Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДДВ. ЗА ШТО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ ВЛАДАТА?
Александар Јанев
Приходите од ДДВ во јануари се намалиле за 4,7% во споредба со истиот месец лани. Кризата во економијата се заканува да ги секне парите од даноци во Буџетот, а Владата ќе се соочи со дилемата – дали да ја зголеми стапката на ДДВ или да ги крати трошењата. Економистите предупредуваат да се размисли за одредено зголемување на ДДВ пред ММФ да го побара тоа од нас
Застрашувачки е што сите меѓународни финансиски институции, вклучувајќи го и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја предупредија Владата дека ќе се соочи со голем недостиг од пари во Буџетот поради продлабочување на кризата во економијата и затоа, сугерираа да се бара решение на проблемот. Меѓутоа, изборот на решенија за кризата во Буџетот е ограничен. Владата може да направи ребаланс и да ги скрати непродуктивните трошења, да ја зголеми стапката на ДДВ за да собере повеќе приходи во државната каса или да продолжи да се задолжува и да го зголемува буџетскиот дефицит.
„Практиката на буџетски ребаланси е краткорочно, ad hoc решение, но тогаш страдаат капиталните расходи, бидејќи изгледа дека е најлесно да се крати од нив. Од друга страна, зголемувањата на даноците се економски далекусежни и политички сензитивни одлуки и некои влади имаат аверзија кон тоа. Затоа, прашањето за промена на даночните стапки треба да се гледа во контекст на среднорочните предвидувања за буџетскиот дефицит, економскиот раст и каматните стапки на задолжувањето. Доколку воопшто се размислува за пораст на даночните стапки, пораст кај ДДВ би довел до побрзо и поефикасно полнење на фискалната каса во споредба со зголемувањето на директните даноци (на пример персоналниот данок), но би имал социјално негативен ефект, бидејќи посиромашните групи би поднеле поголем дел од даночниот товар. Сепак, од клучна важност е даночните приходи да се употребуваат за економски продуктивни намени“, оценува професорот од Економскиот факултет, Владимир Филиповски.
Професорот по фискална политика Живко Атанасовски пак, смета дека даночниот систем во земјава е деформиран и има простор за менување на оваа политика.
„Владата треба да почне да размислува да ја зголеми стапката на ДДВ пред ММФ да го побара тоа од нас. Мислам дека многу брзо ММФ ќе го побара тоа, но во таков случај, Фондот е многу суров. Пред да се донесе таква одлука треба да се преиспита целата даночна политика, да се елиминираат сите бенефиции и олеснувања што се воведоа во последните години, кои воопшто не ги дадоа очекуваните ефекти. Исто така, треба да се размисли дел од прометот што се оданочува со повластена стапка на ДДВ од 5% да се оданочува регуларно со 18%. Мора да се преиспита и повратот на ДДВ. Сè на сè, има голем простор за зголемување на даночните приходи за да може на расходната страна да се зголемат парите за инвестиции во развојни проекти“, оценува професорот Атанасовски.
Според него, зголемувањето на стапката на ДДВ треба да зависи од ефектите што ќе се добијат со укинувањето на даночните олеснувања и префрлувањето на дел од прометот со данок од 5% на 18%. Но, веројатно, стапката на ДДВ би требало да се зголеми за еден до два процентни поени.
Дел од економистите пак, сметаат дека зголемувањето на даноците е непопуларна мерка. Поранешниот министер за финансии Трајко Славески смета дека зголемувањето на стапката на ДДВ не е гаранција дека ќе се зголемат приходите во Буџетот, бидејќи во тој случај може да се намали прометот.
Најголем дел од даночните приходи во државната каса доаѓаат токму од ДДВ. Владата годинава планира приход од 730 милиони евра, што е 6% повеќе од лани. Меѓутоа, веќе во јануари приходите од овој данок потфрлија. ДДВ во земјава за прв пат го воведе во 2000 година тогашниот министер за финансии, актуелниот премиер Никола Груевски, како замена за данокот на промет. Од првата година досега приходите од ДДВ во Буџетот се тројно зголемени. Освен со зголемувањето на прометот во економијата низ годините, приходите од ДДВ делумно се зголемуваа поради засилената фискализација што ја спроведуваше Управата за јавни приходи, но и поради зголемувањето на цените. За десет години цените се зголемени за над 24%. Во прилог на Владата и на приходите од ДДВ во државната каса одат и серијата поскапувања на енергенсите што ги одредува Регулаторната комисија. На тој начин, Владата добива зголемени приливи од ДДВ и без да преземе непопуларни мерки, како што е зголемувањето на стапката на ДДВ.
Ребалансот ќе бара и структурни реформи на Буџетот
Втората и поверојатна алтернатива за решавање на кризата во Буџетот е кратење на трошењата. Според пресметките на ММФ, Владата годинава ќе мора да скрати 160 милиони евра за да го одржи буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП. Иако капиталните инвестиции за идната година се проектирани на рекордно високо ниво од 440 милиони евра, сепак, тие во целиот Буџет зафаќаат само 15,5%, а останатите 84,5% од народните пари завршуваат за тековни трошоци – плати на јавната администрација, пензии и субвенции, набавки на стоки и услуги, други социјални давачки.
Економистите немаат дилеми дека во криза мора да се штеди на непродуктивни расходи. Редовната практика на ревидирање на државната каса последните неколку години докажа спротивна определба – прво се кратеа парите наменети за инвестиции во патишта, железнички пруги, хидроцентрали и гасоводен систем. Наспроти ваквата владина политика, разумен ребаланс на Буџетот подразбира кратење на тековните трошоци.
Буџетот за 2012 година предвидува 370 милиони евра за плати на јавната администрација, која според дел од министрите, веќе надминува бројност од 180.000 работници. Сите меѓународни финансиски институции ѝ забележуваат на Владата дека има огромна јавна администрација, која претставува огромен товар за Буџетот и затоа, реформите мора да опфатат нејзино намалување. На тој начин ќе се намали ставката за плати.
Набавката на стоки и услуги за тековните потреби на Владата секоја година врзува по околу 600 милиони евра, од кои 418 милиони евра за договорни услуги. Ова е прилично мистериозна буџетска ставка, која не прецизира точно за што се трошат овие пари, но најчесто за медиумските кампањи на Владата, економската промоција на земјата, поправки и одржување на возниот парк на министерствата, трошоци за смтеките на мобилните телефони, дневници за патувања. Во време на криза Владата мора да ги намали овие непродуктивни расходи.
http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/81324/rebalans_na_budzhetot_ili_zgolemuvanje_na_ddv__za_shto_kje_se_odluchi_vladata_.aspx?iId=2641
Александар Јанев

П
риходите од ДДВ во државната каса се намалуваат, а Владата набрзо ќе се соочи со дилема – дали да ги скрати трошењата со ребаланс на Буџетот или пак, да ја зголеми стапката на ДДВ, како што прават многу европски земји. Податоците за приливите од даноци во Буџетот за јануари покажуваат дека приходите од ДДВ се намалиле за 4,7% во споредба со истиот месец лани, што значи дека отстапувањето е уште поголемо ако се споредува со проекциите што ги направи Владата за зголемени даночни приходи годинава.Застрашувачки е што сите меѓународни финансиски институции, вклучувајќи го и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја предупредија Владата дека ќе се соочи со голем недостиг од пари во Буџетот поради продлабочување на кризата во економијата и затоа, сугерираа да се бара решение на проблемот. Меѓутоа, изборот на решенија за кризата во Буџетот е ограничен. Владата може да направи ребаланс и да ги скрати непродуктивните трошења, да ја зголеми стапката на ДДВ за да собере повеќе приходи во државната каса или да продолжи да се задолжува и да го зголемува буџетскиот дефицит.