Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации за да можат да најдат работа, велат познавачите
граѓани се јавиле на обуките за преквалификација во Агенцијата за вработување во последните три години
Од Агенцијата велат дека во последните три години за обуки за преквалификација или доквалификација се јавиле само 867 невработени луѓе. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, коментира дека дури и малиот интерес за посета на обуките за преквалификација, го обезбедиле со тешки маки.
„Неверојатно тешко е да обезбедиме група која ќе биде квалификувана за некој занает или квалификација. Некои од луѓето кои ќе се пријават за доквалификација по само неколку посетени часа од обуката, се откажуваат. Пред некое време имавме обука за општи знаења, како јазици, компјутери и комуникација и интересот за обуките беше поразителен. Особено во оние градови каде што бројката на невработеност е многу голема“, вели Поповски.
Според него, поголема мотивација за преквалификации има кај повисоко образованите граѓани отколку кај оние кои се со средно или пониско образование.
„Одржувавме ИТ-обуки и само 39% од пријавените се појавија на обуките. Сите останати не дојдоа, особено невработените од Битола и од Скопје, иако кадрите од оваа област се многу барани и веднаш наоѓаат работа. Често организираме обуки и од области кои се многу потребни на пазарот на трудот како градежници, заварувачи или гипсери, но има многу малку заинтересирани“, вели Поповски.
Директорката на Центарот за образование на возрасните, Љиндита Ќезими, исто така вели дека е зачудена што има толку мал интерес за обуките на ниво на целата држава.
„Треба да работиме на подигнување на свеста на граѓаните за тоа кои се придобивките од посетата на преквалификација и доквалификација и која е нивната крајна цел - повеќе можности за вработувања“, вели Ќезими.
Од Министерството за образование и наука, велат дека сите граѓани кои не го дооформиле своето образование или со сегашното образование не може да се пронајдат на пазарот на труд, треба да се пријават на обуките за преквалификација и доквалификација кои траат шест месеци, за потоа да можат да најдат работа. Агенцијата за вработување за 2012 година планира обуки за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот за повеќе од 200 луѓе за кои се одвоени околу 180 илјади евра.
Според Агенцијата за вработување во 2009 година во обука за преквалификација или доквалификација биле вклучени 383 невработени луѓе, а од нив се вработиле 245 луѓе. Во 2010 година во обука биле вклучени невработени 280 луѓе, од нив се вработиле 165 луѓе. Во 2011 година во обука биле вклучени 204 невработени луѓе и од нив се вработиле 120 луѓе, велат од Агенцијата.
867
граѓани се јавиле на обуките за преквалификација во Агенцијата за вработување во последните три години
С
е бараат електроинсталатери, електромонтери, болничари, автосервисери, готвачи, фризери – ова се најчестите дејности што преку огласи ги бараат компаниите, но не можат да најдат соодветен кадар и тоа во градовите со најголема невработеност, велат од Агенцијата за вработување. Меѓутоа, иако Македонија е земја со висока невработеност од дури 32%, најголемиот дел од невработените граѓани не се заинтересирани за дообучување и преквалификации, за да можат да најдат работа.Од Агенцијата велат дека во последните три години за обуки за преквалификација или доквалификација се јавиле само 867 невработени луѓе. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, коментира дека дури и малиот интерес за посета на обуките за преквалификација, го обезбедиле со тешки маки.