Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
да баш за градежништво зборував. јас конкретно можам да зборам за браварија затоа што имам добро искуство со браваријата и знам како стојат таму работите - едно ке кажам. ако работите во приватна фирма за браварија НИКОГАШ нема да одвоите пари на страна. платата во однос со работата е на неспоредливо ниво!
Во право си, неможеш да земеш некоја си којзнае каква плата али приватно ќе работиш одредено време додека не го научиш занаетот, па после тоа веќе си мајстор и можеш да си отвориш своја фирма каде што ќе зимаш поголема плата иако немаш или имаш факлутет.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Vaka tatko mi raboti ova na crno i ne e kako sto vikaat ima rabota i za ova nema rabota od oktomvri sedi doma od koga zaladi malce eve sega pola mart sme i uste ne e pocnat racunaj kolku 5 ili 6 meseci i ke jadat gomna

Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

glupost najgolema sto sum ja cul raboti po 10 ili 12 saati na den a plata od 10 ili 12 iljadi denari ....i nekoj ocekuva mlad covek da go raboti ova sranje
 
I

Iblis

Гостин
Поентата е дека се повеќе млади сакаат да бидат “менаџери“, PR агенти, да работа “во човекови ресурси“ или некоја друга работа со англиски назив, а се помалку се заинтересирани за физичка работа.
Затоа и занаетчиите се се помалку и помалку.
Еми, ние младите видовме кој "пркнува" во оваа земја, не се тоа мајстори и занаетчии, директори, менаџери, PR курајбери, политичари, тоа се исплатливи професии, малку работа, значајна плата.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Vaka tatko mi raboti ova na crno i ne e kako sto vikaat ima rabota i za ova nema rabota od oktomvri sedi doma od koga zaladi malce eve sega pola mart sme i uste ne e pocnat racunaj kolku 5 ili 6 meseci i ke jadat gomna

Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

glupost najgolema sto sum ja cul raboti po 10 ili 12 saati na den a plata od 10 ili 12 iljadi denari ....i nekoj ocekuva mlad covek da go raboti ova sranje
Кај нас не е платен занаетот, посебно ако работиш ПР многу малку зимаш таква ни е работната сила јгб али нагоре за ваква работа зимаат 10 пати поголема плата него ли кај нас, затоа најубаво си е научи си го занаетот па после отвори си мини фирмиче и кулирај си ќе зимаш многу поголема плата него ли како работник.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еми, ние младите видовме кој "пркнува" во оваа земја, не се тоа мајстори и занаетчии, директори, менаџери, PR курајбери, политичари, тоа се исплатливи професии, малку работа, значајна плата.
Јас не искажав мислење, само факт. :)
А тоа е и проблемот во државава, сите (повеќето) сакаат да бидат директори - ама преку ноќ, без да загреат столче и да работат напорно. Дај ми само фотеља, што ќе се замарам - е максимата на повеќето, иако не сфаќаат дека никој нема да ти дојде, да ти постели пат со ружи и да ти рече, еве немој да работиш, само седи на фотељава и примај 40.000 плата. Не говорам за јавна администрација, зборувам за приватен бизнис. Ќе си го испотиш задникот додека бидеш унапреден и ќе си го заработиш лебот и сигурно нема никој да ти даде директорска фотеља на лепе очи без искуство.
 
?

..........

Во Македонија во најголем дел не постои систем за унапредување на кариера, а тоа што сите сакат да бидат директори не е проблем туку е сосема нормална појава, исто сите сакат да возат ферари ама ете не е така.....и неможе да се земе како оправдување и да се олесни фактот дека нема работа за сите во државата...
Кај нас работниците особено во градежната или преработувачката индустрија се земат оние кои ќе се согласат да работат за најниска плата....
А во јавна администрација се вработуват партиски членови, така да ти биди и ултра способен за таа работа, ако немаш партиска книшка може само да се сликаш на триумфална порта :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
Нема никаков проблем нека ме плаќаат 40000илјади со осигурување и определено работно време 8 саати со време на пауза од пола час и слободни сабота недела ќе работам

Нема да ме плаши тежина на работата
Ќе бидам верен према фирмата и газдата
Плата од 1 до 5 во месецот

И тоа во кратки црти ама јас сум вработен па така да за ова можам само да сонувам

Не ми треба ПР затоа јас си имам фирма ќе си бидам сопствен менаџер на мојата фирма а кај друг ќе си бидам вработен.
Добар мајстор толку е и платен од 1300-1500 ден дневница..само работното време 10ч најчесто, а и саботите се работни.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А. ми вика сонувал сон му донесле поклон, и така радосен го отпакува поклонот а внатре фангла и мистрија :icon_lol:. Инаку човекот е ѕидар фасадер плочкар и паркетар се работи а работа нема или е многу ретка .
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во Македонија во најголем дел не постои систем за унапредување на кариера, а тоа што сите сакат да бидат директори не е проблем туку е сосема нормална појава, исто сите сакат да возат ферари ама ете не е така.....и неможе да се земе како оправдување и да се олесни фактот дека нема работа за сите во државата...
Не реков дека е проблем тоа што сакаат да бидат директори, проблем е што сакаат да станат директори преку ноќ, без трошка труд и испод част им е да работат некои работи кои се на основно ниво. Младите во Македонија се премногу размазени - премногу. Не може никој да ме разубеди. Треба во менталниот склоп да им влезе дека мора да го испотат газето за да успеат во животот и дека парчето леб се заслужува со труд, а не преку мутни зделки, кои повеќето би го одбрале, само за да не работат.

Македонскиот народ не е најработливиот народ на светот, тоа е факт. Ако има можност за ескивација - ќе ескивира. Тука е проблемот.Менталитетот. Ама кога истиот мрзелив Македонец ќе отиде надвор, тогаш не му е проблем да работи и во 13 саати, така?

Ти зборам значи за приватниот сектор сега, не за државна администрација, која исто така е една од најпосакуваните работи помеѓу младината во Македонија, затоа што е на принцип “клати врата, зимај плата“ и попрво би се зачлениле во партија, отколку да се мачат.

А во јавна администрација се вработуват партиски членови, така да ти биди и ултра способен за таа работа, ако немаш партиска книшка може само да се сликаш на триумфална порта :)
Државна администрација и во самиот пост реков дека ја тргам на страна од муабетот. :) Зборам за нормална работа во нормални услови.
 
I

Iblis

Гостин
Не реков дека е проблем тоа што сакаат да бидат директори, проблем е што сакаат да станат директори преку ноќ, без трошка труд и испод част им е да работат некои работи кои се на основно ниво. Младите во Македонија се премногу размазени - премногу. Не може никој да ме разубеди. Треба во менталниот склоп да им влезе дека мора да го испотат газето за да успеат во животот и дека парчето леб се заслужува со труд, а не преку мутни зделки, кои повеќето би го одбрале, само за да не работат.

Македонскиот народ не е најработливиот народ на светот, тоа е факт. Ако има можност за ескивација - ќе ескивира. Тука е проблемот.Менталитетот. Ама кога истиот мрзелив Македонец ќе отиде надвор, тогаш не му е проблем да работи и во 13 саати, така?

Ти зборам значи за приватниот сектор сега, не за државна администрација, која исто така е една од најпосакуваните работи помеѓу младината во Македонија, затоа што е на принцип “клати врата, зимај плата“ и попрво би се зачлениле во партија, отколку да се мачат.
Не си видела како се станува директор преку ноќ? Бар тоа овде го има во изобилство, се разбира по заслуга(ама каква тоа е друго 20...) и најчесто дебилизмот е дарежливо наградуван, си климаш глава, се смешкаш, ако треба ќе полижеш малце од газоине испотени што ги спопмнуваш и веќе се искачуваш на социјалната и хиерархијската скала. Матните зделки не ги спомнувам, други профитабилни ретко кој видел, се разбира овде. За ескиважата, не е ниту измислена ниту карактеристична единствено само за нас, секаде ја има и "се применува", само менталниот склоп не е секаде ист.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не си видела како се станува директор преку ноќ? Бар тоа овде го има во изобилство, се разбира по заслуга(ама каква тоа е друго 20...) и најчесто дебилизмот е дарежливо наградуван, си климаш глава, се смешкаш, ако треба ќе полижеш малце од газоине испотени што ги спопмнуваш и веќе се искачуваш на социјалната и хиерархијската скала. Матните зделки не ги спомнувам, други профитабилни ретко кој видел, се разбира овде. За ескиважата, не е ниту измислена ниту карактеристична единствено само за нас, секаде ја има и "се применува", само менталниот склоп не е секаде ист.
Затоа сме дојдени до ова дереџе. Сами сме си виновни за се што ни се случува, затоа што никој не сака да си ги заработи парите со пот и труд. Менталитет е тоа. Иако не сум баш обожавател на скандинавските земји, тие се пример за тоа како се заработуваат пари. Убаво беше кажано во претставата “Буре Барут“ - Она што е во светот систем, кај нас е инцидент, она што е во светот инцидент, кај нас е систем. Така е и со ескиважата. Секаде ја има, ама имаш повеќе нивоа на мрзливост.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Јака му душа на градежниците како изржувааат на + 50 (под сенка +40 )
Од друга страна кога ке си помислам дека во Дубаи раборат секоја ден без исклучок на +47 ама барем се платени .
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мајстори работаат во државни фирми за 400 денари днневница али се осигурани, пензиско, одмор, здравствено, оброк.... поручек, за викенди, за одмори, си работаат мајстори приватно по 1200 дневница или 500 денари од квадрат и слично. Затоа има огласи по весници, на најголем број од нив ќе ти речи дека работи за викенди или поручек.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не реков дека е проблем тоа што сакаат да бидат директори, проблем е што сакаат да станат директори преку ноќ, без трошка труд и испод част им е да работат некои работи кои се на основно ниво. Младите во Македонија се премногу размазени - премногу. Не може никој да ме разубеди. Треба во менталниот склоп да им влезе дека мора да го испотат газето за да успеат во животот и дека парчето леб се заслужува со труд, а не преку мутни зделки, кои повеќето би го одбрале, само за да не работат.
Ајде знам дека веруваш во бајки ама не е така :icon_lol:.
 
?

..........

Гостин
Македонскиот народ не е најработливиот народ на светот, тоа е факт. Ако има можност за ескивација - ќе ескивира. Тука е проблемот.Менталитетот. Ама кога истиот мрзелив Македонец ќе отиде надвор, тогаш не му е проблем да работи и во 13 саати, така?
Не тропај глупости те молам, гледам колку си запознаена со ситуацијата, работам од свои 16 години, и добро знам како и што работи народот, каква е таа контрадикторна споредба? мрзеливиот македонски народ кога ќе отиде надвор одеднаш станува работлив? па надвор му плаќат 20 пати повеќе за иста работа која би ја работел во Македонија........непромислени споредби правиш...овде нема работа затоа што нема пари, тоа е факт! ако се нуди плата од 9 илјади денари за цел месец полно работно време, неможе да го обвиниш народот дека е мрзелив, кој би бил мотивиран и би се ангажирал за тие пари.............нема никаква врска со менталитетот на народот, напротив овде се работи турбо а се зема минимум, и нормално е во неразвиено подрачке како нашево луѓето да посегнуваат по нелегален бизнис и криминал, неможе некој да зема 20,30 илјади за клати врата вработен селективно и да продава приказни дека се е розово наоколу, само што ете народот е мрзелив....:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom