Без шала, што превзема надлежниот јавен обвинител кога ќе добие кривична пријава против непознат сторител? Истрага како што викаш против непознато лице не може да се спроведе а уште помалку да се покрене обвинителен акт...
Види, законски ЈО има повеќе овластувања што може да направи, но еден основ е многу битен. а тоа е дали има основ за сомневање при сторено кривично дело. Што тоа значи? ТОа значи дека мора да бидат исполнети битните елементи за едно кривчно дело да биде - кривично дело, (време место и начин) и наравно сторител (нн или познат сеедно). ако такво нешто немаш, обввинителот нема што нешто да бара, отфрла пријава со решение по дифолт.
При ситуација кога имаш Н.Н сторител, а имаш основ дека е сторено кривично дело (што во најголем случај е така), онда се обраќа овторно до МВР, да се превземат дејствија за изнаоѓање на НН сторител, и одма да ти кажам, мнгоу бавно иде тоа, оти е речиси невозможно, затоа и имаш толкав мал процент на пријави со откриен сторител. Патем речено еве ти еден статистички податок, кој што се однесува токму на тие пронајдените, а тоа е дека од тие 5% што ти ги спомнав, рачунај дека имаш лица кои што извршиле стек на дела (значи поише кражби едно 10 - 12 пример, имаш и такви со по 70 ебаго!), а имаш и сторители кои што се малолетници, така да за нив има посебен третман. Е сеа овие податоци не треба да ги проеруваш во некоја си статистика, чиста логика брат, ако си правник, нормално е да ги знаеш овие работи - како да ти кажам систем елиминација

.
„
Истрага како што викаш против непознато лице не може да се спроведе а уште помалку да се покрене обвинителен акт“ а за ова обвинителен акт.. брат во никој случај против НН лице,, мислам смешно е!

кого ќе гониш кривично ај сеа? воздух? Е једино имаш еден законски основ - во Закон за Кривична Постапка, каде што се допушта да се оди пред истражен судија, но само во момент кога е потребно вештачење, а истото го врши Институтот за судска медицина и криминалистика, нормално по налог на истражен судија, а повторно, нели преку МВР... и евентуално ако се смета за потребно, да се повика оштетениот - што е екстремно ретко. Како и да е, оваа последна практика што ти ја наведнов, не е класична истрага... во законот таму стои како посебни истражни дејствија.. или одделни.. така да не е исто.
А иначе конкретно, за случајов погоре, ако го поврзеш со ова што ти го опишав, одма да ти кажам дека е гола вода, ништо од бизнисот - чорба.. тоа вештачење, изјави, гонење на нн сторител, па камери.. врска нема.. не го замислувај као ЦСИ или слично, тоа ни на запад не е така верувај ми. Они имаат само поише пари да прогураат некои работи и толку.
Ова што ти го кажав е и од факс, но и сум имал прилика - на факс нормално, да дојдам подлабоко во контакт со ваквата материја... така да веруј.. се е бирократија и папирологија.