Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 508 58,7%
  • Не

    Гласови: 357 41,3%

  • Вкупно гласачи
    865
S

smart ass

Гостин
Амин.

Али во пракса многу тешко би било тоа или како што вели бернард расел-не можам да го замислам постоењето на институциите(државата) без притоа да има заедничка волја,или во превод алудира нешто слично како невидлив договор помеѓу луѓето каде традициите се наметнати,религијата исто така и кога ќе видиш капитализмот сам си раѓа капиталистички дечиња учени од нивните родители,сепак капитализмот е автостабилизирачки нестабилен систем кој не може да биде контролиран(за разлика од комунизмо) така да не се знае дали форсирањето на егото индивидуализмот и профитниот мотив ќе се свртат против системот.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Не сум за смртна казна во Македонија и воопшто во светот.
Денес Казненото право има цел со казнувањето на сторителите да се ресоцијализираат, да ја сватат грешката и поентата на нивното казнување, да ги спречи од повторување на истото кога ќе го заврши извршувањето на казната. Не е цел одмаздување од општеството поради стореното кривично дело. Смртната казна е бааги застарена работа, кога порано Казненото право повеќе имаше цел да се одмазди отколку да ресоцијализира сторители.
Има многу други начини за казнување на сторителите, дури и најтешките, па и да се има корист од нив додека ја извршуваат казната.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Лично сметам дека не треба да има смртна казна во Република Македонија, а за тоа постојат повеќе причини и аргументи.
Се поставува прашањето дали државата има право да одземе нечиј живот? Во сите модерни акти кои се однесуваат на слободите и правата на човекот и граѓанинот посебно се нагласува дека ПРАВОТО НА ЖИВОТ е основно и неприкосновено право на човекот. Животот е само еден, така што сметам дека нема простор за ова право да се суспендира односно ограничи. Следниот проблем во однос на смртната казна се состои во тоа што оној за кого истата е наменета точно ќе знае дека " тој и тој час" неговиот живот ќр заврши, односно тој ќе биде убиен. Ова мислам дека е најнехуманиот и најсуровиот елемент кај смртната казна, дури и полош од самото извршување на истата од причина што во сите други ситуации осудениот длабоко во себе ќе се надева дека можеби има мала светлина во темниот тунел односно дека може ќе го избегне она најлошото. На луѓето кои се осудени на смртна казна, таа надеж им е одземена, а кој е тој што има право да ја одзема надежта?! Дали државата има право да убива? НЕМА! Колку и да некој сторил некое тешко кривично дело, колку и тоа да било монструозно, па дури и таа личност на најбрутален начин да одземе нечиј живот, кој има право да го стори истото, односно на истата таа личност да и го одземе животот? Дали во тој случај државата е нешто поразлично од самиот убиец? НЕ! Со самото тоа и државата на некој начин станува одземач на туѓ живот, да не кажам убиец. Сметам дека доколку се воведе смртна казна во нашата земја, тоа индиректно ќе значи и легализирање на убивањето. Значи, ако убивањето е дозволено, тогаш секој може да убива, така? Со воведувањето смртна казна државата па и граѓаните кои и го дале тоа право се изедначуваат самите себе си со оној злосторник над кој се извршува самата смртна казна, односно на извесен начин и тие го оправдуваат неговото кривично дело.
Смртната казна не треба да се воведе и од причина што истата може да се спроведе врз погрешна личност, а после тоа враќање назад НЕМА. Во практиката не ретки се ваквите случаи, и после тоа што? Ем убиецот на слобода, ем погрешна личност е лишена од живот, ем правдата не е задоволена. Со тоа ништо не сме направиле. Смртната казна н аместо да биде санкција со која ќе се спречи сторувањето кривични дела, таа самата се претвора во убиство. Но, денес за жал, на некои луѓе по се изгледа дека полесно им е да ги елиминираат граѓаните кои не играат според правилата, одколку да преземат мерки и да направат поголем напор за подобрување на граѓаните, нивната положба, нивното однесување.
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.212
Поени од реакции
7.269
The Green Mile јако филмче поврзано со темава.
Лично сум против смртна казна, впрочем се согласувам со секој збор на члено над мене.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Никој не му го дал животот за да му го одземе .
Тоа како што кажа членот над мене се согласувам целосно.Ние имаме судство од времето на турско т.е кој има повеке моќ пари тој е прав .
Судството и здраството во државата е со очајна состојба .Има гледам некој инвестиции сепак мислам дека е далеку државното здраство од добро .
Лекарите(односот ) се за никаде .
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Јас сум ЗА смртна казна. Има толку будали во земјава а и на целиот свет кои заслужуваат смртна казна.Како да не убиеш некој кој масакрирал деца или пак незнам... има 100000000 други причини кои едино така заслужуваат да бидат казнети , да осетат и тие болка , да видат како е.
 
Смртната казна повеќе влијае на општеството него на осудениот. Тоа претставува одмазда на општеството спрема сторителот за настанатата штета, тоа е застарено веќе, и добро што е така. Поентата на казната е да сторителот свати што сторил и да се покае за истото, истовремено да се ресоцијализира. Со издржувањето на казната тој ја сваќа целта на казната.
Ако ти е веќе до измачувањето на осудениот мислам дека повеќе ќе биде измачуван со тоа што ќе лежи доживотно отколку ако умре.
 
а шо ако на пример наместо рехабилитирана личност која ја сватила својата грешка, излезе уште полош човек кој затворот тотално го „дорасипал“?
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
а шо ако на пример наместо рехабилитирана личност која ја сватила својата грешка, излезе уште полош човек кој затворот тотално го „дорасипал“?
Ако одиме по таа логика на 50% од затворениците треба да им се изврши смртна казна.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Смртната казна повеќе влијае на општеството него на осудениот. Тоа претставува одмазда на општеството спрема сторителот за настанатата штета, тоа е застарено веќе, и добро што е така. Поентата на казната е да сторителот свати што сторил и да се покае за истото, истовремено да се ресоцијализира. Со издржувањето на казната тој ја сваќа целта на казната.
Ако ти е веќе до измачувањето на осудениот мислам дека повеќе ќе биде измачуван со тоа што ќе лежи доживотно отколку ако умре.
Не верувам дека може да се ресоциализира психопат кој направил грозоморно убиство ... А и не би сакал да пробам да го ресоциализирам , повеќе сум настроен за смртни казни ,ама само за тој што вистински заслужил нормално.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Смртната казна повеќе влијае на општеството него на осудениот. Тоа претставува одмазда на општеството спрема сторителот за настанатата штета, тоа е застарено веќе, и добро што е така. Поентата на казната е да сторителот свати што сторил и да се покае за истото, истовремено да се ресоцијализира. Со издржувањето на казната тој ја сваќа целта на казната.
Ако ти е веќе до измачувањето на осудениот мислам дека повеќе ќе биде измачуван со тоа што ќе лежи доживотно отколку ако умре.
Ако некој убие, а не е во самоодбрана, треба да биде убиен. Нема ресоцијализација, нема ништо, има само смрт за него. Око за око, е најприроден закон од сите.

Не треба тој да ја сфаќа казната, треба да умре.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343

Ако е убиство со предумисла, и пријателите на фејсбук треба да му се потепаат.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ако некој убие, а не е во самоодбрана, треба да биде убиен. Нема ресоцијализација, нема ништо, има само смрт за него. Око за око, е најприроден закон од сите.

Не треба тој да ја сфаќа казната, треба да умре.
Значи и покрај тоа што тој извршил кривично дело- убиство, треба и судот да го изврши истото, бидејќи никој нема право да одлучува за нечиј живот. Што се постигнало? Да, психопатот ќе го нема но тоа ни најмлаку нема да го спречи извршувањето на исти и слични такви дела во светот.
Ќе се потврди смртта кај убиецот, а од друга страна добиваме и друг, нов "убиец"- судот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Значи и покрај тоа што тој извршил кривично дело- убиство, треба и судот да го изврши истото, бидејќи никој нема право да одлучува за нечиј живот. Што се постигнало? Да, психопатот ќе го нема но тоа ни најмлаку нема да го спречи извршувањето на исти и слични такви дела во светот.
Ќе се потврди смртта кај убиецот, а од друга страна добиваме и друг, нов "убиец"- судот.
А од каде ви е таа фраза, никој нема право да одлучува за нечиј живот? Каде е така запишано?

Некој на пример силувал и убил малолетно дете, и сега никој нема право да одлучува за неговиот живот? Жити леб?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom