Челзи и Премиер Лигата го/ја следам од пред 12-13 години кога играа Де Гој, Десали, Појет, Бабајаро, Хаселбенк, Мелхиот, Ѕола, Ди Матео, Ле Со, Вајс, Лебоф, Тери, Гудјонсен....
Времето на Бартез, Стам, Јорк, Гигс, Сколс, Бекам, Кин, Солскјер.... Лорен, Кембел, Симан, Виера, Беркамп, Пирес, Анри, (и морам да го спомнам Френсис Џеферс само саради увото
)
Сигурен сум дека повеќе членови на форумот го немаат гледано својот клуб овој период, само слушнале за нивните легенди како Ѕола за Челзи, Анри за Арсенал, Бекам за Манчестер....
Конкретно за Челзи било каква дискусија да се почни скоро никој нема спомнато играч од минатото освен Ѕола и тоа најверојатно оти го виделе само на некој хајлајтс или некој му кажал за него.... Затоа форумџиите коишто знаат за Челзи од ерата на Абрамович велат дека клубот е вештачки, дека нема историја, немал ова, немал она...
Секоја дискусија е излишна кога се споредуваат екипи во различен период. Факт е дека Челзи во минатото бил послаб од некои екипи, но дека (не баш) сега Челзи е поуспешен од некои од тие екипи... и никој неможе да каже дека немал да освои титула ако не дошол Абрамович (можеби не во тој период, можеби покасно, никој неможе да го тврди тоа), истото важи и за билокој клуб.
Да речеме еве дека сакал на пример да оди во Челзи (да не е Абрамович газда) Венгер, Мурињо да си форсира негови играчи од каква таквата „школа“, дали со сигурност ќе тврдите дека Челзи немало да освои титула?
Скоро сите овие дискусии коишто се спомнува Челзи е на некој начин завидување (особено од помладите фанови) зошто нивниот тим не купил играч како на пример Дрогба и да игра на високо ниво за својот клуб околу 10-тина години и сл.
Само заради вакви коментари не ми се пишува на одредени теми. Исто неможам да сфатам некој кога не сака упорно да признае дека неговиот тим во било кој дуел (дерби) играл послабо. Ретки се исклучоците коишто го прават тоа. Секој којшто разбира барем малку фудбал може да види кој бил подобар, но не секој го признава тоа.
Толку.