Буџетски кратења, зголемување на даноци или задолжување?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДДВ. ЗА ШТО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ ВЛАДАТА?

Александар Јанев

Приходите од ДДВ во јануари се намалиле за 4,7% во споредба со истиот месец лани. Кризата во економијата се заканува да ги секне парите од даноци во Буџетот, а Владата ќе се соочи со дилемата – дали да ја зголеми стапката на ДДВ или да ги крати трошењата. Економистите предупредуваат да се размисли за одредено зголемување на ДДВ пред ММФ да го побара тоа од нас

П
риходите од ДДВ во државната каса се намалуваат, а Владата набрзо ќе се соочи со дилема – дали да ги скрати трошењата со ребаланс на Буџетот или пак, да ја зголеми стапката на ДДВ, како што прават многу европски земји. Податоците за приливите од даноци во Буџетот за јануари покажуваат дека приходите од ДДВ се намалиле за 4,7% во споредба со истиот месец лани, што значи дека отстапувањето е уште поголемо ако се споредува со проекциите што ги направи Владата за зголемени даночни приходи годинава.
Застрашувачки е што сите меѓународни финансиски институции, вклучувајќи го и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја предупредија Владата дека ќе се соочи со голем недостиг од пари во Буџетот поради продлабочување на кризата во економијата и затоа, сугерираа да се бара решение на проблемот. Меѓутоа, изборот на решенија за кризата во Буџетот е ограничен. Владата може да направи ребаланс и да ги скрати непродуктивните трошења, да ја зголеми стапката на ДДВ за да собере повеќе приходи во државната каса или да продолжи да се задолжува и да го зголемува буџетскиот дефицит.
„Практиката на буџетски ребаланси е краткорочно, ad hoc решение, но тогаш страдаат капиталните расходи, бидејќи изгледа дека е најлесно да се крати од нив. Од друга страна, зголемувањата на даноците се економски далекусежни и политички сензитивни одлуки и некои влади имаат аверзија кон тоа. Затоа, прашањето за промена на даночните стапки треба да се гледа во контекст на среднорочните предвидувања за буџетскиот дефицит, економскиот раст и каматните стапки на задолжувањето. Доколку воопшто се размислува за пораст на даночните стапки, пораст кај ДДВ би довел до побрзо и поефикасно полнење на фискалната каса во споредба со зголемувањето на директните даноци (на пример персоналниот данок), но би имал социјално негативен ефект, бидејќи посиромашните групи би поднеле поголем дел од даночниот товар. Сепак, од клучна важност е даночните приходи да се употребуваат за економски продуктивни намени“, оценува професорот од Економскиот факултет, Владимир Филиповски.
Професорот по фискална политика Живко Атанасовски пак, смета дека даночниот систем во земјава е деформиран и има простор за менување на оваа политика.
„Владата треба да почне да размислува да ја зголеми стапката на ДДВ пред ММФ да го побара тоа од нас. Мислам дека многу брзо ММФ ќе го побара тоа, но во таков случај, Фондот е многу суров. Пред да се донесе таква одлука треба да се преиспита целата даночна политика, да се елиминираат сите бенефиции и олеснувања што се воведоа во последните години, кои воопшто не ги дадоа очекуваните ефекти. Исто така, треба да се размисли дел од прометот што се оданочува со повластена стапка на ДДВ од 5% да се оданочува регуларно со 18%. Мора да се преиспита и повратот на ДДВ. Сè на сè, има голем простор за зголемување на даночните приходи за да може на расходната страна да се зголемат парите за инвестиции во развојни проекти“, оценува професорот Атанасовски.
Според него, зголемувањето на стапката на ДДВ треба да зависи од ефектите што ќе се добијат со укинувањето на даночните олеснувања и префрлувањето на дел од прометот со данок од 5% на 18%. Но, веројатно, стапката на ДДВ би требало да се зголеми за еден до два процентни поени.
Дел од економистите пак, сметаат дека зголемувањето на даноците е непопуларна мерка. Поранешниот министер за финансии Трајко Славески смета дека зголемувањето на стапката на ДДВ не е гаранција дека ќе се зголемат приходите во Буџетот, бидејќи во тој случај може да се намали прометот.
Најголем дел од даночните приходи во државната каса доаѓаат токму од ДДВ. Владата годинава планира приход од 730 милиони евра, што е 6% повеќе од лани. Меѓутоа, веќе во јануари приходите од овој данок потфрлија. ДДВ во земјава за прв пат го воведе во 2000 година тогашниот министер за финансии, актуелниот премиер Никола Груевски, како замена за данокот на промет. Од првата година досега приходите од ДДВ во Буџетот се тројно зголемени. Освен со зголемувањето на прометот во економијата низ годините, приходите од ДДВ делумно се зголемуваа поради засилената фискализација што ја спроведуваше Управата за јавни приходи, но и поради зголемувањето на цените. За десет години цените се зголемени за над 24%. Во прилог на Владата и на приходите од ДДВ во државната каса одат и серијата поскапувања на енергенсите што ги одредува Регулаторната комисија. На тој начин, Владата добива зголемени приливи од ДДВ и без да преземе непопуларни мерки, како што е зголемувањето на стапката на ДДВ.
Ребалансот ќе бара и структурни реформи на Буџетот
Втората и поверојатна алтернатива за решавање на кризата во Буџетот е кратење на трошењата. Според пресметките на ММФ, Владата годинава ќе мора да скрати 160 милиони евра за да го одржи буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП. Иако капиталните инвестиции за идната година се проектирани на рекордно високо ниво од 440 милиони евра, сепак, тие во целиот Буџет зафаќаат само 15,5%, а останатите 84,5% од народните пари завршуваат за тековни трошоци – плати на јавната администрација, пензии и субвенции, набавки на стоки и услуги, други социјални давачки.
Економистите немаат дилеми дека во криза мора да се штеди на непродуктивни расходи. Редовната практика на ревидирање на државната каса последните неколку години докажа спротивна определба – прво се кратеа парите наменети за инвестиции во патишта, железнички пруги, хидроцентрали и гасоводен систем. Наспроти ваквата владина политика, разумен ребаланс на Буџетот подразбира кратење на тековните трошоци.
Буџетот за 2012 година предвидува 370 милиони евра за плати на јавната администрација, која според дел од министрите, веќе надминува бројност од 180.000 работници. Сите меѓународни финансиски институции ѝ забележуваат на Владата дека има огромна јавна администрација, која претставува огромен товар за Буџетот и затоа, реформите мора да опфатат нејзино намалување. На тој начин ќе се намали ставката за плати.
Набавката на стоки и услуги за тековните потреби на Владата секоја година врзува по околу 600 милиони евра, од кои 418 милиони евра за договорни услуги. Ова е прилично мистериозна буџетска ставка, која не прецизира точно за што се трошат овие пари, но најчесто за медиумските кампањи на Владата, економската промоција на земјата, поправки и одржување на возниот парк на министерствата, трошоци за смтеките на мобилните телефони, дневници за патувања. Во време на криза Владата мора да ги намали овие непродуктивни расходи.
http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/81324/rebalans_na_budzhetot_ili_zgolemuvanje_na_ddv__za_shto_kje_se_odluchi_vladata_.aspx?iId=2641
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Како се намалени приходите не ми е јасно. Трајковски пред некое време на ТВ кажа дека се според проценките. Што се однесува до зголемување на ДДВ не би рекол дека тоа ќе се случи, бидејќи е пред изборна година. А за ребаланс ќе има сигурно, само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Која година кај нас поминала без ребаланс на буџет, па и оваа ќе ја продолжи традицијата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
.Проценките потфрлија поради многу испозатворени фирми поради идиотските казни од Управата за Јавна Пљачка, вака со уличен речник да се изразам.Си го убија изворот на редовни приходи, поради моментални излети за добивка.
Ништо чудно после избори да зголемат ДДВ, кој и да е - сите се послушници на ММФ.Ете горивата се доста поскапени, не мислат во никој случај да намалат дел од давачките произлезени од горивата па можат компензација со намалувањето на приходите од ДДВ.Ама професорот ми е нешто збунет, и 5 процентните добра да ги префрлат на 18 процентни :tapp:
И кој им се тие капитални инвестиции?Пристаниште за фекалниот брод во Вардар?Епа сега гласајте да го зголемат ДДВ-то!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како се намалени приходите не ми е јасно. Трајковски пред некое време на ТВ кажа дека се според проценките. Што се однесува до зголемување на ДДВ не би рекол дека тоа ќе се случи, бидејќи е пред изборна година. А за ребаланс ќе има сигурно, само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Која година кај нас поминала без ребаланс на буџет, па и оваа ќе ја продолжи традицијата.
Помал промет помали приходи од ДДВ. Рецесија удира на даночни приливи на владата. Се намалуваат. И јас мислам дека зголемување на даноци се најлоша одлука. Порадо буџетски кратења и задложувања. Може и Кензијаски модел на стимулус зголемување на буџетски трошења дефици и задолжување ама пак некогаш ќе мора да се плати цената на тоа покасно. Така да буџетски кратења на капитални инвестиции се најбезболно решение во моментов иако тоа значи полоша инфраструктура на долг рок. Всушност најсреќена околкност на владата е што има инфлација да не е таа ќе банкротираат.
--- надополнето: 12 март 2012 во 18:30 ---
.Проценките потфрлија поради многу испозатворени фирми поради идиотските казни од Управата за Јавна Пљачка, вака со уличен речник да се изразам.Си го убија изворот на редовни приходи, поради моментални излети за добивка.
Ништо чудно после избори да зголемат ДДВ, кој и да е - сите се послушници на ММФ.Ете горивата се доста поскапени, не мислат во никој случај да намалат дел од давачките произлезени од горивата па можат компензација со намалувањето на приходите од ДДВ.Ама професорот ми е нешто збунет, и 5 процентните добра да ги префрлат на 18 процентни :tapp:
И кој им се тие капитални инвестиции?Пристаниште за фекалниот брод во Вардар?Епа сега гласајте да го зголемат ДДВ-то!
Ќе продолжат со Скопје 2014 страмови ќе бидат да не го завршат. Ама затоа ќе скратат на автопати што мислеа да градат...Север-Југ да го довршат и нешто малку исток-запад да направат.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Помал промет помали приходи од ДДВ. Рецесија удира на даночни приливи на владата. Се намалуваат. И јас мислам дека зголемување на даноци се најлоша одлука. Порадо буџетски кратења и задложувања. Може и Кензијаски модел на стимулус зголемување на буџетски трошења дефици и задолжување ама пак некогаш ќе мора да се плати цената на тоа покасно. Така да буџетски кратења на капитални инвестиции се најбезболно решение во моментов иако тоа значи полоша инфраструктура на долг рок. Всушност најсреќена околкност на владата е што има инфлација да не е таа ќе банкротираат.
.
Не, буџетски кратења на не-капитални дебилоидни инвестиции од типот на 2014 е најбезболно решение.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Економистите предупредуваат да се размисли за одредено зголемување на ДДВ пред ММФ да го побара тоа од нас
Сами да се обесиме пред друг да ни ја стави јамката на вратот, економистите да ти ебам :icon_lol:.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
или да ги крати трошењата.
Само не знам на што више да крати. Ќе треба наместо во Ексел и Ворд да цртаме табели на прозор, на прашината...Плус скратени се многу примања, спуштени раб. места...

Проблемот е што стопанството ни е многу слабо (што е делумно за очекување, на кој начин се зема и приватизира тој дел од колачот и се затворија големи фирми) плус има многу фирми што префлаат пари од едно на друго...има мучки и сива економија. А со време се зголеми бројот на службеници.
Буџетот за 2012 година предвидува 370 милиони евра за плати на јавната администрација, која според дел од министрите, веќе надминува бројност од 180.000 работници.
Капитал често пати последно време греши во информациите и поимите. Тоа не е јавна администрација, барем докторите, сестрите, војската, полицијата и наставниците. Администрацијата негде е 40-60 илјади, тука негде.
ММФ да го побара тоа од нас
се јадеше пиеше 20 години од ммф, помош, проекти..., ред е еден ден да дојде крчмарот.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Само не знам на што више да крати. Ќе треба наместо во Ексел и Ворд да цртаме табели на прозор, на прашината...све е тоа веќе скратено. Плус скратени се плати, има префрлање на пониски раб.места (и помали плати на ниво на негде 2005-2006)...не знам кај ќе кратат повеќе.
Проблемот е што стопанството ни е многу слабо (што е делумно за очекување, на кој начин се зема и приватизира тој дел од колачот и се затворија големи фирми) плус има многу фирми што префлаат пари од едно на друго...има мучки и сива економија. А со време се зголеми бројот на службеници.

Капитал често пати последно време греши во информациите и поимите. Тоа не е јавна администрација, барем докторите, сестрите, војската, полицијата и наставниците. Администрацијата негде е 40-60 илјади, тука негде.
Ма ја то све би стрељо :icon_lol: паразити гниди..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Што помала држава, поскапа држава...а како се раздаде капиталот, фирмите, колку народ се вработи, нашата според реакциите е прилично скапа.
Судејќи според донациите (од 1994-2005)
Од вкупниот износ од 2,76 милијарди американски долари, што Македонија го добила заклучно со 2005, 1,46 милијарди американски долари се средства од билатерални донатори, а 1,26 американски долари милијарди од мултилатерални организации. Малата разлика помеѓу збирот на овие билатерални и мултилатерални средства, до вкупниот износ на помош од 2,76 милијарди американски долари, (околу 30 милиони американски долари) главно отпаѓа на средства добиени од држави кои не се членки на ДАК.
не земајќи ги предвид кредитите, се прашувам дали воопшто Македонија имала некакво стопанство изминатите 15 па и 20 години или се издржувала добар дел од иселеници, донации и кредити. Или имала, но воглавно сива нерегулирана економија.
 
T

Tetro

Гостин
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДДВ. ЗА ШТО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ ВЛАДАТА?
Построги инспекции за неплаќачите на даноци, смена на корумпираните инспектори со нови, и да мора секој да ги осигура работниците во фирмата (скоро секој зема дел од платата на рака, покрај основната "плата по договор")
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Построги инспекции за неплаќачите на даноци, смена на корумпираните инспектори со нови, и да мора секој да ги осигура работниците во фирмата (скоро секој зема дел од платата на рака, покрај основната "плата по договор")
Има проблем во даночниот систем. Што е тој? Работниците не се мотивирани да го пријават газдата ако им исплаќа пари на рака а дел на сметка. Што ќе добијат ако го пријават? Само основицата за пензија ќе им биде поголема. За една основица за пензија за 30 години во иднина не се ризикува работно место. Ако социјално и здравствно сами си плаќаат како паушал а не како процент од плата ќе биде друг муабет. Вака работодавецот само ја крадат државата а не работникот. И на работникот к.р го боли дали даночните приливи на државата се мали. Поаѓам од сам себе јас никогаш не ги го пријавил газдата ако сум пријавен на минималец. Што ќе добијам? За државни пари не се ризикува работно место.
Законот за даноци не чини стимулира даночно затајување. Има системска грешка.
 
T

Tetro

Гостин
Има системска грешка.
Системска грешка, од која единствено профитираат големите, на сметка опаѓање на животниот стандард и сеќ понатака кое не доведе до вакво дереџе. (без наводници, кратко и -не-јасно)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
и мене ми се видоа многу 180,000 административци........е сеа заошто горенаведените не се администрација........доктори, војска и слични на нив...судиии....во која категорија спаѓаат, често и по веснициве гоелам админситација и секоаш ги стават и нив во ист кош........еве друг пример

јп мак шуми произведуват........и у 90% сами си обезбедуват плата.......владата има интервенирано со фамозниот ден на дрвоото и слично....е они што се......плата не добиват од буџет
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Овој Живко е човекот кој го воведе ДДВ-то во земјава. Плус е и економист кој се залага да бидеме оданочени и со 50% за да ни функционира државата. Се разбира неговата плата и нашите примања се многу различни. Би сакала некогаш да му извршат еден експеримент, да го остават со цело семејство со 8 000 денари и да му дадат да плаќа ДДВ од 25% како за почеток. Да видам колку дена ќе живеат.
Најголемата болка им е враќање на ДДВ-то гледаат на секој начин да го сопрат тоа. Да им се плукнам и во враќањето и во политиката која ја водат и во лицемерието. Ете ви ги ефектите од пропагандата ете ви ги резултатите сега што правиме? Удри по грбот на луѓето качувај даноци, мамицата нивна клошарска.
И десет ребаланси да направат им е џабе, има дупка а јазот во стопанството се проширува. Дупката сега од свои џебови нека ја пополнат со целодневно дробење како цветаат ружи.
 
I

Iblis

Гостин
Овој Живко е човекот кој го воведе ДДВ-то во земјава. Плус е и економист кој се залага да бидеме оданочени и со 50% за да ни функционира државата. Се разбира неговата плата и нашите примања се многу различни. Би сакала некогаш да му извршат еден експеримент, да го остават со цело семејство со 8 000 денари и да му дадат да плаќа ДДВ од 25% како за почеток. Да видам колку дена ќе живеат.
Најголемата болка им е враќање на ДДВ-то гледаат на секој начин да го сопрат тоа. Да им се плукнам и во враќањето и во политиката која ја водат и во лицемерието. Ете ви ги ефектите од пропагандата ете ви ги резултатите сега што правиме? Удри по грбот на луѓето качувај даноци, мамицата нивна клошарска.
И десет ребаланси да направат им е џабе, има дупка а јазот во стопанството се проширува. Дупката сега од свои џебови нека ја пополнат со целодневно дробење како растат лавови(навреда е ружи да употребиш, боцка).
он топик:
Кастрење на буџетот(непродуктивни ставки како онаа договори за услуги а.к.а. ко превари тај товари) и наверојатно ќе треба заем, ама се џаба, ако не се подстегнат малце. Зголемување на ДДВ тешко, можеби под 1 %, сепак ризичен потег.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom