- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
По Ал Џезеира и иранската телевизија во Македонија
14.02.2012 - 19:25 |
Македонија ќе биде центар во регионот за претставништвто на Иранската национална телевизија. Случувањата на Косово, Србија, Албанија, а посебно во Македонија се предмет на интерес за иранската јавност, и од тие причини Иранската радио телевизија, отвара свое дописништво, кое ќе биде дел од двесетината претставништва на оваа телевизија во Европа и во светот.

Ќе го води менаџер назначен од Иран. Зошто токму во Скопје, кој е фокусот на интерес за информации од одовде? Вахид Таш, откако ги добиле сите потребни дозволи, а неодамна ја завршиле и регистрацијата, вели дека Македонија како земја во развој е добар пример за мултиетнички и мултикултурен соживот.
Иако акулените ирански власти се во отворен судир со прозападната политика, Таш вели дека, за нив како телевизија новинарството е приоритет. Целта е да испратат прецизна и вистинска слика од Македонија.
Иранската телевизија е еден од водечките медуми на блискиот исток. Во Македонија иако без опфицијален амбасадор, функционира и Амбасадата на Исламската република Иран. Дипломатските односи со Официјален Техереан се воспоставени под уставното име.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/po-al-dzezeira-i-iranskata-televizija-vo-makedonija
Што е ова бре аман


