Најавени/пробни/остварени инвестиции во Македонија 2011

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Листа на гринфилд инвестиции во Македонија 2011 година
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Ај некој ако работи,познава некој што работи во фирмиве,да каже дали се задоволни од плата,услови,работно време и слично.И освен од овие да ги спомнеме и Агрокор-Струмица,
Џонсон Мети, и Џонсон контролс.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Алијанса Еден е македонска фирма за откуп на тутун.Интересно, сите освен оваа со 25-50 работници се во изградба...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Алијанса Еден е македонска фирма за откуп на тутун.Интересно, сите освен оваа со 25-50 работници се во изградба...
Затоа што списоков е само за проекти од 2011 година. Е ваљда за откуп на тутун не треба долго време за да направиш хала и да ја опремиш и да ја старташ :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Алијанса Еден е македонска фирма за откуп на тутун.Интересно, сите освен оваа со 25-50 работници се во изградба...
Фирмата е од САД.Објектот им е земен на лизинг. Имаше некаде по нетов за тоа.Ако го најдам линкот ке го постирам.
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 13:53 ---
Во чест на лопатите: Странските инвестиции се позитивни, но не се спас за економијата и невработеноста - АНАЛИЗА

Македонија лани беше предмет на засилен итнерес на странските инвеститори. Според податоците на Агенцијата за странски инвесции (АСИ), во 2011 во земјава дојдоа 12 странски инвеститори, од кои 10 се гринфилд инвестиции, додека за другите две во едниот случај станува збор за зграда земена под лизинг, а во другиот за рестартирање на постоечка фабрика. Според најавите, овие странски инвестиции треба да донесат 2.065 работни места во првата фаза, а понатаму постои можност оваа бројка да се зголеми и до 5.090 вработувања. Вкупната вредност на сите овие инвестиции, исто, според официјалните податоци, изнесува 102,25 милиони евра, кои би требало да се потрошат лани, годинава и идната година. Подеталните податоци можете да ги најдете долу во табелата што ја подготви Плусинфo.мк Бизнис.

И да не сакаш ќе ти дојдат
Странските инвестиции во денешниот свет ги има насекаде. Речиси во секоја земја постои некој бизнис кој сака да биде подобар од конкуренцијата со тоа што ќе ги намали трошоците и бара друга држава каде што може да го постигне тоа. Современата преселба на производството од развиените во земјите во развој започна уште пред падот на комунизмот (преку тнр. втора глобализација – првата се случи кон крајот на 19-иот век и траеше до Правата светска војна) и во последната деценија од минатиот век таа се рашири низ целиот свет. Како што е познато, денес стотици милиони работници во Кина работат на производство за потребите за САД и Европа, а компанијата „Фокскон“, на пример, која меѓу другите западни компании, работи и за „Епл,“ произведувајќи ги и Ајпадот и Ајфонот, има 800 илјади вработени. „Џенерал Моторс“ има 12 фабрики во Кина. Дури и во земји каде што демократијата е во најмала рака сомнителна, како во Русија, странските инвестиции се насекаде. Нив ги има дури и во Лоас и Бурма, земји за кои без резерва може да се каже дека се тоталитарни (особено втората). Ист е случајот и со Иран, кој е под меѓународни санкции, а веројатно единствени исклучоци се Северна Кореја и Куба.
И во регионов странските инвестиции се насекаде околу нас. За Бугарија, која е членка на Европската унија, и не вреди да се зборува. Само турски „Шишеџам“ во североисточна Бугарија, во својот комплекс од шест фабрики вработува 1.500 лица сосе дополнителни дејности и само лани вложи 400 милиони долари во уште две со кои бројот на вработените во овој комплекс ќе го надмине вкупниот број на предвидени вработени од сите странски инвеститори во земјава од 2011.
И во Србија, и покрај долготрајното владеење на Милошевиќ, странските инвестиции се на сите страни. Нив ги има толку многу што белградска „Политика“ информира за отворање на нова фабрика за чевли која ќе обезбеди 400 работни места на долниот ќош од некоја од средните страници.

Важноста на лопатите
Кога лани кинеска компанија потпиша договор за изградба на соларна електрана во Врање, вредна стотици милиони долари, после која ќе следи и фабрика за соларни панели, српската влада не испрати никого, а при отворањето на фабрика за ЛЦД телевизори во Белград овој месец, за инвестиција вредна 6 милиони евра, државата испрати званично лице од рангот на заменик министер. Од друга страна, кога беше објавена инвестицијата на руски „Протек“ од 5 милиони евра и 140 вработени, таму се појави целиот државен врв, а МТВ цел дел најавуваше директен пренос од поставувањето на камен-темелникот.
Конечно, доволно е да се погледнат инвестираните суми во регионот, според кои сме на последно место по вкупните суми, а на претпоследно место по жител пред Босна, па веднаш да стане јасно зошто во земјава странските инвестиции изгледаат како спас од небото и зошто им се придава толку голема важност, иако во самата држава имаме приватни компании кои вработуваат далеку повеќе лица од сите странски инвестиции најавени лани.
Она што треба да се има на ум кога се гледаат инвестициските бројки е точно да се знае што тие значат, а исто така, треба и да се имаат предвид и оние бројки кои се директно поврзани со странските инвестиции, а кои воопшто не се објавуваат.
Така, на пример, за инвестицијата на „Кемет Електроникс,“ треба да се знае дека бројката од 12 милиони евра ја вклучува и опремата која компанијата ја носи со себе од Белгија, каде што претходно беше лоцирана фабриката на оваа компанија за Европа, но која сега се сели на Бунарџик заради далеку пониските трошоци, пред се, за плати. И, во најголем дел од овие инвестиции, како што и може да се претпостави, опремата за производство ќе дојде надвор од Македонија, така што прашање е дали од вкупната бројка од 102,25 милиони евра, 25-35 отсто всушност ќе бидат потрошени во земјава.

Тајните договори
Но, уште поважни се бројките кои власта не ги објавува. За разлика повторно, од Србија, каде со објавувањето на секоја инвестиција се објавува и колку средства државата му дала на инвеститорот или во вид на кредит, или едноставно како подарок или во вид на друга погодност, во Македонија тие бројки воопшто не се објавуваат и тие договори меѓу Владата и инвеститорите се третираат како деловна тајна. Премиерот Груевски за време на инвестицискиот караван во Турција спомна дека инвеститорите во земјава добиваат до 500 илјади евра за „рамнење на земјиштето,“ но којзнае уште какви конкретни поволности се добиваат при договарањето со секој инвеститор посебно, покрај оние познатите во слободните зони какви што се приклучоците на струја, вода, пристапни патишта, речиси бесплатна кирија на 99 години и ослободување од даноци во период од 10 години.
Од друга страна, пак, и ако ја погледнеме бројката од 2.065 вработувања за кои има цврсти најави, па дури и онаа можната од 5.090 вработувања во рок од неколку години, веднаш станува јасно дека тие бројки се многу мали во однос на армијата невработени во земјава од околу 300 илјади. И за годинава Владата најавува сличен, па дури и поголем број странски инвеститори, така што дури и да се удвои оваа бројка од 2.065 вработувања и тоа да биде така и во следните 10 години, сепак, не може да се стигне ни до една десетина од бројот на невработените во земјава. Се разбира, илузорно е да се очекува странските инвеститори да ги вработат сите невработени во државава. Тешко дека некој ќе изгради фабрика во Мариово, надевајќи се на работна сила од тамошните расцепкани и полупразни села. Но, и покрај се, овие ветени бројки во однос на вработувањето се премногу мали за да направат позначителна разлика. За такво нешто би биле потребни 10-20 години, но тоа е период кој Македонија го нема, зашто земјава, сепак, не е ниту Африка, ниту Далечниот Исток.
Дотогаш, новиот демократски Тунис, на пример, кој во моментов закрепува од минатогодишната демократска револуција и кој има далеку побројна работна сила, како и редица други поголеми земји од нашава, исто во развој, доволно ќе се демократизираат за да станат и интересни и поевтини за странските инвеститори од нас. Па, така, ништо чудно „Кемет,“ исто како што ја напушти Белгија за да дојде кај нас, да ја напушти и Македонија за 5-10 години (токму во моментот кога ќе истече бенефицијата за неплаќање даноци) и да замине за Тунис. Патем, извршниот директор на „Кромберг и Шуберт,“ д-р Ханс Ото Кромберг, веќе беше проглсен за почесен граѓанин на Медиас, градот во чија близина се наоѓа фабриката на германската компанија во Тунис.

Немаме работна сила, ниту време до недоглед
Лонодонски „Економист“ пред само неколку недели објави напис според кој огромната работна сила на Кина веќе не е подготвена да работи за суми од 100-120 долари, како и дека бројот на мигранти од северот на земјата пополека пресушува, па во следните години странските работодавци ќе мораат да ги кренат платите, ако сакаат нови рабтоници. Тоа и нам ќе ни се случи после извесен период од 5-10 години и тогаш ќе ја изгубиме единствената компаративна предност – евтината работна сила.
И директорот на „Ван Хул,“ кој деновиве објави дека ќе произведува автобуси во земјава, и директорот на словенечки „Бисол“, кој се уште размислува дали да отвори фабрика за соларни панели на Бунарџик или во Словенија, во своите изјави како еден од главните аргументи ги ставија ниските плати од 250-300 евра за работник.
Се разбира, овие плати не можат да се одржуваат на вакво ниво до недоглед. Како што е познато, и просечната нето плата, платите во администрацијата и во редица други стопански гранки веќе се повисоки од овие цифри. Нивото на расположлива работна сила веќе го натера турскиот инвеститор Бунвамин Атик, сопственик на „Борал Алуминиум“ да се одлучи за Србија како локација за својата инвестиција, иако, како што самиот вели, потекнува од Скопје.
Месечникот „Атлантик Мантли“ во одличен напис, кој анализира зошто работната сила се сели од САД во Кина, следи една жена работник во автомобилска фабрика за делови, за која се вели дека работното место го држи само зашто роботот што би можел да ја замени чини над 100 илјади долари, што за сопствениците е неисплатливо. Но, како што е познато, технологијата денес постојано поевтинува и сигурно еден дена ќе стане поевтина дури и од македонските мизерни плати, особено што тие со напливот на странските инвестиции поплека ќе се движат нагоре.
Странските инвестиции се бездруго позитивни за македонската економија и тоа, пред се, за огромната безработица, која е резултат на хроничниот недостиг на било какви инвестиции во земјава, како и во целиот регион. Но, кон нив треба да се пријде трезвено и да се сфати дека тие не можат да бидат замена ниту за домицилните инвестиции, ниту, пак, националната економија може целосно да се потпре на нив.
Но, тие во моментов се во мода. И нив им се придава далеку поголемо значење од она што го имаат – од политички причини, се разбира.
Еден податок, кој веднаш паѓа во очи е што долните бројки покажуваат дека едно работно место странските инвеститори во просек ги чини 49,5 илјади евра. Од друга страна, во земјава од државата како помош за вработување преку Агенцијата за вработување може да се добие кредит од само 3.000 евра.

В. Петрески

P.S.: Податоците од долната табела се земени речиси во целост од официјалните информации на сајтот на Агенцијата за странски инвестиции со два исклучоци, каде што Агенцијата премногу се „возбудила“ во налетот на ентузијазам. Првиот се однесува на бројот на вработени кој е предвиден во „Кемет Електроникс,“ американскиот производител на кондензатори, каде што АСИ вели дека ќе имало 400 вработени, додека, во соопштението на компанијата, кое можете да го прочитате овде, јасно се вели дека бројката ќе биде 200, без никакви други додатоци. Вториот исклучок се однесува на малтешката софтверска компанија „6 пм“ каде што сите медиуми во земјава наведоа дека станува збор за 10 до 12 софтверски инженери, кои треба да се дополнат до бројката од 25. АСИ говори за 50 вработувања, така што во табелата се ставени и двете бројки. Првата се однесува на 25 основни вработувања, а втората на преостанатите 25 можни до вкупната бројка од 50.

http://www.plusinfo.mk/vest/32225/Vo-chest-na-lopatite-Stranskite-investicii-se-pozitivni-no-ne-se-spas-za-ekonomijata-i-nevrabotenosta---ANALIZA
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Абе кај е графата писмо со намери да има поголема гужва?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ај некој ако работи,познава некој што работи во фирмиве,да каже дали се задоволни од плата,услови,работно време и слично.И освен од овие да ги спомнеме и Агрокор-Струмица,
Џонсон Мети, и Џонсон контролс.
А ти не читаш дека сите се или во изградба или најавени?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
А ти не читаш дека сите се или во изградба или најавени?
А ти да прочиташ поубаво,па после да солиш памет.
Агрокор-Струмица,Џонсон Мети, и Џонсон контролс во Бунарџик работат,во Штип пробна работа(сигурно и за тоа земаат плата),Улак Амбалажа-Берово работи, 6пм Малта работи, Стил Кон во Куманово работи, така да прочитај убаво уште еднаш што сум пишач па после рипај,скокај.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А ти не читаш дека сите се или во изградба или најавени?
Ти не читаш убаво, види кој работат и колку вработиле :)
Ако направат една листа од најавено и остварено 2007 -2012 ќе треба да си ударт по две лопати во глава.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А ти да прочиташ поубаво,па после да солиш памет.
Агрокор-Струмица,Џонсон Мети, и Џонсон контролс во Бунарџик работат,во Штип пробна работа(сигурно и за тоа земаат плата),Улак Амбалажа-Берово работи, 6пм Малта работи, Стил Кон во Куманово работи, така да прочитај убаво уште еднаш што сум пишач па после рипај,скокај.
Агрокор Hrvatska банкнотира, не знам зошто ја спомнуваш воопшто?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.215
Сум слушнал за јамб во најава ама инвестиции и вработувања во најава веќе неколку години е малце симптоматично. Како да не ги критикуваш кога самите даваат вакви листи и изјави.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Агрокор Hrvatska банкнотира, не знам зошто ја спомнуваш воопшто?
Еве го овој информираниов. Прво рече Мерцедес немале фабрики во Не-ЕУ земји, па испадна дека имаат. сега вика Агрокор банкротирал а тие до вчера се пазареа да го купат словенечки Меркатор. Пиши ми во ПП ќе те научам да користиш Гугл, во меѓувреме воздржувај се од постирање неточни коментари.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Агрокор Hrvatska банкнотира, не знам зошто ја спомнуваш воопшто?
Како банкротираше? Па кој отвори тогаш откупен центар во Струмица. На тв,и секаде по медиумиве кажуваа дека е Хрватскиот-Агрокор.И тој сопственикот,или некој директор беше присутен на отварањето,се сликаше и др.

Профункционира откупниот центар на Агрокор во Струмица
http://daily.mk/cluster3/d992269c2ab66d8da8f64d5c871c8ea3/926932

Еве ти еден линк,од многуте кој ги има.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Како банкротираше? Па кој отвори тогаш откупен центар во Струмица. На тв,и секаде по медиумиве кажуваа дека е Хрватскиот-Агрокор.И тој сопственикот,или некој директор беше присутен на отварањето,се сликаше и др.

Профункционира откупниот центар на Агрокор во Струмица
http://daily.mk/cluster3/d992269c2ab66d8da8f64d5c871c8ea3/926932

Еве ти еден линк,од многуте кој ги има.
Зборуваш за минато време.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:32 ---
Еве го овој информираниов. Прво рече Мерцедес немале фабрики во Не-ЕУ земји, па испадна дека имаат. сега вика Агрокор банкротирал а тие до вчера се пазареа да го купат словенечки Меркатор. Пиши ми во ПП ќе те научам да користиш Гугл, во меѓувреме воздржувај се од постирање неточни коментари.
Не пишува на гугл се. Има и тој багови.


Хинт на денот:
Колку јајца излижа денес?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Зборуваш за минато време.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:32 ---
Го отворија во октомври.Значи пред неколку месеци.
Прашај некој ако знаеш од тој крај ќе ти одговори дека Агрокор во Струмица работи. Е сеа колку е плата,дали се задоволни незнам,и за тоа го спомнав тоа прашање зашто ме интересира лично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom