Необично семејство од Кентаки – имаат сина кожа

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Семејство кое од почетокот на 19. век живее изолирано во источниот дел на Кентаки веќе со децении создава потомци чијашто кожа има сина боја. Невообичаената појава е резултат на ретко нарушување кое спречува довод на кислород во крвта, а со оглед на фактот дека членовите на семејството меѓусебно склучувале бракови, тие се уште не успеале да се ослободат од „синиот ген“.
getImageThumbnail.axd

Членовите на семејството Фугате изгледаат како и сите други луѓе, но најголемиот орган во човековото тело – кожата, кај нив е со сина боја.

Како што пренесува „Дејли меил“, корените на оваа чудна појава датираат од почетокот на 19. век, кога Мартин Фугате, француски сирак, се оженил со црвенокосата Американка Елизабет Смит и со неа се населил во источен Кентаки. Бидејќи Елизабет имала многу светол тен, вкрстувањето на нивните гени резултирало со мутација која направила нивните потомци да имаат сина кожа.

Нарушувањето, кое стручно се вика „metaemoglobinaemijа“ ја намалува можноста на поединците да го задржат кислородот во нивната крв. Поради тоа нивната крв има многу потемна боја од вообичаеното, па членовите на ова семејство не поруменуваат, туку „посинуваат“.

Јавноста за ова семејство дознала прв пат во 1958 година, кога еден син човек ја донел неговата сопруга во болница, а лекарите повеќе внимание обрнале на неговата чудна кожа, отколку на болната жена.

Благодарение на еден пронајдок на научниците во осумдесеттите години на минатиот век, тие денес можат да изгледаат како другите луѓе, но само на кратко. Научниците создале хемикалија која сината боја ја претвора во црвена, така што тие можат да имаат нормална боја на кожата. Но овој ефект трае само еден ден, па така корисникот течноста треба да ја внесува секој ден.

Во семејството Фугате влегувале нови членови со тек на годините, мажи и жени, па поради вкрстување на гените бројот на сини деца е значително намален. Тоа значи дека бројот на сини луѓе е присутен и денес, но многу малку.

ИЗВОР

Албинизам.

Албинизам?:) Албино луѓето се родени без пигмент па така имаат бела боја на кожата, овде се работи за некој феномен на посинување, албино луѓето не стануваат плави:)

BTW темава е за здравје, што мајка бара у наука:)
 
Можно е да се работи за некој поттип, како и да се викаа тие работи, затоа што еднаш најдоа розев делфин и нашиве медиуми се затрчаа да кажат „WOW розев делфин е пронајден таму и таму“ а всушност ден потоа искочи во некои медиуми дека всушност делфинот бил албино :)
Поентата ми е дека од наши медиуми се може да се чуе :D , па и изворов од кај што го зеле е рамен на Свет кај нас што се продава, така да ја ќе си почекам некое друго објаснување :D:D:D:D:D
 
Темава ја читав на канал5 таа страницата и таму беше во Наука и Занимливости па и овде ја ставив во наука...
 
Можно е да се работи за некој поттип, како и да се викаа тие работи, затоа што еднаш најдоа розев делфин и нашиве медиуми се затрчаа да кажат „WOW розев делфин е пронајден таму и таму“ а всушност ден потоа искочи во некои медиуми дека всушност делфинот бил албино :)
Поентата ми е дека од наши медиуми се може да се чуе :D , па и изворов од кај што го зеле е рамен на Свет кај нас што се продава, така да ја ќе си почекам некое друго објаснување :D:D:D:D:D

Според напишаното ,,членовите на тоа семејство имаат потешкотии да го задржат кислородот во нивната крв,, и поради тоа добиваат сина боја. Албино луѓето го немаат овој проблем. Луѓето со албинизам имаат недостаток на пигмент, друго се им е како кај ,,нормален,, човек Затоа албино луѓето имаат карактеристично бела боја на кожата, исто како и некои природноцрвенокоси луѓе (gingers) Не постои поттип на албино со сина боја на кожата.
 
Мириса на фејк. Сликата е толку лоша шо не моеш да видиш ни дали се тоа воопшто луѓе хаха
 
Болеста,пореметувањето или што и да е се вика Methemoglobinemia и се должи на зголеменото ниво на метемоглобинот (најверојатно вака се пишува) во крвта.Eве ви линк од wikipedia,спомнато е и семејството од Кентаки.
 
Штрумфови :)

^ кога веќе гледам оти барате име за мутацијава т.е подвидов, интересно во секој случај, секакви мутации и пореметувања има човештвово, најбитно е да бидат прифатени како и сите бидејќи се луѓе, едино што ми фаќа око во статијата е тоа што меѓусебе склучувале брак за да зачуваат... ШТО? инцест за да бидат различни :/
 
Албинизам.
Каков албинизам? Албино луѓето се бледи немаат пигмент и при изложување на сонце поцрвенуваат, дури кожата им е розеникава и бледа воопшто не се сини. Овдека станува збор за метхемоглобинемија, состојба која генетски се пренесува. Поради зголемено ниво на јагледород диоксид во крвта чуѓето изгледаат како да се под постојана хипоксија. Модри се по кожата и најчесто имаат големи проблеми при било кој напор поради мала количина во кислород им се стемнува пред очите, губат здив, чуствуваат измореност, имаат намален ментален капацитет и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom