Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???

  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ау, какви муабети, Сити го уништуваат фудбалот со пари.
А пред да дојде Абрамович знаете кој ги рушеше сите рекорди во најскапи трансфери и најплатени играчи?
Јунајтед.
Сега мајка Тереза изиграваат.
Мрш таму, никогаш нема да имам симпатии кон нив и не знам како може навивач на Арсенал да има симпатии кон нив.
Кој има нека троши бе, ама у најмала рака смешно е што на исто ниво го ставаш трошењето на Јунајтед од 2000 наваму и на Сити од пред некоја година. Она што нервира не само фанови на Јунајтед, него и неутрални е што преку ноќ со милиони сакаат да стигнат на врвот, а кога Јунајтед започна да троши големи суми веќе беше на врвот(ако не на врвот во топ3 светски клубови).

И сето тоа е заслуга на СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН, кој од тим шо повеќе од 20 години немаше титула, направи дрим тим.
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Мртов сериозен.
Анди Кол најскап играч во Англија во тоа време.
Јап Стам најскап дефанзивец во светот.
Си го срушија сопствениот рекорд за најскап дефанзивец во светот и најскап играч во Англија со Рио Фердинанд.
Верон најскап играч во Англија и еден од најлошите трансфери во историјата.
Па најпрофитабилен клуб сме, што да правиме?
Не сме како Шити зошто немаме шеик, не сме како Челзи, го немаме Абрамович. Не сме како Реал, цела Шпанија плаќа за нив, или Барса која има извонредни приходи и во последно време рушат рекорди!

Да купувале Јунајтед ама по еден играч, а не по 10 наеднаш и по 200-300 милиони во сезона за играчи да потрошат.
Тоа што имаш комплекси од Јунајтед и не ги почитуваш тоа е твоја работа, јас сите англиски ги почитувам освен Шити и Челзи после Абрамович!
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Кој има нека троши бе, ама у најмала рака смешно е што на исто ниво го ставаш трошењето на Јунајтед од 2000 наваму и на Сити од пред некоја година. Она што нервира не само фанови на Јунајтед, него и неутрални е што преку ноќ со милиони сакаат да стигнат на врвот, а кога Јунајтед започна да троши големи суми веќе беше на врвот(ако не на врвот во топ3 светски клубови).

И сето тоа е заслуга на СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН, кој од тим шо повеќе од 20 години немаше титула, направи дрим тим.
Инаку да се надополнам на ова иако не ги спомна Челзи само да си кажам дека Челзи не дојде од нигде никаде и дека беа при врвот пред да дојде Абрамович во Челзи.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.815
Поени од реакции
5.604
Инаку да се надополнам на ова иако не ги спомна Челзи само да си кажам дека Челзи не дојде од нигде никаде и дека беа при врвот пред да дојде Абрамович во Челзи.
при врвот ? шо се подразбира при врвот ?
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
при врвот ? шо се подразбира при врвот ?
Па на пример Сити пред да ги купат шеиците не играа во ЛШ а богами не не беа и во УЕФА куп.
5 години пред да дојде Абрамович Челзи освои европски куп.
1 година пред да дојде Абрамович Челзи играше 1/2 финале во ЛШ како единствен англиски претставник во 1/2 финале на ЛШ.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Во близина биле :icon_lol:
Хахахахахахахахахахахаххахахахахахха, жими се, се смеам и пишам. :vozbud::vozbud::pos::pos:

Во околината на врвот... :pos::pos:
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:31 ---

Е сеа и ти, претера. Сити има освоено Првенство, ФА, Лига Куп, Куп на победници на купови, во Европски рамки, така да, па и можеби поуспешен од наведениот тим, или тука негде.
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:32 ---
Па на пример Сити пред да ги купат шеиците не играа во ЛШ а богами не не беа и во УЕФА куп.
5 години пред да дојде Абрамович Челзи освои европски куп.
1 година пред да дојде Абрамович Челзи играше 1/2 финале во ЛШ како единствен англиски претставник во 1/2 финале на ЛШ.
Уште го паметам тој гол на Бриџ во 89та минута, кој ве однесе таму.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Хахахахахахахахахахахаххахахахахахха, жими се, се смеам и пишам. :vozbud::vozbud::pos::pos:

Во околината на врвот... :pos::pos:
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:31 ---

Е сеа и ти, претера. Сити има освоено Првенство, ФА, Лига Куп, Куп на победници на купови, во Европски рамки, така да, па и можеби поуспешен од наведениот тим, или тука негде.
А кога тоа?
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Уште ова немам слушнато :facepalm:манчестер трошел многу пари за играчи па сити и челзи у рок од едена година направија тим од најскапите играчи а додека манчестер купуваше по 2 до 3 фудбалери и пак беше во самиот врв затоа не вреди да се дискутира за ова
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
А кога тоа?
Мммм пред едно 30-40 години, можеби. Не знам точно годините, но знам дека имаат освоено, а нешто можеби и заборавив. Но, зборуваме за историјата, така ?
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:34 ---
Уште ова немам слушнато :facepalm:манчестер трошел многу пари за играчи па сити и челзи у рок од едена година направија тим од најскапите играчи а додека манчестер купуваше по 2 до 3 фудбалери и пак беше во самиот врв затоа не вреди да се дискутира за ова
Оти не дискриминираш, нас и себеси ? Оти да не вреди ? Форумот затоа служи. За разменувања на мислења и формирање на дискусии. Ако сите имаме едно мислење, којзнае во каков свет Би живееле.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Мммм пред едно 30-40 години, можеби. Не знам точно годините, но знам дека имаат освоено, а нешто можеби и заборавив. Но, зборуваме за историјата, така ?
Другите рекоа дека Челзи го уништиле фудбалот и дека откога дошол Абрамович Челзи станал јак.
И затоа јас реков дека Челзи беше добра екипа и пред да дојде Абрамович.
На пример исто ли би било сега Ливерпул да го купат арапи и да освои титула и Свонси да го купат арапи и да освои титула.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Другите рекоа дека Челзи го уништиле фудбалот и дека откога дошол Абрамович Челзи станал јак.
И затоа јас реков дека Челзи беше добра екипа и пред да дојде Абрамович.
На пример исто ли би било сега Ливерпул да го купат арапи и да освои титула и Свонси да го купат арапи и да освои титула.
Ама да прајме, искрено муабет, Челзи, немаше големи успеси во минатото. Освен тоа што го наброја, и таја една титула во Првенството, не се доволни, за тим кој порано бил со богата историја, како на пример Ливерпул. Јас, искрено многу ценам, што вие ја правите историјата, т.е сте сведоци додека се пишува, како што на пример јас бев сведок кога Арсенал остана непоразен во Англија. Но, да бидеме јасни. Трофеите на Челзи во 60тите, 70тите, 80тите, 90тите се освноваја само на освојување на ФА или Лига Купови. Така ? И Првенстовото во 50тите. Така ? Ова за мене не е доволно за историја и за паметење. Е сеа, точно е дека, некои тимови како Нотингем, Лидс и слично, беа големи, но сега не се. Не се, бидејќи не играат на највисоко ниво. То е то.

Значи, да не ми се нафрлите одма, сите, многу го почитувам период кога Челзи освојуваше титули со Мурињо и Анџелоти, но предходно, според мене, Челзи, не беше голем тим. И Фактите зборуваат самите за себе.
 
Јас не зборам за 50тите итн. јас зборам за последните години пред да дојде Абрамович.
Сакам да кажам дека Челзи не беше некоја чкљ екипа па после дојде Роман и ги направи јаки.Тоа мене ми е зборот :)
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Другите рекоа дека Челзи го уништиле фудбалот и дека откога дошол Абрамович Челзи станал јак.
И затоа јас реков дека Челзи беше добра екипа и пред да дојде Абрамович.
На пример исто ли би било сега Ливерпул да го купат арапи и да освои титула и Свонси да го купат арапи и да освои титула.
Челзи беше добра екипа но не можеше да освои титула, а кога дојде Роман тоа се оствари. Мислам знаеш за што е муабетот. А не дека Челзи биле некоја слаба екипа или слично. Беа просечен англиски тим.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Челзи беше добра екипа но не можеше да освои титула, а кога дојде Роман тоа се оствари. Мислам знаеш за што е муабетот. А не дека Челзи биле некоја слаба екипа или слично. Беа просечен англиски тим.
Толку сакав да кажам, се отепав од пишење, само да не ги навредам. Уфф
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom