Ниту работат, ниту сакаат да се доквалификуваат за да најдат работа

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ами зрно по зрно погача.
ама ако ти чекај си прилика, некој не те брза.
ова ти реално го зборуваш при 300 000 невработени. мислам стварно.
не ти , не јас уште 100000 да одбијат, пак ке се најдат 200000 кои ке прифатат за таа плата. дај бидете релани, не летајте со умот.
како работа да има на претек па сега и ке бираш. како да ве бараат од дома за работа и ти двојче му даваш, му велиш пффф за тие пари поарно дома ке седам. а газдата пак ке ти се обеси на клепки и ке ти речи аман ела, колку бараш толку ке ти дам само не седи дома. како да нема уште еден куп што чекаат за тоа место.
знам дека е невозможно ама верувај кога сите би направиле така ( што е невозможно повторувам ) односот ке биде МНОООГУ подруг.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
знам дека е невозможно ама верувај кога сите би направиле така ( што е невозможно повторувам ) односот ке биде МНОООГУ подруг.
Невозможно е заради една величествена поговорка која потекнува од нашите лоботомираните предци. А таа гласи:

„Шесилјади - Шесилјади - кој ти ги дава.“*

Што беше неколку пати потенцирана и на форумов, меѓу „прогресивната“ младина. За жал(ој).

* Поговорката зависи од понудата. Може да гласи и „илјада - илјада, кој ти ги дава. Џабе работи - џабе не седи.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.537
Поени од реакции
9.436
све се изнакажа на темава само не тоа што е тема,јас навистина не разбирам што е тоа толку лошо човек да се преквалификува, тоа всушност е вообичаена пркаса во целиот свет, некој поради тоа што не си го нашол местото, некој покасно сватил дека не му лежи тоа што го завршил и слично, али кога станува збор за кај нас колку и да не е розава ситуацијата сепак народот некако повеке се научи да легачи одколку да работи, слушам секакви размислувања како некој завршил 4 години факултет и слично, треба да се разбереме дека никој не завршува ништо за некој друг ниту за државата, кој што ке направи прави лично за себе, проблемот е во лошата пракса што постоеше во стариот систем кој гласеше УЧИ ДА НЕ РАБОТИШ па некој премногу буквално го сватија и тоа остави трага и ден денес, јас знам пример еве комшијата мој кој работеше келнер и дури и тоа му беше добро на времето додека не направи семемјство, кога оформи фамилија побарувањата стана поголеми, човекот не можеше да издржи, сакал не сакал ја смена професијата, се префли на градежништво, денеска не само што заработува солидно туку и куќа направи, и тоа не го направи за Гоцевата раса како што сака да каже еден од дискутантиве туку го направи за себе и за неговата фамилија, значи не барајте патриоти и Гоцеви раси туку треба да се спотне газот а не да се глуми господин.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Невозможно е заради една величествена поговорка која потекнува од нашите лоботомираните предци. А таа гласи:

„Шесилјади - Шесилјади - кој ти ги дава.“*

Што беше неколку пати потенцирана и на форумов, меѓу „прогресивната“ младина. За жал(ој).

* Поговорката зависи од понудата. Може да гласи и „илјада - илјада, кој ти ги дава. Џабе работи - џабе не седи.
Покриен газ никој не го плука. :cenzura:
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 09:21 ---

Само додади на сликава интернет пристап, три прочитани статии за економија и одлики на неконструктивна неписмена (про)вмровска раја!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
За 7000 од кревет рано насабајле не станувам.
Буци ти инспирација од Наоми Кемпбел да не црпиш? Она така викаше под милионче не станувам од кревет :icon_lol:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
кај да се преквалификувам за да фаќам тендери ?

звучи мноооогу неблагодарно од мене,ама да ги прашаме тие што кажуваат(од институциите) дека народот(невработените) не сакале да одат на преквалификација или курсеви КАКО ЈА ДОБИЛЕ СВОЈАТА РАБОТА ?! па после нека солат памет на други дека со преквалификација или курсеви ќе дојдат до работа од најмалку 300 евра колку тие што ја уживаат
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации за да можат да најдат работа, велат познавачите

867
граѓани се јавиле на обуките за преквалификација во Агенцијата за вработување во последните три години

С
е бараат електроинсталатери, електромонтери, болничари, автосервисери, готвачи, фризери – ова се најчестите дејности што преку огласи ги бараат компаниите, но не можат да најдат соодветен кадар и тоа во градовите со најголема невработеност, велат од Агенцијата за вработување. Меѓутоа, иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации, за да можат да најдат работа.
Од Агенцијата велат дека во последните три години за обуки за преквалификација или доквалификација се јавиле само 867 невработени луѓе. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, коментира дека дури и малиот интерес за посета на обуките за преквалификација, го обезбедиле со тешки маки.
„Неверојатно тешко е да обезбедиме група која ќе биде квалификувана за некој занает или квалификација. Некои од луѓето кои ќе се пријават за доквалификација по само неколку посетени часа од обуката, се откажуваат. Пред некое време имавме обука за општи знаења, како јазици, компјутери и комуникација и интересот за обуките беше поразителен. Особено во оние градови каде што бројката на невработеност е многу голема“, вели Поповски.
Според него, поголема мотивација за преквалификации има кај повисоко образованите граѓани отколку кај оние кои се со средно или пониско образование.
„Одржувавме ИТ-обуки и само 39% од пријавените се појавија на обуките. Сите останати не дојдоа, особено невработените од Битола и од Скопје, иако кадрите од оваа област се многу барани и веднаш наоѓаат работа. Често организираме обуки и од области кои се многу потребни на пазарот на трудот како градежници, заварувачи или гипсери, но има многу малку заинтересирани“, вели Поповски.
Директорката на Центарот за образование на возрасните, Љиндита Ќезими, исто така вели дека е зачудена што има толку мал интерес за обуките на ниво на целата држава.
„Треба да работиме на подигнување на свеста на граѓаните за тоа кои се придобивките од посетата на преквалификација и доквалификација и која е нивната крајна цел - повеќе можности за вработувања“, вели Ќезими.
Од Министерството за образование и наука, велат дека сите граѓани кои не го дооформиле своето образование или со сегашното образование не може да се пронајдат на пазарот на труд, треба да се пријават на обуките за преквалификација и доквалификација кои траат шест месеци, за потоа да можат да најдат работа. Агенцијата за вработување за 2012 година планира обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот за повеќе од 200 луѓе за кои се одвоени околу 180 илјади евра.
Според Агенцијата за вработување во 2009 година во обука за преквалификација или доквалификација биле вклучени 383 невработени луѓе, а од нив се вработиле 245 луѓе. Во 2010 година во обука биле вклучени невработени 280 луѓе, од нив се вработиле 165 луѓе. Во 2011 година во обука биле вклучени 204 невработени луѓе и од нив се вработиле 120 луѓе, велат од Агенцијата.
--cista laga
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Дури и овие се избориле, со жртви и со се за сега:

итн. :D

Како и да е, на темава, доквалификација е сосема легитимна работа, само уште народот да не се страмеше од образование како што е сега. (n)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
и да ти кажам дека нетреба. кога ја ке одбијам да работам како келнер за 9 000 пример или ти ке одбиеш да работиш како бравар за 12 000 и кога никој нема да ги прифаќа работните места со УЛТРА МИНИМАЛНА плата тогаш ке почнат да рипаат платите кај нас. вака додека тераме НИКАД нема да имаме асална плата за ниедно работно место.

кај нас вредностите и трудот на работниците се сооооосема изместени поточно кажано НАМЕРНО изместени од страна на работодавците.
Се додека има 30% невработени,платите ќе бидат тие.. кој ќе го натера работодавецот да ги зголеми,кога на биро во секое време има замена за тебе..? Да падне на 10-тина % ,тогаш да ,платите по автоматизам ќе одат нагоре..се дотогаш,поголеми плати=чиста утопија.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
знам дека е невозможно ама верувај кога сите би направиле така ( што е невозможно повторувам ) односот ке биде МНОООГУ подруг.
Ok eve замисли дека сите работници и невработени во МК се договорат да никој не работи под 500 евра. И добро...и што ќе се случи сите работни места кој не се исплатливо под 500 евра плата (80-90%) ќе се затворат. Може некој мал процент ќе земаат 500 евра плата и работат ама невработеноста ќе биде 70-80%. И што ќе се случи со капиталот кој е инвестиран во работни места кој се рентабилна со плата од 500 евра сите ќе се распродадат и парите ќе одат во странство. Исто се случува во минимална плата сите работни места кој се рентабилни под минималната плата се затвораат и капиталот оди надвор од Македонија.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867

Тогаш ќе ни дојдат имигранти од исток. Значи работава е ваква, платите обично се мизерија, ама пари требаат и треба да се работи. Тоа е тоа. Другите што филозофираат и како биле они свесни многу и како за 7.000 не станувале од кревет имаат од што да живеат па ќе филозофираат цел живот и нема да се мрднат од тој кревет ќе чекаат од мама и тато. Алал да им е, нека живеат така ако можат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Буци ти инспирација од Наоми Кемпбел да не црпиш? Она така викаше под милионче не станувам од кревет :icon_lol:
Е сега милион да бидеме реални :icon_lol:.
Познавам луѓе за 7000 денари работат како обезбедување стражарно на објекти, самиот ризик не се исплаќа за толку мали пари да го работи тоа човек. Се има случено од едно место да испарат бакарни кабли во вредност од 10000 евра, газдата на агенцијата кур го боли ги има отпиуштено сите на смена а газдата на фабриката ги тужи на суд за таа вредност да му ја обештетат. Просто е невозможно да се обезбеди толку голем објект не камери што сака нека има.

А има луѓе го работат тоа еј не се свесни како може да наебат гадно гадно....
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 13:09 ---
Другите што филозофираат и како биле они свесни многу и како за 7.000 не станувале од кревет имаат од што да живеат па ќе филозофираат цел живот и нема да се мрднат од тој кревет ќе чекаат од мама и тато. Алал да им е, нека живеат така ако можат.
Јас на мои 13 години продавав привезоци за клучеви со голи женски на нив во основното училиште каде што учев, па сега види ти кој како или што чека :icon_lol:.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
bucio јас не те критикувам тебе. Ако ти можеш да бираш работа или можеби едонставно не ти се работи супер. Само не можеш да кажеш дека некој е будала што работи за 7.000 или 15.000 или не знам колку затоа што има луѓе со фамилии и немаат време да дебатираат и филозофираат дали се малку плаќани, дали работата им е ризична досадна... Треба да ги хранат децата, да платат кирија и тн.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Е сега милион да бидеме реални :icon_lol:.
Познавам луѓе за 7000 денари работат како обезбедување стражарно на објекти, самиот ризик не се исплаќа за толку мали пари да го работи тоа човек. Се има случено од едно место да испарат бакарни кабли во вредност од 10000 евра, газдата на агенцијата кур го боли ги има отпиуштено сите на смена а газдата на фабриката ги тужи на суд за таа вредност да му ја обештетат. Просто е невозможно да се обезбеди толку голем објект не камери што сака нека има.

А има луѓе го работат тоа еј не се свесни како може да наебат гадно гадно....
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 13:09 ---

Јас на мои 13 години продавав привезоци за клучеви со голи женски на нив во основното училиште каде што учев, па сега види ти кој како или што чека :icon_lol:.
Во 1990-95 работев во флиперница. За смешни пари нешто како 50-100 евра денес. И супер ми беше газдата ми даваше да си играм бесплатно кога немаше муштерии. На некое магаре не му се станувало за 7000 денари :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom