Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.798
Поени од реакции
11.388
Магистер по лопата.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
пари.............нема никаква врска со менталитетот на народот, напротив овде се работи турбо а се зема минимум, и нормално е во неразвиено подрачке како нашево луѓето да посегнуваат по нелегален бизнис и криминал, неможе некој да зема 20,30 илјади за клати врата вработен селективно и да продава приказни дека се е розово наоколу, само што ете народот е мрзелив....:tapp:
Не знам што ти е со муабетов. Не сум вработена, како прво, а како второ, амбицијата не ми е да работам во државна администрација, ниту пак да земам партиска книшка.

Не велам дека е розово. Напротив, има многу проблеми. Ама сакаш да ми кажеш дека менталитетот на народот нема никаква врска? Зашто ондак во скандинавските земји не е како на Балканот? Се другите се криви. Секогаш Цацко е крив. Имаше истражување дека просечниот Македонец работи по два ефективни часа дневно. Тоа не е мрзливост? Мене лично не ми е сфатлива амбицијата да се вработи човек во администрација, за да клати врата и зима плата.
Проблемот е што денес партиите имаат статус на религија, па сите се крстат во нив и од нив се чека вработување, наместо луѓето да им го свртат грбот на истите, па да видиш после кој од кого ќе зависи. Тоа ми беше поентата на муабетот. А дека има мрзливи луѓе во Македонија, посебно меѓу младите од 23 - 25/6 не може никој да ме разубеди.

Премногу паразитска стана државата, а партиските вработувања тоа го овозможија. Но, луѓето си молчат и не превземаат ништо против тоа (мнозинството, не збориме за исклучоци). Им одговара и на нив да земат книшка и да си се вработат во администрација. Остатокот кој го врти.

Немал менталитетот врска со ова... Yeah, right.
 
С

сашенко

Гостин
Па према тоа како плаќаат за овие работни места и кои услови ги нудат за работа не треба да е чудо зошто никој не сака да го работи ова.За фер плата (према одработеното) и точно работо време со се паузи сигурно ке се зголеми бројот на заинтересирани за овие струки.
Јас што познавам луѓе што се бават со ваква работа се ептен разочарани.Платата им касни увек и имаат фиксна плата и не им доплаќаат дополнителни часови никогаш.Изговрот е дека работниците биле криви шо на време не ја завршиле работата :tapp: (а одговорниот нивен треба да пресмета колку може да се работи и дали ке може да се сработи тоа за еден ден).Платата може да се намали ако нема работа фирмата а неможе да се зголеми дури и кога на фирамата и оди добро и се работи и прекувремено.Во такви услови, ваква тешка работа, за тие пари НЕ ФАЛА.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кој му се работи нека работи дајте тема за јадење пиење не за работа :tapp:.
 
?

..........

Гостин
Не знам што ти е со муабетов. Не сум вработена, како прво, а како второ, амбицијата не ми е да работам во државна администрација, ниту пак да земам партиска книшка.

Не велам дека е розово. Напротив, има многу проблеми. Ама сакаш да ми кажеш дека менталитетот на народот нема никаква врска? Зашто ондак во скандинавските земји не е како на Балканот? Се другите се криви. Секогаш Цацко е крив. Имаше истражување дека просечниот Македонец работи по два ефективни часа дневно. Тоа не е мрзливост? Мене лично не ми е сфатлива амбицијата да се вработи човек во администрација, за да клати врата и зима плата.
Проблемот е што денес партиите имаат статус на религија, па сите се крстат во нив и од нив се чека вработување, наместо луѓето да им го свртат грбот на истите, па да видиш после кој од кого ќе зависи. Тоа ми беше поентата на муабетот. А дека има мрзливи луѓе во Македонија, посебно меѓу младите од 23 - 25/6 не може никој да ме разубеди.

Премногу паразитска стана државата, а партиските вработувања тоа го овозможија. Но, луѓето си молчат и не превземаат ништо против тоа (мнозинството, не збориме за исклучоци). Им одговара и на нив да земат книшка и да си се вработат во администрација. Остатокот кој го врти.

Немал менталитетот врска со ова... Yeah, right.
Не мислев на тебе лично дека ете конкретно ти работиш клати врата, но како што и самат кажуваш не си вработена не работиш а знаеш според некој статистики колку народот бил мрзелив..?
Во предходниот пост ти појаснив на што се должи таквото твое мислење дека на народот не му се работи и е мрзелив, ако сакаш да разбереш во ред ако не тоа е и нема бегање....токму поради она што лично сум го искусил и сум го видел во изминатите години работа.........заеби статистики.
Скандинавија се премногу различни за да се стават во еден ќош со Балканот, тоа се должи на различен историски развој......
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кој му се работи нека работи дајте тема за јадење пиење не за работа :tapp:.
Имаш подфорум Гурманско катче, таму види што има како има, а остај ги останатите теми на тие што сакаат да дискутираат. :)
--- надополнето: 13 март 2012 во 15:20 ---
Не мислев на тебе лично дека ете конкретно ти работиш клати врата, но како што и самат кажуваш не си вработена не работиш а знаеш според некој статистики колку народот бил мрзелив..?
Во предходниот пост ти појаснив на што се должи таквото твое мислење дека на народот не му се работи и е мрзелив, ако сакаш да разбереш во ред ако не тоа е и нема бегање....токму поради она што лично сум го искусил и сум го видел во изминатите години работа.........заеби статистики.
Скандинавија се премногу различни за да се стават во еден ќош, тоа се должи на различен историски развој......
Е па тоа е тоа де. Кај нас сите одат по линија на помал отпор со муабетот од типот “Наведната сабја глава не сече“. Истражувањето ти го кажав, затоа што го имаше не само на македонски медиуми, туку и на странски. Не велам дека СИТЕ Македонци се мрзливи, ама има еден дел од младината што е тотално паразитска, а тоа е загрижувачко со оглед на фактот дека тие луѓе утре ќе ја водат државата. По цели денови Ленинова и улица Македонија се преполни со млади луѓе над 20тина години во време кое треба да биде работно.

И никогаш не сфатив, друг аспект - ќутенката. Значи има закон за мобинг колку што знам, речиси никој не пријавува, сите ќутат, трпат и се жалат по дома. Па знаеш како викаат додека има овци, ќе има и волна. Не може вечно да се ќути, да се трпи. Додека е така, таква ќе биде и ситуацијата. Не може работите да се сменат, ако некој не почне да пријавува. Вака на работодавците им одговара кога си ќутат луѓето, а они искористуваат работна сила.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Имаш подфорум Гурманско катче, таму види што има како има, а остај ги останатите теми на тие што сакаат да дискутираат. :)
А за што да се дискутира има работа ама нејќат да работат. А каде тоа има работа? Јас ја разбирам твојата реалност ти си скопско девојче и повеќето луѓе што ги гледаш се скопски мрзи :icon_lol:, се зезам :icon_lol:. Барем имаат избор луѓето сака работи сака не работи има нешто оставнина или издава некоја шупа од соба или стан таму па блиските земаат надпросечни плати и тој можи да си дозволи да го лади на Ленинова или Македонија не е спорно тоа, и градежникот што се пентери на скеле да го има тоа што го има скопјанчето мрза и тој би играл така нема тука ништо работна навика или такви глупости.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А за што да се дискутира има работа ама нејќат да работат. А каде тоа има работа? Јас ја разбирам твојата реалност ти си скопско девојче и повеќето луѓе што ги гледаш се скопски мрзи :icon_lol:, се зезам :icon_lol:. Барем имаат избор луѓето сака работи сака не работи има нешто оставнина или издава некоја шупа од соба или стан таму па блиските земаат надпросечни плати и тој можи да си дозволи да го лади на Ленинова или Македонија не е спорно тоа, и градежникот што се пентери на скеле да го има тоа што го има скопјанчето мрза и тој би играл така нема тука ништо работна навика или такви глупости.
А бе јас зборев конкретно за таа група луѓе - мрзи. Тоа што издаваат шупи не значи дека треба да бидат тотално незаинтересирани за животот и случувањата околу нив. Мене тоа ми е поентата. Инертна група луѓе без никакви амбиции во животот. Млади луѓе без идеали. Тоа го гледам околу себе и ми е многу жал за тоа. Ама многу.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не знам што ти е со муабетов. Не сум вработена, како прво, а како второ, амбицијата не ми е да работам во државна администрација, ниту пак да земам партиска книшка.

Не велам дека е розово. Напротив, има многу проблеми. Ама сакаш да ми кажеш дека менталитетот на народот нема никаква врска? Зашто ондак во скандинавските земји не е како на Балканот? Се другите се криви. Секогаш Цацко е крив. Имаше истражување дека просечниот Македонец работи по два ефективни часа дневно. Тоа не е мрзливост? Мене лично не ми е сфатлива амбицијата да се вработи човек во администрација, за да клати врата и зима плата.
Проблемот е што денес партиите имаат статус на религија, па сите се крстат во нив и од нив се чека вработување, наместо луѓето да им го свртат грбот на истите, па да видиш после кој од кого ќе зависи. Тоа ми беше поентата на муабетот. А дека има мрзливи луѓе во Македонија, посебно меѓу младите од 23 - 25/6 не може никој да ме разубеди.

Премногу паразитска стана државата, а партиските вработувања тоа го овозможија. Но, луѓето си молчат и не превземаат ништо против тоа (мнозинството, не збориме за исклучоци). Им одговара и на нив да земат книшка и да си се вработат во администрација. Остатокот кој го врти.

Немал менталитетот врска со ова... Yeah, right.
Знаеш ли колку глупо звучиш овака од страна кога Македонија ја споредуваш со скандинавските земји?
И после цацко е крив што нејке да работи за 8000 oд 6 до 6 на скеле... :facepalm:

Не сум вработена, како прво,
Myth busted!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Знаеш ли колку глупо звучиш овака од страна кога Македонија ја споредуваш со скандинавските земји?
И после цацко е крив што нејке да работи за 8000... :facepalm:

Myth busted!
А знаеш ли како апсурдно звучиш кога до пола ми ги прочитуваш постовите, па си ги вртиш како тебе ти одговара? :facepalm:

Скандинавските земји ги спомнав, токму за да ја потврдам тезата колку има разлика од менталитет до менталитет.

И со муабетот Цацко е крив исто сосема 15ти муабет ми беше, ама ти како сакаш си ги вртиш муабетите, така да немам намера по 10 пати да објаснувам, како сакаш, така сфаќај си.

Толку да се читало како им одговара.:facepalm::facepalm:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Биди среќна и што те читат. Некој губи време и за тоа;)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас не искажав мислење, само факт. :)
А тоа е и проблемот во државава, сите (повеќето) сакаат да бидат директори - ама преку ноќ, без да загреат столче и да работат напорно. Дај ми само фотеља, што ќе се замарам - е максимата на повеќето, иако не сфаќаат дека никој нема да ти дојде, да ти постели пат со ружи и да ти рече, еве немој да работиш, само седи на фотељава и примај 40.000 плата. Не говорам за јавна администрација, зборувам за приватен бизнис. Ќе си го испотиш задникот додека бидеш унапреден и ќе си го заработиш лебот и сигурно нема никој да ти даде директорска фотеља на лепе очи без искуство.
Тоа е проблемот Crazy, што во Македонија нема унапредување. Оној што почнува како градежен работник доживотно ќе си остане градежен работник. Реално, во Македонија е многу тешко да се најде работа, а во рамките пак на една фирма, колку и да работиш никогаш ама баш никогаш нема да бидеш унапредена... Е на запад не е така и затоа не можеш да кажеш дека Македонецот е мрзелив во Македонија, а кога ќе иде во Америка работи и по 13 саати.
Македонецот не е мрзелив! Да, сака да ескивира но тоа не го прави мрзлив туку снаодлив. Впрочем само Филипинец може да работи до бескрај без збор :icon_lol:.
Отвори фирма и обезбеди им услови на твоите работници, давај им плата од 1000евра и обезбеди систем за унапредување според заслуга и ќе видиш како сите ќе ти работаат по 13саати и нема да зуцнат ни А ни Б. Проблемот овде не е во мрзеливоста, проблемот е во платите.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа е проблемот Crazy, што во Македонија нема унапредување. Оној што почнува како градежен работник доживотно ќе си остане градежен работник. Реално, во Македонија е многу тешко да се најде работа, а во рамките пак на една фирма, колку и да работиш никогаш ама баш никогаш нема да бидеш унапредена... Е на запад не е така и затоа не можеш да кажеш дека Македонецот е мрзелив во Македонија, а кога ќе иде во Америка работи и по 13 саати.
Македонецот не е мрзелив! Да, сака да ескивира но тоа не го прави мрзлив туку снаодлив. Впрочем само Филипинец може да работи до бескрај без збор :icon_lol:.
Отвори фирма и обезбеди им услови на твоите работници, давај им плата од 1000евра и обезбеди систем за унапредување според заслуга и ќе видиш како сите ќе ти работаат по 13саати и нема да зуцнат ни А ни Б. Проблемот овде не е во мрзеливоста, проблемот е во платите.
Јас зборував претежно за младите луѓе. Има разлика помеѓу 40+ и 23-25/6. Мене ми изгледа како тие што се постари да имаат повеќе елан да работат. Поголемиот дел од младите, се запишуваат на факултет онака и најголема амбиција им е да завршат во администрација. Јас велам дека тоа ми е несфатливо. А сите знаеме со сегашната структура на администрацијата колку се работи таму.

А реално за да даваш плата од 1000 евра, треба прво да ја изградиш фирмата и да и дадеш успех и кредибилитет. Не можам ако сум директор на фирма која постои 6 месеци да давам плата од 1000 евра, ќе банкротирам одма. Ниту пак јас би очекувала плата од 1000 евра, затоа што ги знам стандардите. Како што се развива фирмата, така ќе има и можности за зголемување на платите, но тоа оди постепено.

Друго, споменав и во еден од претходните постови. Зошто, зошто толку немаат уста да се побунат луѓево? Факт е дека има мобинг, ама попоразителен факт е што тоа е јавна тајна, а речиси никој не пријавува. Искрено, не сум чула некој во поблиску опкружување де факто да пријави мобинг иако имало услови за тоа.

Треба многу работи да се променат и тоа од корен. Многу од сите апекти. Јас опфатив еден аспект, кој е легитимен. Голем процент од младината е паразитска. Можеби згрешив што само делот за мрзеливоста го опфатив, факт е дека има и други работи кои мораат да се променат. Тоа не го порекнав. Ама дека и нашиот менталитет не е најсјаен - не е.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
А кој би сакал да работи како градежник кога никакви услови и заштита немаат. Работат како црнци за минимални дневници. Луѓето кои работат во градежништво се најчесто луѓе кои се стечајци па мака мачат да го извадат лебот за семејството и да догураат до пензија. Тие колку толку се прекфалификувале за некоја работа и работат на скелиња, мешаат малтер, носат блокови. Ретко кој од денешните млади дечки би се нафатил на таа небезбедна работа и мала дневница. Нека ми реплицира кој сака, но факт е дека сме мрзлив народ, во сите анкети сите сакаат да бидат административци со работно време од 8 до 16h со слободни саботи и недели. Ретки се оние кои би почнале од нула, согласно својата професија и ринтаат од сабајле до вечер и се препотуваат од работа.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Само во јуни минатата година...

Само овој месец загинаа пет градежни работници. Последната несреќа се случи во средата кога врз 40 - годишен работник се урна неармирана бетонска плоча. Ваквите бројки се поразителни, и според движењето за социјална правда „Ленка“, претствауваат аларам за превземање одредеми радикални мерки, како што е на пример штрајкот. Се пооочигледно е дека трагедиите не се изолирани случаи туку полека стануваат правило. Законот за заштита при работа на овој начин станува само убаво испишан документ

Неколку пати досега реагираше и Синдикатот на градежниците. Притиснати од инвеститорите, градежните фирми се во постојана трка со времето. Работниците работат без одмор, не се почитуваат викедните, ниту пак празниците, а честопати се ангажирани на објектот и по 12 часа. Посебен проблем е немањето на заштитната опрема , за што досега не беше санкционирана ниту една фирма.
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=8745

Meanwhile in Macedonia...

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9DED9F953B650346B0974D8CAE12F0BF
http://10bez10.com/vesti/1395-zagina-gradezen-rabotnik-od-prilep
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/28503-Zagina-gradezen-rabotnik
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-chajle-gostivarsko-zagina-gradezen-rabotnik
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FF9B0323240BCE4181B292EA806C0EF5
http://www.vest.com.mk/?ItemID=4C1D0555CD84EA4883D45975128D7EB7

Ова е секојдневие, во секој град и на секој вид градежен објект и на државни и на приватни објекти...којзнае колку има загинати за овие 20 години, тивка војна сигурно со неколку пати повеќе мртви отколку 2001...не споменувајќи инвалидитети и трајни нарушувања на здравјето кои се како “добро утро“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom