Ниту работат, ниту сакаат да се доквалификуваат за да најдат работа

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Седи на компјутер, буни се на форуми и лади си го по цел ден. Стварно попаметно е.
Аздисан народ бе што ќе беше ова јас стварно сум шокиран.
Седум седум ами ич?
Чека народ невработен а овде соли памет млада раја...ццц...
Седум ?! :eek:
Иљадарка иљадарка ами ич?
Не можам да најдам работнички да ми работат за 1.000 денари месечно, пак колку толку ќе имаат по нешто во џеб...да не знаеш некои заинтересирани, да не губат време вака џабе... :D

Ај бе да ве пријавам, да ви давам повеќе плата. Тие не па не.
Ех, што народ ќе беше ова брее. да не сака да биде осигуран, да не сака да биде бизнисмен, да не сака субвенции, да не знае дека Рузвелт го убија во Далас.
Гадна муниција користеле.
А и тука е ефикасна, на пример еден шаржер полн со народни мудрости, онака рафално испукан према млада раја - масакр...репетирање и “џабе работи џабе не седи, се шо лета не се јади, има и полошо“.....каков АК-47 какви заебанции...:D
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Според ова околу 1000-2000 евра се доволни државата да издвои за секое невработено лице се претвори во вработено :)
ај објасниго ова подетално вака со бројки за да можиме и другите а не само од твојот штаб да сватат.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тоа е... Од секогаш било така подобро прифати го и играј според правилата или ќе заврши како антички индијанец во некој резарват и западни туристи сеир да ти фаќаат. Мора да се понудат подобри и поповолни услови за да дојде Капитал а има голема конкуренција оние луди Кинези по 12 сати работа и спијат стоечки. А кај нас секој идиот сонува да дреме во државна канцеларија. Море сите во Фокскон и да составувате Ајпади и Ајфони на Стив Џобс. Нека му е лесна земја.
Ама ти да дадеш личен пример, инаку од каде ќе знаеме дека е убаво да се штанцаат ајфони по 15 саати за 50 евра месецот?
Или да ти веруваме на збор.
Каков Џобс, Пол Пот му е мајката...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
А кај нас секој идиот сонува да дреме во државна канцеларија. Море сите во Фокскон и да составувате Ајпади и Ајфони на Стив Џобс. Нека му е лесна земја.
А зошто да не?!
Ако може идиот "Х" да дреме во државна канцеларија, зошто идиоти "на ента" да не помислат и се надеваат дека и они би можеле?

У меѓувреме, гледајќи го тоа, типот "Y" нема никаков интерес да живурка во ваков систем воден од идиоти. Сеедно му е, бе. И онака идиотите владеат и го поседуваат.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
За вакви колачиња не прашувам за цена :pos:
Па пичка му матерна. една слаткара да отвориш ти требаат најмалку 30 000 евра ама влада кампања ете зашто требало преквалификација,владините реклами да имаат основ никој не сака да работи како слаткар
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 22:02 ---
не треба да сте економист за да сватите дека платите ке се кренат тогаш кога побарувачката на работна сила ке биде поголема од понудата. тогаш газдите ке имаат избор или да си го преселат својот бизнис во земја каде има голема невработенсот како нашата на пример или пак да ги кренат за да не останат без работници.
такви се правилата на игра, и тоа е тоа. дали на некој тоа му се допаѓа или не ама ич не е битно. таква е реланоста. ама пак затоа и тука и на западот и секаде има луѓе кој спијат под мостовите и во картонски кутии. некои од мака некои од инает, демек јас можам против системот. е можиш да ама ке спиеш под мостот.
затоа наместо да се бориш против нешто што неможеш никако да го победиш, подобро силата троши ја за да успееш во системот или играј игри на среќа , створи капитал и легачи. или чекај некој богат роднина од запад кој рамбал цел живот да ти остави наследство.
или пак барај богата жена и удри му на трошење.
вака така пари требаат, поке баба на дедо не дава за џабе.
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 21:42 ---

и јас лично познавам факултетлии кои незнаат во газот да се боцнат,па земаат плата како висококвалификувани а работата им ја бркаат оние со средно пошто ако не се тие ке загинат во слобода.така да НЕ СЕРИ НИ ТИ
Епа сери де чим си запнал што да ти праам, пак тие со факултет што се се ставени од ВМБЛО не од некој друг,пак ке мора некој јадник со средно да ја брка нивната работа пошто нели квалификувани се тие
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
А зошто да не?!
Ако може идиот "Х" да дреме во државна канцеларија, зошто идиоти "на ента" да не помислат и се надеваат дека и они би можеле?

У меѓувреме, гледајќи го тоа, типот "Y" нема никаков интерес да живурка во ваков систем воден од идиоти. Сеедно му е, бе. И онака идиотите владеат и го поседуваат.
тоа ти се вика ако се можи.
еден живот имаме, така да секој како си мисли така нека прави.
ако смета некој дека е ептен паметен и дека ке успее на друго место, среќен му пат, никој не го држи. мада да беше толку паметен ке успееше и тука и во африка и секаде, ама ако нека си ја проба среќата.
дали сметаш дека тие идиотите се стварно идиоти. па тогаш ако тие се идиоти ке немаш никаков проблем да ги замениш пошто си попаметен од истите, ама изгледа или ти не си толку паметен или тие не се толку идиоти.
п.с за платите малце. ти да си газда и наместо да плаќаш некому 5000 евра можеш да платиш за иста работа 50 евра што ке направиш??? мислам одговорот е очигледен и универзален и важи и за тука и за запад и во некоја далечна далечна галаксија.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ама ти да дадеш личен пример, инаку од каде ќе знаеме дека е убаво да се штанцаат ајфони по 15 саати за 50 евра месецот?
Или да ти веруваме на збор.
Каков Џобс, Пол Пот му е мајката...
Jас давам личен пример си купув акции од Епл. :icon_lol: Ама растат :cool:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
За вакви колачиња не прашувам за цена :pos:
Па пичка му матерна. една слаткара да отвориш ти требаат најмалку 30 000 евра ама влада кампања ете зашто требало преквалификација,владините реклами да имаат основ никој не сака да работи како слаткар
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 22:02 ---

Епа сери де чим си запнал што да ти праам, пак тие со факултет што се се ставени од ВМБЛО не од некој друг,пак ке мора некој јадник со средно да ја брка нивната работа пошто нели квалификувани се тие
не е само до серењето, треба и да се забришеш понекогаш.
муабетот е кој според тебе е квалификуван и кој треба да си ја работи работата за која е квалификуван.
сега ги кладоја од вмро, претходно ги начукаја од сдсм и сега што. и тие и тие не ги бива. значи дипломата од факултет не ја бива и не е критериум за квалитет. како тогаш да одредиме кој е квалификуван кадар ако ја тргниме дипломата на страна???
ајде баш ме интересира, што ке и....реш овај пат или пак за промена ке кажиш нешто паметно.
 
T

Tetro

Гостин
Иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации за да можат да најдат работа, велат познавачите


867
граѓани се јавиле на обуките за преквалификација во Агенцијата за вработување во последните три години

С
е бараат електроинсталатери, електромонтери, болничари, автосервисери, готвачи, фризери – ова се најчестите дејности што преку огласи ги бараат компаниите, но не можат да најдат соодветен кадар и тоа во градовите со најголема невработеност, велат од Агенцијата за вработување. Меѓутоа, иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации, за да можат да најдат работа.
Од Агенцијата велат дека во последните три години за обуки за преквалификација или доквалификација се јавиле само 867 невработени луѓе. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, коментира дека дури и малиот интерес за посета на обуките за преквалификација, го обезбедиле со тешки маки.
„Неверојатно тешко е да обезбедиме група која ќе биде квалификувана за некој занает или квалификација. Некои од луѓето кои ќе се пријават за доквалификација по само неколку посетени часа од обуката, се откажуваат. Пред некое време имавме обука за општи знаења, како јазици, компјутери и комуникација и интересот за обуките беше поразителен. Особено во оние градови каде што бројката на невработеност е многу голема“, вели Поповски.
Според него, поголема мотивација за преквалификации има кај повисоко образованите граѓани отколку кај оние кои се со средно или пониско образование.
„Одржувавме ИТ-обуки и само 39% од пријавените се појавија на обуките. Сите останати не дојдоа, особено невработените од Битола и од Скопје, иако кадрите од оваа област се многу барани и веднаш наоѓаат работа. Често организираме обуки и од области кои се многу потребни на пазарот на трудот како градежници, заварувачи или гипсери, но има многу малку заинтересирани“, вели Поповски.
Директорката на Центарот за образование на возрасните, Љиндита Ќезими, исто така вели дека е зачудена што има толку мал интерес за обуките на ниво на целата држава.
„Треба да работиме на подигнување на свеста на граѓаните за тоа кои се придобивките од посетата на преквалификација и доквалификација и која е нивната крајна цел - повеќе можности за вработувања“, вели Ќезими.
Од Министерството за образование и наука, велат дека сите граѓани кои не го дооформиле своето образование или со сегашното образование не може да се пронајдат на пазарот на труд, треба да се пријават на обуките за преквалификација и доквалификација кои траат шест месеци, за потоа да можат да најдат работа. Агенцијата за вработување за 2012 година планира обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот за повеќе од 200 луѓе за кои се одвоени околу 180 илјади евра.
Според Агенцијата за вработување во 2009 година во обука за преквалификација или доквалификација биле вклучени 383 невработени луѓе, а од нив се вработиле 245 луѓе. Во 2010 година во обука биле вклучени невработени 280 луѓе, од нив се вработиле 165 луѓе. Во 2011 година во обука биле вклучени 204 невработени луѓе и од нив се вработиле 120 луѓе, велат од Агенцијата.
минималната плата за човек со факултетско образование изнесува 9.700 денари, со која можат да се купат 323 леба, или 121 литро бензин, или три пара фармерки, или неееее...... Да платиш струја, вода, телефон, да јадеш два дена како човек и цели 28 дена да се молиш да најдеш нешто да работиш на црно.
Ај сеа де.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
минималната плата за човек со факултетско образование изнесува 9.700 денари, со која можат да се купат 323 леба, или 121 литро бензин, или три пара фармерки, или неееее...... Да платиш струја, вода, телефон, да јадеш два дена како човек и цели 28 дена да се молиш да најдеш нешто да работиш на црно.
Ај сеа де.
Ako, ako... исплачи се ќе ти помине :icon_lol:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Jас давам личен пример си купув акции од Епл. :icon_lol: Ама растат :cool:
Твојот совет беше поинаков пред малку.

Море сите во Фокскон и да составувате Ајпади и Ајфони на Стив Џобс. Нека му е лесна земја.
А сега викаш акции.

Си купи акции од работењето за 7.000 во РМ или работејќи како роб во НР Кина?!
Ау не, на друго место беше каде имаат минимална саатница 8 евра на национално ниво.
Троа лицемерно ама ако, само напред.
Немаш морални дилеми ова она...бидејќи за твојата дивиденда умираат луѓе и се измачуваат како во средниот век?
Што de facto си убиец со купување такви акции?
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/asia/china/9006988/Mass-suicide-protest-at-Apple-manufacturer-Foxconn-factory.html


A suicide cluster in 2010 saw 18 workers throw themselves from the tops of the company's buildings, with 14 deaths.
In the aftermath of the suicides, Foxconn installed safety nets in some of its factories and hired counsellors to help its workers.
http://www.guardian.co.uk/world/2010/may/27/foxconn-suicide-tenth-iphone-china

The 23-year-old man fell to his death at Foxconn's Longhua factory in Shenzhen on Wednesday night, the state news agency Xinhua reported. The news came hours after the corporation's boss said he feared there could be more deaths.
Еве каков е според генијалниот ум на Стефус патот кон светлата иднина и што мисли за своите “сонародници“ со своите “совети“ дека требало да работаат како во Фокскон, како стока...



Another Foxconn Employee Jumps To His Death Just Hours After Chairman Gou Promises A Solution

http://articles.businessinsider.com/2010-05-27/tech/29964714_1_foxconn-suicide-nets#ixzz1kTanbeZS
 
T

Tetro

Гостин
Ako, ako... исплачи се ќе ти помине :icon_lol:
ми помина одамна тоа, сега друго да помине, па ќе дојде време кога нема што да помине. Ќе замрзне времето, па ќе нема кој да се храни повеќе од вакви текстови.
Нејќу да се замарам бе, доста ви е.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Твојот совет беше поинаков пред малку.



А сега викаш акции.

Си купи акции од работењето за 7.000 во РМ или работејќи како роб во НР Кина?!
Ау не, на друго место беше каде имаат минимална саатница 8 евра на национално ниво.
Троа лицемерно ама ако, само напред.
Немаш морални дилеми ова она...бидејќи за твојата дивиденда умираат луѓе и се измачуваат како во средниот век?
Што de facto си убиец со купување такви акции?
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/asia/china/9006988/Mass-suicide-protest-at-Apple-manufacturer-Foxconn-factory.html




http://www.guardian.co.uk/world/2010/may/27/foxconn-suicide-tenth-iphone-china



Еве каков е според генијалниот ум на Стефус патот кон светлата иднина и што мисли за своите “сонародници“ со своите “совети“ дека требало да работаат како во Фокскон, како стока...



Another Foxconn Employee Jumps To His Death Just Hours After Chairman Gou Promises A Solution

http://articles.businessinsider.com/2010-05-27/tech/29964714_1_foxconn-suicide-nets#ixzz1kTanbeZS
Mоите пари завршија во Кина а не во Македонија. И им го направија животот на илјадници Кинези поубав. Сами одлучуваат да работат во Фокскон очигледно е поубаво од садење ориз на 2 декари земја и да ги јадат змии. Неможе преку ноќ да стигнеш како во развиениот свет треба да поминеш низ сите фази чекор по чекор. Капиталот мора пополека да се акумулира. А и на Македонците ќе им биде поубаво ако дојде Епл и во Македонија сами ќе си одлучат дали сакаат под биро и да се шлаат по улици или да работат за Епл. Тоа е права демократија и избор. Нема друг пат кон успехот. Шарени Коњи и напупани државни плати и социјални бенефици се слепа улица.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А јас ви гарантирам дека има работа.
Секогаш кога сум имала потреба од работа, сум наоѓала.
Проблемот најчесто сум била јас, немам статус со кој можат да ме пријават - редовен студент сум, на повеќето интервјуа заради тоа ме имаат одбивано.
Последната работа додека ја работев, добив понуда за уште една друга.

Само, има еден многу важен момент - треба да сакаш да работиш.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
А јас ви гарантирам дека има работа.
Секогаш кога сум имала потреба од работа, сум наоѓала.
Проблемот најчесто сум била јас, немам статус со кој можат да ме пријават - редовен студент сум, на повеќето интервјуа заради тоа ме имаат одбивано.
Последната работа додека ја работев, добив понуда за уште една друга.

Само, има еден многу важен момент - треба да сакаш да работиш.
Да
Ко роб. За петиљади. Или шесиљади.

Одново и одново, истите муабети. А небаре психолог.

некој си го сака живото троа појќе од петиљади или шесиљади.

Пуста останала работата ваша што ја има насекаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom