Шарпланински Куп

  • Креатор на темата Креатор на темата Ivica^
  • Време на започнување Време на започнување

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Во следните три дена 29-мина алпинци од 10 земји меѓу кои се Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска и Словачка, од каде доаѓаат и скијачи со добар број на ФИС-поени. ќе ја продолжат традиција на една од најголемите скијачки манифестации на Балканот.

Промени во однос на минатите години речиси и да нема. Ќе се скија на патеките „Орлова“ (долга 685 метри со височинска разлика од 198 метри) и „Езерино“ (долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри), најуспешниот ќе си замине со расен шарпланинец, а тука одново е и словенечката скијачка легенда кој воедно е и директор на Купот, Бојан Крижај.

„Објавуваме почеток на уште еден Шарпланински Куп, натпреварување кое од година во година собира се попознати лица од светот на скијањето. Со тоа придонесуваме за поголема афирмација, но и квалитет на овој спорт во Македонија“, изјави Бојан Крижај, директор на „Шарпланински куп“

Најзвучно име на стартните листи е поранешниот шведски репрезентативец Никлас Рајнер, а тука е и бившиот јуниорски шампион во слалом, Митја Драгшиќ од Словенија, како и неговиот сонародник Бернард Вајриќ.

Во оваа конкуренција, образот на македонското алпско скијање ќе се обиде да го обели Антонио Ристевски, поддржан од Дардан Деари и дебитантот Марјан Нашоко.

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за утре од 15 часот, следниот ден од 10 и од 13 часот на програмата се велеслаломските трки, а в недела од 9 и од 12 часот натпреварувачите ќе возат слалом.

Покровител на овогодинешниот Шарпланински Куп е Премиерот Никола Груевски.

Официјална Веб страна на Шарпланински Куп

Епа дечки ајде викендов на Шапка :)
 
gs.jpg

VAJDIC Bernard од Словенија со време од 02:04:40 е победник на велеслаломската трка на 38. Шарпланински куп која се возеше на патеката Орлова, веднаш зад него е VELECIC Tomaz исто така од Словенија со вкупно време од 02:05:32, додека третото место го зазеде австрискиот скијач Anton Shwab со време од 02:05:82, најдобар домашен натпреварувач е Антонио Ристевски кој го освои 9 место со време од 02:09:41.

извор
 
Словенциве газат секоја година...
Им даваат уште Шарпланинчиња на победниците?:)
 
VELECIC Tomaz од Словенија со време од 01:46:69 е победник на слаломска трка на 38. Шарпланински куп која се возеше на патеката Езерино, веднаш зад него е MLINSEK Filip исто така од Словенија со вкупно време од 01:47:67, додека третото место го зазеде нивниот колега GASPERIN Timi со време од 01:49:50. На 7то место се пласираше најдобриот македонски натпреварувач Антонио Ристевски. Слоламската трка ја завршија 16 натпреварувачи.

извор

Фала на внимание, се гледаме наредна година.
 
Годинава по 39 пат се одржува Шарпланинскиот Куп.
Глеам има голема заинтересираност за најстарото скијачко натпреварување во земјава па реков де да ставам некое инфо што го напишал некој поискусен од мене.

Брајовиќ од Словенија најдобар на 39-от Шарпланински куп
0C68586C12D938498C0A1410A5C93B0D.bmp

Грегор Брајовиќ од Словенија е најдобар по првиот ден на 39-от Шарпланински куп, втор е скијачот од Албанија, Ерјон Тола, а трет македонскиот репрезентативец Дардан Дехари.

Од осамостојувањето на државава ова е најголем успех за македонските скијачи на купот. Другите двајца македонски репрезентативци, Антонио Ристевски и Маријан Нашоку, не ја извозеа втората трк
CC83E70E2864954AAAF83343F823A1A1.bmp

Патеката „Орлова“ на која се вози трката во велеслалом Брајовиќ ја извозе со вкупно време од 02.03,91.

- „Мислам дека досега сум бил три пати втор, ова е прв пат да бидам на првото место по завршувањето на првиот ден. Патеката беше доста тешка, снегот беше мек и имаше многу дупки“ - рече Брајовиќ.
И по првата трка тој беше најдобар, а во втората рутински извозе и ја задржа вкупната предност со што изби на првото место. Единствено Тола беше побрз во второто возење и тоа за една стотинка, но недоволно за да биде најдобар по двете возења. Во вкупниот пласман Дехари задоцни една секунда и 38 стотинки.

0E60B5CE2492D347B1668D9209788B11.bmp


Околу триесеттина натпреварувачи од 12 земји учествуваат на најстарата зимска спортска манифестација во Македонија. Утре на патеката „Езерино“ е трката во слалом. Севкупниот победник ќе освои 3.000 евра и преодниот пехар, а на подарок традиционално ќе добие и куче шарпланинец. И годинава директор на натпреварите е скијачката легенда од Словенија Бојан Крижај

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5A87096F5E15C34C8FF2CC8D23351839

Нека му е честито на Дехари за освоеното трето место. Се надевам утре и другите двајца наши скијачи ќе остварат солидни резултати.
Велеслаломот утре се вози со почеток во 14:20 часот, а директен пренос врши МТВ.

Прошливе 2 дена имаше и бесплатен превоз за до Шапка, ама за утре ништо неам разбрано. Па ако некој од тетовчаниве знае нешто у врска со тоа нека пише.
 
Добро е ова што се тера традицијата како што читав купот е најстар на балкан и пошироко во регионот, а голема штета е што е запоставен... Овие учесници се едни од послабите и што немале шанса да настапуваат на посилни купови па треба да прерасне во многу поголем настан заедно со развојот на Шапка како ски центар.
 
Добро е ова што се тера традицијата како што читав купот е најстар на балкан и пошироко во регионот, а голема штета е што е запоставен... Овие учесници се едни од послабите и што немале шанса да настапуваат на посилни купови па треба да прерасне во многу поголем настан заедно со развојот на Шапка како ски центар.

Огромен потенцијал има Шапка да стане еден од најдобрите ски центри, се прават напори тоа да се оствари во поскоро време.
Снег има во изобилие, стазите постојано се одржуваат а имаше и најави дека годинава ќе има и ноќно скијање и инсталирање на нови ски-лифтови и отворање на нови ски-стази. Ама по се изгледа дека тоа остана само најава.
Се надевам во скоро време и жичарницата Тетово-Попова Шапка ќе се реновира зашто штета е така да се остави на забот на времето и да пропаѓа.
 
Како што кажа погоре пријателов, потенцијал има, не само Шапка, Маврово уште повеќе, него срамота е и да се спомнува купов на какво аматерско ниво се одржува, колку слаби се наптреварувачите.Можеме само да се огледаме на Бугарите, каков центар стана за кратко време Банско.
 
Како што кажа погоре пријателов, потенцијал има, не само Шапка, Маврово уште повеќе, него срамота е и да се спомнува купов на какво аматерско ниво се одржува, колку слаби се наптреварувачите.Можеме само да се огледаме на Бугарите, каков центар стана за кратко време Банско.
маврово уште повеќе ако им направат спуст, со тоа рамното што го имаат никаков потенцијал :)
А за бугарите, они колку што инвестираат во планински туризам Грујо толку пари нема видено во животот, за жал!:(
 
takvi tereni kako shto ima popova shapka za natprevaruvanja i od najvisok rang ,za fis,,, no gospod dava edno a samo pamet ne mozhe da dade,,,,,shto narod sme i toa e dobreo,,,,,a zoshto ushte vo vremeto n ex yu ne se napravi neshto i na toj plan ,,,,i pak gujo e kriv,,,,
na vakvi sobiri na fis kade p,shapka e klasificirana kako rang od B-kategorija reprezentaciite gi isprakjaat mladite nadezhni talenti a ne vednash vo fis A-grupa,,,,,,,,, za golema zhal do sega niti sojuzot nitu nekoj od bilo koja politichka garnitura ne uspeaja da go smestat sharplannskiot kup vo fis A -grupa,,,,,,,,a i shto narod sme ,i aj dosta imam mnogu za zboruvanje po osnov na ovaa tema ,,,,,,,,i pain kiler ako si primetil koga gujo e neshto togash sharplaninskiot kup se odrzhuva a on ili na nego slichni nema go nema ni kupot,,,,,,,,sum gi pminal site nashi ski centri no shto gospod dal na popova shapka nema nikade pa duri ni vo stranstvo ,,,a tochno e treba da se vlozhuva no koj da vlozhi i zoshto da vlozhuva i za kogo da vlozhi,,,,,,,,
 
Брајович во седмиот обид го освои шарпланинецот

DF6D182900FA2D4DA789635082E28586.jpg

Словенецот Грегор Брајович е победник на 39. издание на Шарпланинскиот куп. Тој победи во вчерашниот слалом како и во завчерашниот велеслалом и со тоа ја заслужи титулата на вкупен победник, наградата од 3.000 евра и традиционалниот шарпланинец. На второто место е Босанецот Игор Лајкерт, а трет е македонскиот скијач Дардан Дехари. Ова е прв пат скијач од Македонија да биде меѓу првите тројца пласирани на оваа манифестација. На Брајович ова му е седмо учество на Шара купот. Досега има возено на Шара во 2004 година, 2005, 2006, 2009, 2010, 2011, 2012.

Другиот македонски скијач Антонио Ристевски се пласира на третото место во слаломот вчера, а ова му е прв висок пласман во кариерата на Шарпланинскиот куп. И на завчерашниот велеслалом Дехари го освои третото место што беше прво искачување на подиумот на домашен натпреварувач во историјата на Шарпланинскиот куп, откога на ова натпреварување се вози слалом и велеслалом.

Брајович беше пресреќен што во седмото учество на Шарпланинскиот куп и по три качувања на подиумот, конечно се израдува на првото место.

- Навистина се изначекав за овој триумф. Повеќепати имам учествувано на Шарпланинскиот куп и конечно ја освоив главната награда. Сезонава не ми одеше баш најдобро и се надевам дека ова ќе биде пресврт. Му се радувам на шарпланинецот, а уште повеќе ќе му се израдува татко ми кој ќе го чува. Шарпланинскиот куп станува од година во година се подобар – изјави Брајович.

Дардан Дехари стана прв скијач кој од Македонија се искачил на подиумот на Шарпланинскиот куп откога се вози слалом и велеслалом на овој натпревар и прв скијач кој се пласирал меѓу првите тројца во вкупен пласман.

- Радосен сум поради овој одличен резултат. Малку ме послужи и среќата затоа што Антонио во велеслаломот не ја заврши трката, а имаше одлично време – изјави Дехари по слаломската трка.

Во слаломот Брајович се пласира на првото место зад него доскија Лајкерт, а трет беше Антонио Ристевски. Во велеслаломот завчера прв беше Брајович, втор Лајкерт а трет Дехари.

- Донекаде сум задовоен со резултатот. По слаломот првпат се пласирам на подиумот во Шарпланинскиот куп, по шест учества. Но, разочаран сум поради тоа што не го завршив велеслаломот, а имав време за пласман меѓу најдобрите тројца. Во првото возење бев втор и одев на победа во второто, но не го завршив тоа возење. Сепак и ова е одличен резултат – изјави Ристевски по слаломската трка.

На овој Шарпланински куп учествуваа 32 скијачи од 14 земји. Според директорот на трката Словенецот Бојан Kрижај, целиот натпревар минал во најдобар ред.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=785D664B53DFFF4399DB70708E8806C7

Браво за Дехари, конечно некој наш скијач освои едно од трите места на Купов. Штета што и Антонио Ристевски не успеа да ја заврши првата трка, па можеби ќе имавме и две места на пиедесталот.
Ама нема веза овогодинешниов Куп заврши, па се надевам дека наредна година конечно ќе имаме домашен победник на Шара Куп, да ги симнеме словенците, доста им беше :)
 
Aко годинаава стазата беше беспрекорно спремна, се околу неа беше едно големо промашување.
Не ми се верува до кај стигнала Шапка, ѓубре насекаде, киосци влечени до горе и оставени така запуштени, народ се помалце и помалце од година во година. Јас мислев у 11 саат дека ќе има гужва и ќе не може да се припари со кола до горе воден од досегашни искуства и дека ќе нема кај да се седне, тоа сосема спротивно.
Ете до таму стигна најстарата спортска манифестација у државава дами и господо министри Јанкулоска и Ставрески. Гледајте у што се гуши еден од најдобрите ски центри у државава. А не да предлагате небулозни пароперачки проекти за изградба на некакви си "ултра-модерни" ски центар на Водно!

За натпреварувањето нема шо да се каже, у втор план ми беше мене тоа зашто првата глетка беше катастрофална.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom