Добра ствар е преквалификација. Ако со тоа си овозможиш да најдеш добра работа (читај добро платена).
У однос на муабетот што се отвори после првиот пост, не е во ред некој да избегнува работа ако нема никаков друг приход, а исто така не е во ред некого да примораш да завршува што поголемо образование а после да не му го вреднуваш истото.
Не би ми пречело да работам и за 7000, ако немам стекнато знаење/образование за поплатена работа. Кај нас се направи средното задолжително, се зголеми бројот на упишани студенти, се зголеми бројот на упишани на постдипломски (зашо дојдовме до тоа и со завршување на додипломски студии пак да бидеш “мивка“). И сеа ќе магистрирам и ќе треба да работам за неколку илјади!? Епа нема. Сакам да ми се исплати образованието кое сум го стекнал, за кое сум вложил и време и пари и труд.