Фан Клуб: Јувентус

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Се мислам долго време да ве прашам, ама еве кога прочитав ова за Елија реков баш сега да го поставам тоа прашање...Зошто дечкото не добива шанса? Стварно е добар играч и еве гледам ретко настапува за вас.
Јуве најчесто игра формација со тројца во нападот со еден класичен шпиц и две крила. Крилата на почетокот од сезоната беа Пепе и Вучко а кога тие не играат (што поради повреда, што од тактички причини) Конте има двајца свои миленици Естигарибиа и Џакерини. Не викам дека се овие двајца дрва и дека воопшто не заслужуваат да играат ама сепак мора да му го пушеле на Конте за таа огромна доверба која им ја укажува. Според прикажаното од нивна страна досега не ја заслужија таа огромна минутажа ( да си кажам пред да ми се нафрлите тие што не се сложувате ,ова е мое мислење и не мора да е точно).
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013

Имаа и двајцата неколку поединичени настапи, но се бројат на прсти. Но Џакерини има веќе 26 години, не верувам дека нешто ќе направи во динина

Естигарбија, ај 24... може ќе напне некако.

Патем глејте го фејлов на Џакерини, ко играше у Чезена:

А коментаров вришти! :vozbud: Buffon best keeper... he can save without his hands :D
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Џакерини е кока кола за Естигарибија.Овој вториов незнам зошто толку го игра просечен играч за против просечи екипи е а спротивно Елија не се игра за кој се дадоа многу повеќе пари па и Красич кој заборавивме дека игра кај нас треба турбо тренинг да му удри конте на него веќе му е падната цената кога не го продадовме во зимскиов период
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не ми го гибајте Џак. Тој за Елија е Меси.
Естигарибија е нааадежен, има квалитет во него само му требаат настапи.
Она шо го гледам во јуве од него се повремени блесоци и страааав од дуели. Се надевам дека ќе биди испратен во Емполи, Сиена негде догодина.
Елија е испод секакви стандарди, му бега топката, изгубен е во просторот и времето и предуслов за тој да игра е фудбало наместо да се игра на фудбалски стадион да се пресели на хиподром и со брат му коњ попознат како красич да се наттрчват.
Реално нема место за игра за поединци како Елија во Италија. Одбраната е премногу густа и треба техника наместо брзина за да се пробие. Му препорачвам да се проба во Шпанија и Англија кај шо има месечари во одбраните.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Имаа и двајцата неколку поединичени настапи, но се бројат на прсти. Но Џакерини има веќе 26 години, не верувам дека нешто ќе направи во динина
Каморанези во Јуве дојде кога имаше 26 години, тотално недокажан потенцијален играч (токму како што е Џакерини) кој играше во клубови како Верона и аргентинските Сантос Лагуна, Банфилд итн, па во Јуве се разви во еден од најдобрите крилни играчи во светот.

Џакерини игра одлично оваа сезона, и во право е Конте што му укажува доверба, досега во целост ја оправдува.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Не ми го гибајте Џак. Тој за Елија е Меси.
Естигарибија е нааадежен, има квалитет во него само му требаат настапи.
Она шо го гледам во јуве од него се повремени блесоци и страааав од дуели. Се надевам дека ќе биди испратен во Емполи, Сиена негде догодина.
Елија е испод секакви стандарди, му бега топката, изгубен е во просторот и времето и предуслов за тој да игра е фудбало наместо да се игра на фудбалски стадион да се пресели на хиподром и со брат му коњ попознат како красич да се наттрчват.
Реално нема место за игра за поединци како Елија во Италија. Одбраната е премногу густа и треба техника наместо брзина за да се пробие. Му препорачвам да се проба во Шпанија и Англија кај шо има месечари во одбраните.
Истиот тој коњ што не носеше на грб цела сезона. Колку и да е слаб на тренинг Красич и не се вклопува во формациите на Конте сепак треба да се има повеќе почит за него. Можеби во Конте е проблемот. Вие го гледате на тренинг секој ден па знаете како стојат работите?

Исто овде на темава се вртеја муабети дека Џовинко е слаб, не можи да издржи дуел во Италија, ветерот го дува па сега ќе плаќаме на лето 10 милиони за него. Шо би рекол охриѓанецот од К-15 да му плаќаш да се исериш во клозетот дома.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Ne mi go gibajte Giaccherini!! Znaci kolku samo se trudi,trca ko lud,pravi brzi napadi!Za Esti zborete so sakate ali Giaccherini NIKAKO! :) .Deckoto e tokmu toa sto mu treba na Juve vo momentov pa sigurno so treninzite na Conte so povekje nastapi negovata igra ke bide uste podobra i kje bide spremen za LS :) i naravno ke bide povikan za reprezentacija (y) .
Inaceee koga sme vekje tuka da kazam za Elija neso i jas :D .Mnogu slaba strana nego mu se duelite bidejki do sega se gi izbegnuvase a pa i koga ke vidime,Conte ne e do tolku LUD da ne go stava a nego stvarno da go biva.Sigurno neso fali cim ne e duri ni na klupa :). Ocekuvam utre konecno da raspali Juve i da gi potepame chievo onaka kako so e redot 5-0!:cool:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Истиот тој коњ што не носеше на грб цела сезона.

Можеби во Конте е проблемот.
Половина сезона. Втората половина воопшто не беше во форма, ама тогаш оправдувањето за лошата форма кое го даваше тој и неговите агенти беше дека е премногу уморен од долгата сезона (ЦСКА, па летото со Србија на првенството). Тој беше главниот играч во Јуве првата полусезона.

А оваа сезона, не е во Конте проблемот. Красиќ на почетокот на оваа сезона доби шанса да докаже дека го заслужува дресот на Јуве, и од него се очекуваше многу повеќе од она што го прикажа. На почетокот на сезоната беше прв избор за крило, избор кој со своите игри не го оправда. Ја има изгубено брзината која му беше главно оружје минатата сезона,скоро сите дуели ги губи,многу често беше деконцентриран и поради тоа доста акции на Јуве беа неуспешни. А дека е Конте во право докажува дека Красиќ го изгуби и репрезентативниот статус. Изминатата полусезона беше повикан на повеќе натпревари на репрезентативно ниво, но на повеќето влезе како измена, и таму беше ист како во Јуве.
 
Се е точно ова ама зошто го оставија во тимот ако веќе не е потребен ?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Се е точно ова ама зошто го оставија во тимот ако веќе не е потребен ?
Па најверојатно во зимскиот трансфер период не стигнала понуда која била вредна да ја прифати Јувентус и Красиќ.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Па најверојатно во зимскиот трансфер период не стигнала понуда која била вредна да ја прифати Јувентус и Красиќ.
Само ако има желба може да се врати во тимот со јаки тренинзи итн.Стварно од почеток на сезоната еден пас неможеше да сврзе како што кажа му бегаше топката али има уште малце време да се врати па ќе видиме
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Edna prejaka vest samo so ja procitav od JuventusHR:
Juventini, sada je Sky Sports izvjestio da Elia sutra počinje od prve minute.
Čini se da je Conte odlučio unijeti malo brzine u ekipu.
Nadamo se da će zaigrati. Pa ajde da vidime :)
 
Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Еве нешто за фановите на Елија, според Sky Sport, големие се шансите, Елија утре од прва минута да почне против Киево, причината била, дека конте сака малце поглема брзина во играта.
П.с Напишав за фановите на Елија, зашто гледам тука сите кога елија ќе игра зашто не го игра ајде да видиме што ќе покажи ако вистина игра од прва минута, патем сакам да кажам јас не навивам за Елија, Красиќ, Џакерини, Вучинич итн... Се додекад Конте со ваква поставеност покажува резултати ќе ги подржувам неговите одлуку, но доколку нема резултати не е и тој толку глуб да не мени нешто во составот или формацијата.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
На Газета и Скај најавуваат 4-3-3 формација:

Буфон​
Лихштајнер--Барзаљи--Киелини--Де Чеље​
Џакерини--Пирло--Маркизио​
Дел Пиеро--Матри--Вучинич​
Тутоспорт ја најавува истата формација, но наместо Вучинич е најавен Кваљарела.​
А Кориере:​
Буфон​
Лихштајнер--Барзаљи--Бонучи--Киелини​
Падоин--Пирло--Маркизио​
Џакерини--Матри--Кваљарела​
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
На Газета и Скај најавуваат 4-3-3 формација:

Буфон​
Лихштајнер--Барзаљи--Киелини--Де Чеље​
Џакерини--Пирло--Маркизио​
Дел Пиеро--Матри--Вучинич​
Тутоспорт ја најавува истата формација, но наместо Вучинич е најавен Кваљарела.​
А Кориере:​
Буфон​
Лихштајнер--Барзаљи--Бонучи--Киелини​
Падоин--Пирло--Маркизио​
Џакерини--Матри--Кваљарела​
Mи се допаѓа првата формација, односно, формациите се исти ама ми се допаѓа тоа што Алекс е вметнат во првата. Одамна чекам да го видам во составот, почна да ми недостасува неговото присуство во тимот. Поголемиот дел од сезоната е обичен гледач што е срамота за една таква легенда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom