А бе голема чест и задоволство ми причина тоа што моите постови се постирани и кај нив, дури и јавно им се заблагодарив, без никаква навреда, културно. Тоа беше мојот последен пост таму!
Со тоа што ги објавија моите постови, се докажа дека имаат стравопочит кон мене и кон сите фанови на Јунајтед. Ќе го сметам ова за мала слатка победа!
А да ви кажам што ми се случи денес! Како неутрален навивач на денешниов дуел гледав фудбал во еден кафич и имаше навивачи на непожелниот клуб(ќе почнам и да не ги споменувам, ми прави чуство на гадење). Ме провоцираа цело време, скокаа таму и на крајот мораше да станам и да си поиграм со нив! Лошо поминаа, нема да му текне повеќе да ми речат ниеден лош збор во врска со фудбалот камоли за Јунајтед!