не дека од Металург си замина вчера, што не кажа збор два за сето ова време? Многу симптоматично.
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Тоа е Борко.... Без влакна на јазикот, си кажува што мисли секад. Иако не секогаш е во право. Малце си е умислен, малце повеќе од што треба. Очигледно е дека не сака авторитет, повеќе сака да си праи како што му одговара него. Веројатно и затоа го избрка Савевски и од репрезентација и од Вардар. Затоа и мене не ми е баш омилен лик, иако сум му вечно благодарен за се што направил у репрезентацијата ( зборувам за одбраните :D ) па и у Вардар. Ќе видиме у Гумерсбах колку време ќе издржи пред да се врати назад.
Има некои делово од интервјуто со кои делумно се согласувам, али има и некои смешни делови дефинитивно.

п.с Али фаца е
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Борко е многу кренат човек со малце лев карактер, настрана тоа што е непробоен кога ќе се мотивира.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Отсекогаш сум го нејќел Борко....
Ама секоја чест за изјавата....
Треба ЈАЈЦА за ова да го изјавиш....посебно кога се работи за Металург,тимот шо ја спонзорира репрезентацијата.....
АПСОЛУТНО Е ВО ПРАВО за Диви,за начинот на кој беа избркани Лазаров,а посебно жално и греота е на кој начин беше избркан Столе...
Па дали доликува бе на таков начин да се избрка таков талент.......кој се покажа како еден од најдобрите пикери на ЕП....
Треба да си луд да го избркаш Столе од екипата.....
Дремеше кутро дете години на клупа,замина во Романија парче напрај,на ЕП се е кажано,во Вардар се покажува...
Лино е најголемиот виновник шо порано не беше откриено ова дете....
Како стручњак мораше со време да го воочи талентот на Столе....
Ај Фичо Лазаров,до негде за него еок,имаше свои шанси,не се докажа ептен,ама и тој беше буквално избркан од Металург,можеа да си го чуваат барем како резерва,сигурно е подобар од Јоноски на лев бек...
Ова е модерен ракомет,не можиш само со Мојсо со 187 да држиш цело време лева страна од напад:eek:,посебно не против такви груби одбрани.....
Секоја чест за чика Лино,за неговото ракометно знаење,за авторитетот...отсекогаш сум го ценел...
Напрај многу за Металург,без него немаше да стигнат дотука....факт....
Ама овде Борко е во право........(барем за тој дел од интервјуто)....
И овде Металург како клуб треба/ше да си завземи свој став и да застани зад играчите....
Зошто тие се главните спонзори на репката,утре Лино ќе си оди,после шо прајме?
Ќе немаме играчи ни за лек,кај ќе бараме играчи за репката?На Марс?
Долгорочно немаме иднина во ракомет.....(дај боже да грешам)....
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Ќе немаме играчи ни за лек,кај ќе бараме играчи за репката?На Марс?
Долгорочно немаме иднина во ракомет.....(дај боже да грешам)....
Маџовски и Георгиевски ќе треба да чекаме во наредните 2-3 години да испадне нешто од нив.Иначе други бекови само уште Кукоски и еве Стојчевски што би можеле одма да влетаат во репрезентацијата.
Али и тоа е малку.Овие двајца кој знае какви играчи ќе испаднат да бидат,иаку се талентирани,а другиве се просечни играчи.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
124
Поени од реакции
13
значи македонска работа. кои сте вие да го оспорувате квалитетот на лино???? знае ли некој од вас ЕКСПЕРТИТЕ кој е Червар??? па Металург не е црвен крст да потикнува демек надежни таленти да греат клупа кога треба да игра во Лига на шампиони бре? Металург е европска екипа и не е македонска репрезентација. Кој сака ќе купат ако имаат пари а имаат. Како само кај нас ако некој направив нешто добро и има резултати сите знаат што е проблемот и кој каде греши ??? Мене многу ми се чудни коментариве за Столе и Борко и остала компанија. Секоја чест за Столе за европското али Столе бесе ТРУБА додека играше во Металург . А за Филип Лазаров секој кој знае бар малце било каков спорт ке каже дека е ПОДВИЖНА КАТАСТРОФА со 5 ЛЕВИ РАЦЕ. Червар е стратег и тренер не е Мајка Тереза да негува и чува лоши играчи кои треба да победуваат. а за Борко не треба да се зборува Борко има добри моменти кои траат кратко ама има многууууууууу лоси моменти кои траат малкуууууу подолго. А на Станиќ може само да му подава Вода. Борко е искомплексирано стрворење кое нема ни малку почит и култура со своите ниски коментари за еден Червар. Секој сто знае несто за Металург и однесувањето на Борко во тој тим, многу добро знае зашто Борко беше избркан од таму. И доста срамота е да хејтате се што е добро во оваа земја. Не се занимавајте со трачеви.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Не знам што се возбудивте толку. Борко само ја кажа реалноста, му се свиѓала на некој или не, а тоа е дека Металург е далеку од тим што наликува на македонската репрезентација, како што некои се обидуваат да прикажат. Репрезентативците не играат скоро никаква улога во успесите на Металург, со исклучок на два-тројца. И затоа е крајно време да се прекине со форсирањето на тезата дека Металург е македонската ракометна репрезентација во мало. А баграва платеничка на Минчо одма побрза да застане во одбрана, па така дури и некоја крава од Бекстејџ се дрзнува да коментира за ракомет?! Безобразно до немајкаде:
http://backstage.com.mk/mk/articles/makedonska-scena/borko-ristovski-protiv-lino-chervar
 
Тука е маката...
Шо Стиоле не доби ШАНСА ДА ИГРА!!!!
Освен во некои дуели со Преспа и Радовиш.....
Како можиш да оцениш играч ако не го играш во екипа?
Се виде каков играч е Столе на ЕП,пола Европа го бара,и допрва ќе го бараат врвни екипи....
Реков секоја чест за Лино и за неговото знаење,без него Металург не би бил на местото кај шо е сега..
Ама дека има/ше грешки во неговото работење имаше.....
Како и да е,завршена е приказната со Столе и Металург....
Џабе ќе ја тупиме темата....позз
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Прво темава е за Лига на шамиони а не за Вардар и второ зарем треба да се постети од каде доаѓаат токму и младите играчи, Металург има црвста основа односно голема база на младинци од кои во иднина ќе вади играчи нешто слично на Загреб. Ова за жал Вардар не само што го нема, туку и првиот тим му е целосно составен од играчи кои не се Македонци. Тоа е огромната разлика помеѓу Вардар и Металург што Вардар нема своја база. А на овој начин Металург ќе може и да ги продава добрите млади играчи тоа е и бизнисот во спортот, тоа што за пример го направи Загреб со Вори, Лацкович итн... И аман веќе убаво рече погоре човекот доста се гледа со негација на се што носи успех, овој успех на Металург е успех и за Македонија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.662
Прво темава е за Лига на шамиони а не за Вардар и второ зарем треба да се постети од каде доаѓаат токму и младите играчи, Металург има база на младинци од кои во иднина ќе вади играчи нешто слично на Загреб. Ова за жал Вардар не само што го нема, туку и првиот тим му е целосно составен од играчи кои не се Македонци. Тоа е огромната разлика помеѓу Вардар и Металург што Вардар нема своја база. И аман веќе убаво рече погоре човекот доста се гледа со негација на се што носи успех, овој успех на Металург е успех и за Македонија.
Затоа во младинска категорија си ги плескаме цело време :)
Ќе видиме колку играчи ќе извадат...
Ќе дојде време да играат прв тим, нема да влезат во игра. Ако е за тоа екипиве во прва лига постојано купуваат играчи кои потекнувааат од Вардар во последниве години.

Јебига, ако некој клуб сака успеси треба да купува играчи од секаде. Видовме дека крилата им се најслаба точка...
Не за џабе фрла Минчо пари, нопрмално е дека сака успеси, го заболе него дали ќе играле овие.
Мене ме нервира само што ги изнакупи сите, на пола од нив им ја упропасти кариерата.

Во Вардар може нема толку Македонци, ама сите што се тука, играат 100 пати повеќе минути од оние во Металург. Другите се даваат постојано нас позајмици.

Овој ги фатил на секоја позиција по 10 играчи има, 5 тима може да состави...
 
Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Борко удри по целата напумпана работа наречена металург=мак репрезентација и им ги повреди егата на тие што веруваа во тоа! You go Царе

@Supervisor многу асална младинска школа имаат да, толку добра впрочем, што Столе не доволно добар за таму:)
--- надополнето: 20 март 2012 во 16:34 ---
Тоа е тоа Сајбер што го кажа
Супервизоре, се сеќаваш на МРК Вардар?

Во Вардар Ојлески,Столе и Маркоски,Кукоски,Јовчевски,Лазаров и Борко пред да си отиде, играат со голема минутажа.

Колку минути има изиграно Левов,Митрески,Диви оваа сезона ? м?

но не,важно е гускине од бекстејџ да се дрзнат да го плукаат Борко,а до вчера не знаеа што е ракомет
 
Член од
22 август 2009
Мислења
124
Поени од реакции
13
Тука е маката...
Шо Стиоле не доби ШАНСА ДА ИГРА!!!!
Освен во некои дуели со Преспа и Радовиш.....
Како можиш да оцениш играч ако не го играш во екипа?
Се виде каков играч е Столе на ЕП,пола Европа го бара,и допрва ќе го бараат врвни екипи....
Реков секоја чест за Лино и за неговото знаење,без него Металург не би бил на местото кај шо е сега..
Ама дека има/ше грешки во неговото работење имаше.....
Како и да е,завршена е приказната со Столе и Металург....
Џабе ќе ја тупиме темата....позз
edano prasanje:
sto mislis Cervar glup e?
Da bese Stole vo toa vreme dobar ke go dadese?
daj ne zamaraj so toj Stole pa Stole. Gledam od sto e mnogu dobar kaj igra!!!
--- надополнето: 20 март 2012 во 17:39 ---
Борко удри по целата напумпана работа наречена металург=мак репрезентација и им ги повреди егата на тие што веруваа во тоа! You go Царе

@Supervisor многу асална младинска школа имаат да, толку добра впрочем, што Столе не доволно добар за таму:)
--- надополнето: 20 март 2012 во 16:34 ---
Тоа е тоа Сајбер што го кажа
Супервизоре, се сеќаваш на МРК Вардар?

Во Вардар Ојлески,Столе и Маркоски,Кукоски,Јовчевски,Лазаров и Борко пред да си отиде, играат со голема минутажа.

Колку минути има изиграно Левов,Митрески,Диви оваа сезона ? м?

но не,важно е гускине од бекстејџ да се дрзнат да го плукаат Борко,а до вчера не знаеа што е ракомет
стварно неможам да ве разберам. сите што ќе кажат нешто против металург и червар толку ги величите. Борко е гомнојадец цел живот го знам лично. Таков му е стилот и така купува поени кај типови кои се јачаат со хејтање. Незнам како таков тип може да биде вреден да дава коментари за некој за било кого бе. Значи зборам да човек кој е ИЗБРКАН на културен начин од металург и сега нормално е да јаде бурек за тој што го избркал. Ама ајде малку размисли? Металург глупи се? Червар глуп е? Минчо глуп е? цела управа да не е глупа? Да бесе Борко многуууууу добар ке леташе од таму? дај без везе муабет. срамота е тука да се правиме паметни за работи за кои некој зима плата.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Добро, значи на 90% од луѓето им е јасно тоа што го кажа Борко, кој воедно и претерано лошо се изрази, а пази, професионален спортист е. Успехот на Металург е успех на Македонија, и нема потреба да се плука или исполитизира. Точно е дека е глупо да се препишува успехот на репрезентацијата на Минчо и Лино, но факт е дека многу македонци играат главна улога у тимот. И секако како у било кој други тим у друг спорт, нормално е да има несогласувања помеѓу тренерот и одреден дел од играчите, како што е случајот на Лино со Борко или Филип... Лино е професионалец и тој нема потреба да тера инает и да не го става играчот во игра ако тој не го бива, или поточно у тој момент не го бивало. Изјавата на Борко е за осуда, за фалење е ривалството што се јавува помеѓу Вардар и Металург, и у младински и у сениорски категории. Се надевам дека ќе продолжат така и ракометот дополнително ќе заживее.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom