Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.375
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Значи имаш проблем тука ...
Не отварај и црпи информации од Википедија, не се арни. Таму нема да ја видиш границата помеѓу егзакното и неегзакното. Науката е неегзактна тогаш кога во текот или на крајот од истражувањето, резултатот е неегзактен, те точноста е доведена во прашање поради нештата кои се неопфатливи, или пак резултатот движи помеѓу повеќе крајни опции. Пример за тоа е археологијата, се што излегува се става на чинија, се формулираат тези, егзакноста е намалена, со излегувањето на нови материјали и формирање на нови тези или пак потврдување на старите егзакноста се зголемува.По завршувањето на истражувањето егзакноста е сведена на максимално ниво, но сепак никогаш ситуацијата нема никогаш да е егзактна. Зошто можеби никогаш нема да дознаеш дали таа скитска стрелка е донесена од некој друг или пак некој скит бил тука .. Затоа е неегзактна наука во спортивно со пр физиката, каде што топчето според законот на гравитацијата секогаш во тие услови ќе падне на земјата. Да не спомињам дека цитирам врвни научници и професори.
Акутна интуиција, пријателе, морам да признаам. Не само што вешто го детектираше мојот извор на знаење, туку и искористи пример од истиот. Археологијата е една од тврдите, но помека од физиката и математиката. Како и да е, тоа не работи во твоја полза, астрологијата не може да се шлепа како наука, дури и како мека, неегзактна, се додека нејзините постулати не бидат детално објаснети.

Не се тоа никакви светлосни точки, се знае што се, се знае со која брзина движат, се забавуваат или убрзуваат, каде и кога навлегуваат и во кој сооднос стапуваат. А тоа што ти сакаш се што можеш во епрувета да ставиш, а тоа што не можеш, да за тебе не постои, е тоа веќе муабетот за егоцентричноста. Ти го дадов примерот со стрелата...

Демек цитираш физика, а не си ни во тек ни со неа .. Квантна физика листаш од време навреме, ако толку ти е битен научниот пристап кон нештата, ако се мора во епрувета да биде.ставено.
За едно тврдење да биде потврдено или негирано мора да помине низ страшната голгота на научниот метод. Твоето антагонизирање на епруветите не прави апсолутно ништо во дискусијава. Нема добри и лоши.

Ако сакаш лично да дојдеш во контакт со таа енергија за која ти зборувам. Научи да медитираш и посвети се секојдневно на медитација, по еден месец ќе сватиш точно за што ти зборувам. Но секако дека нема да го направиш тоа, поставен ти е пристап каде што ти веќе гледаш кон одреден одговор, не истражуваш. Тоа е крајно... не-научно.
Напротив, лично доаѓање во контакт со некој шупливо дефиниран концепт како таа енергија која ја спомнуваш е исто онолку научно валидно колку гледање на духови.

Сакам да се тргнеме од ова апсурдно релативизирање на науките и да почнеме од самиот почеток.
Сакам да знам од каде почнува системот, кој е механизмот кој прави да функционира и како, доколку постои, бил дешифриран од страна на мудрите антички народи. Детално, ве молам. Од почеток.

Ќе може ли да ми кажете како би функционирала љубовна врска девица - лав, лав - бик
и карактеристики на човек со знак девица подзнак лав?
Ќе си го запознаеш партнерот подобро, ќе имате секс, ќе поминувате време заедно. Ако бива, тогаш девица-лав, лав-бик комбинација одговара. Ако не бива, тогаш девица-лав, лав-бик е катастрофална комбинација.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако гледате така има многу други науки кои што не се егзактни и прецизни.
Социологијата донесува заклучоци врз база на набљудување, но тоа не значи дека човечкото однесување може точно да се предвиди под одредени социјални случувања и слично. Се врши претпоставка врз основа на минати случувања кои што не се 100% точни, но сосема доволно за да се земат во предвид сериозно.
Вака може за поголем дел од науките да се зборува и да се најдат работи кои се дискутабилни и не се сопваѓаат.

Астрологијата на некој начин е истото, мислам дека еднаш буквално истово го пишував, но еве пак.

  • Поставеноста на планетите влија врз плима и осека, климата итн. Ние сме 60 до 80% вода...за жал влијае и нас а тоа е научно подковано. Нели пред некое време имаше и нови научни докази дека месечината влијае врз луѓето.
  • Астрологија исто така се базира врз набљудување на луѓето и нивното однесување. Поставеноста на планетите во моментот на нашето раѓање оформува некои карактеристики кај нас. Тоа не значи дека се постојани, сепак човечкиот мозок може да се програмира како што сакаме, но сепак тенденцијата тоест наклонетоста кон конкретни карактеристики е поголема во зависност од личната натална карта (тука не зборувам за дневни и неделни хороскопи)
Знам дека скепсата е огромна но од овие работи некако ми нема бегање.
За жал сите бикови се тупи и упорни, сите риби се одвеани итн итн...
 
И токму затоа се викаат неегзактни науки, се базираат врз сериозни набљудувања, но не се 100% точни. Астрологијата на никаков начин не е истото. Наместо да се започне од нулта хипотеза и да се извршат тие набљудувања, се започнува од веќе воспоставени, неприфатливо неосновани, арбитрарни претпоставки, што води до една страшна работа.

Тоа е мит, резултат на фалична логика и недоволна информираност. Еве научно потковани излагања во врска со тоа. Едно. Две. Иако само во овие две статии има повеќе од доволно материјал да се докаже невалидноста на ова суеверие, ќе се задржам само на она на кое што реплицирам. За мрзливите, на кратко: влијанието на гравитационата сила на месечината е помало од влијанието на гравитационата сила на докторот кој што ве истегнал од мајка ви. 12 милиони пати помало. Плимата е резултат на спрег на гравитациони влијанија на масивни тела. Затоа ја нема во езера.

Мислев дека астрологијата има некаква врска со ѕвездите, заради името, не друго. Морам да го повторам моето прашање зашто очигледно никој не се труди да си ги објасни мантрите. Како? Кој е механизмот кој прави поставеноста на планетите во моментот на нашето раѓање да оформува некакви карактеристики кај нас, имајќи го предвид докторот кој е 12 милиони пати помоќен од месечината и милијарди пати помоќен од планетите? Ако влијанието не е гравитационо, тогаш какво е? Која е таа сила, кој и е изворот и како функционира? Како функционира наталната карта? Кога е кодифицирана и како тоа се вклопува со 24-часовниот систем и временските зони кодифицирани пред 100-тина години? Како се зема предвид разликата меѓу договорените временски зони и вистинското астрономско време?

На кратко: механизам, колега.
Знам дека скепсата е огромна но од овие работи некако ми нема бегање.

За жал сите бикови се тупи и упорни, сите риби се одвеани итн итн...
Тогаш верувам некој ќе погоди кој знак сум јас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H8R
G

galaxy

Гостин
Линк од скептикс дајари....па у реду сеа.

Кликни
Ако не виде, во skepdic и во другиот линк цитираат релвантни истражувања, а не непостоечки или нелинкувани истражувања објавени во некое иранско списание, и разговори со вработени во служба за прва помош.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако не виде, во skepdic и во другиот линк цитираат релвантни истражувања, а не непостоечки или нелинкувани истражувања објавени во некое иранско списание, и разговори со вработени во служба за прва помош.
А Medical Journal of Australia или Pulse Today не се бројат...па и да е така.
Тогаш значи мислења базриаме само врз основа на податоци од држави кои според нечии туѓи стандарди се релевантни...тука има многу под теми.
Ако имаш да кажеш нешто кажи го како членот погоре убаво со факти...а ако е само за пљукање работава тогаш мислењето никој нема да ти го смета за релевантно :)
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 23:55 ---
И ја ќе играв на таа карта ама се водржав зашо има и други шо така презентираат факти...
 
G

galaxy

Гостин
А Medical Journal of Australia или Pulse Today не се бројат...па и да е така.
Тогаш значи мислења базриаме само врз основа на податоци од држави кои според нечии туѓи стандарди се релевантни...тука има многу под теми.
Ако имаш да кажеш нешто кажи го како членот погоре убаво со факти...а ако е само за пљукање работава тогаш мислењето никој нема да ти го смета за релевантно :)
Во веста која ја стави немаше линк до главното истражување кое е носител на веста. Не зборував, ниту наговестував кои држави се порелевантни. А немаше ни линкови до другите истражувања.
Ти коментираше за квалитетот на информациите во линкот на колегата форумист, јас коментирав за квалитетот на информациите во твојот линк. Не напишав ништо конкретно за истражувањата.
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Линк од скептикс дајари....па у реду сеа.

Кликни
Претпоставувам дека самото име на skeptic's dictionary имплицира „наклонетост“ кон една страна, но сајтот е само корисно спакувана колекција од независни истражувања во тие области до кои има линкови, така што сметам дека името или репутацијата на skepdic како гнездо на радикални скептици (I'm merely jesting here) не треба да го исфрли од дискусијава.

Што се однесува до статијата на кајгана, не се согласувам по неколку точки.

Неодамнешна студија, објавена во Urology Journal, покажува дека болката предизвикана од каменот во бубрег значително се зголемува за време на полната месечина. Испитани биле 1.481 пациент.
Линкот води до сајтот на Urology Journal, не до статијата и деталите од истражувањето, затоа нема директно да го коментирам истражувањето. Болката е субјективна, на изјавите на пациентите можно е да влијаат работи како нивното знаење за постоењето на истражувањето, формулацијата на прашањето. Не ги знаеме деталите, не знаеме како е изведено и како е формулирано, така што не можеме да вадиме никакви заклучоци.

Но, доколку предложената причина за наводната разлика во болките е разликата во месечевото гравитациско влијание, многу е важно да напоменам дека разликите во месечевото гравитациско влијание врз Земјата и набљудуваните месечеви фази се меѓусебно независни.

Метју Силверстоун, пак, во својата книга „Blinded By Science“ тврди дека гравитацијата на месечината влијае на водата во нашето тело, ритамот на спиење и појавата на несоница. Тој дури сугерира и дека месечината управува и со женскиот менструален циклус.
Valid ad hominem f-bomb: Метју Силверстоун е бизнисмен, економист по струка, промотер на хомеопатија. Со други зборови, професионален булшитер. Погоре кажав дека месечината не влијае на ништо во нашето тело и понудив објаснување за тоа.

Дека не е до вас проблемот, кога неочекувано сте нервозни, па дури и насилни, тврдат и постари истражувања. Пред две години, студија објавена во Medical Journal of Australia, тврди дека насилното однесување и другите пореметувања во однесувањето помеѓу ментално заболените пациенти се чести за време на полната месечина.

Иако скептиците одговараат дека тоа е слабо, многу научници велат дека всушност полната месечина делува врз магнетното поле на земјата, поради што и се случуваат тие промени, влијание кое се нарекува „трансилванска хипотеза“.

Истражувањето кое го направи др. Питер Перкинс, а го објавил во списанието Pulse Today, го извел во вид на интервјуирање на 79 британски колеги, после што дошол до податокот дека за време на полната месечина има 3 отсто повеќе повици за итна помош.
Повторно нема линк до статијата и повторно се враќаме на истиот проблем на механизам на делување. Покрај тоа, во игра се и ефектите на confirmation bias и communal reinforcement. Ваквите случаи се забележуваат на полна месечина зашто се очекува да ги има во таа корелација, а недостатокот од такви случаи на полна месечина не се забележува. Тоа го објаснува и порастот на повици за итна помош од 3%, што ако се преправаме дека не го земаме во рамки на дозволена статистичка грешка, се должи токму на таа пристрасност која предизвикува малку поголема претпазливост, доколку не би ја нарекол паника, кај суеверните.

Патем, „Трансилваниска хипотеза“ е подбивното име дадено на наводниот месечев ефект токму од страна на тие научници кои ја објаснуваат неговата невалидност. Што се однесува до оние многу научници кои го поддржуваат, кои се тие? I can sense weaseling here.

Повторно: механизам, колега.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
Се си има правила. А од каде ги добил?:pos:
Абе какви прашања поставувате човек да си пукне од мака. Па тоа е цела наука
Uste od pred 5000 godini vodat podatocite za prvite istrazuvanja.Se prenesuvaat generaciski,sekako neboto toga i sega ne e isto,pa i naukata trpi promeni.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:12 ---
Офтопик: дали датумите на знаците се како што се наведени во анкетата или завршуваат еден ден порано?http://en.wikipedia.org/wiki/Zodiac#Table_of_dates.На различни места се менуваат овие 2 сметања, па дали некој знае кое е точното?
Он: во дневен/месечен хороскоп не верувам. Не постои некој или нешто што ќе ми каже што ќе ми се случи на мене денеска, а истото да се однесува и на милиони други личности во истиот знак.А, во општи карактеристики на хороскопските знаци според мене има вистина.Во скоро сите што можат да се најдат насекаде се пронајдувам 90%.
I da ne veruvas,generalno kazano vo ovie godisni,mesecni horoskopi.Toa e vsusnost aspektot od astrologijata kaj sto astrolozive praat pari, podgotvuvaat nekoja si "zabava" ili uteha na lugjeto. Ali ima uste nesto,dokolku se posmatraat vlijanijata na nekoi planeti koi poveke imaat vlijanie na masata otkolku na individualno(zatoa sto ima planeti koi se pobliski do Zemjata i se narekuvaat licni planeti) togas toj mesecen ili godisen horoskop bi bil verodostoen.Kako sega neptun sto vleguva vo ribi i ke trae do 2026.Ke se odrazi i ke se dobie povratna informacija na nekakvo odnesuvanje od masata,a ne individualno kaj sekoj razlicno.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:15 ---
Имам чуено дека една од најлошите и најзлобните знак-подзнак комбинации во хороскопот била близнак-скорпија и дупли близанац. Некоја информација?o_O
Nema najlosa,najzlobna kombinacija, treba i drugite planeti da se zemat v predvid.Neznaci ako ne ste kompatibilni so nekogo,neciva kombinacija ili postavenost na zvezdi deka taa kombinacija e zlobna.
Inaku,konkretno Bliznak so podznak skorpija moze da dade mnogu snaodliva osoba,elokventna itn. A bliznak-skorpija vo partnerstvo,ljubov moze da bide zanimjiva kombinacija,ma da moze da dojde do sukob na posesivnosta na skorpijata i nestalnosta na bliznakot (sekako dokolku licnostite se tipicni pretstavnici na spomenatite znakovi)
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:16 ---
Јас сум вага во хороскоп,а женска ми овен..дали овие два знака се доста различни?Дали комбинацијата е лоша? :) чисто информативно..
Ne e losa,moze vo sudir da dojde nejzinata izbuvlivost,potreba da se bide vo pravo,dominantost nepokolebliva so tvojata potraga kon soodnos na nestata vo sekoj pogled.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:17 ---
A kaj da vidam sto sum vo mesecina ?
kazi datum,vreme na ragjanje i mesto.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:19 ---
Си одговара со сите три.
Jarecot ne bi rekla deka odgovara so site tri vodni znaci.So skorpijata da,burna,zanimljiva veza,so rakot i so ribata mozda-Jarecot ima karakter sto ne se objasnuva,ne razgovara, bara sistematicnost,laden e, a toa moze i te kako da gi povredi rakot i ribata,ako go sfatat zdravo za gotovo.A od druga strana jarecot saka da pruza zastita,odgovoren e,a rakot i ribata baraat zastita i zakrila vo partnerot,taka da ne e loso...
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:21 ---
А ти стварно мислиш дека ја според хороскоп ќе гледам дали да одам со дечкоми или не? ЛОЛ

Прашувам,пошто темата ми е интересна и сакам такви работи, дел од нив се точни, а дел не. Стварно ако не те интересира темава не поставувај прашања надвор од неа.

Horoskopot nema da ti posluzi i da ti kaze dali MORAS da ja prekines vrskata so deckoti ili DEKA MORAS da odis so decko ti.Horoskopot pruza sirok dijapazon,koncizna slika na moznosti.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:26 ---
Арно не те мрзеше да му провериш по што теми се врти :)

Да не бидем офтопик, ќе бидем баба Ванѓа, на 3ти Февруари оваа година, Нептун се враќа дома, прави транзит во Риби. Поради самиот транзит, но и поради сличните енергетски вредности кои ги имаат Нептун и Рибите, енергијата ќе биде многу поизразена отколку при било кој друг негов транзит.Енергијата на Нептун е бавна и многу често тешко приметна, но во случајов на глобално ниво транзитот укажува големи нешта поврзани со вода воглавно.

Значи на 3ти Февруари или некој ден подоцна. Очекувајте поплави, низ светот, од морињата, од океаните можеби излевања на реките, силни дождови, проблеми со водовод, внимавајте на кафето насабајле, а и на пивото навечер, секаде кај што има течност внимавајте. За уметниците ова е моментот за креација, седнете и правете го тоа како никогаш досега:) Можни се паранормални искуства, халуцинации, луцидни сонови :), се што е поврзано со подземјето дали музички, уметнички или дилање дрога, криминал, се што е под површината може да се случи или пак да излезе на виделина :) \m/
Vo glavnom e taka.Iskreno neptun vo ribi ni sprema nesto mnogu jasno, emotivno.Preturanje po domot,isfrluvanje na stari nepotrebni raboti.Pomalku gledanje tv poveke slusanje muzika.Se ke bide vo znakot na zvucite.Posleden pat bese vo riba 1800 i nekoja.
Site tajni sto ste gi skrile ke izlezat na videlina,mnogu lazni prijatelstva ke se razotkrijat,ke se razotkrijat fintite na farmaceftskite kompanii,dogmite vo religiite.Ako neptun vo vodolija vlijaese na segmentot od zivotot teholigija,komunikacija,socijalni mrezi,ribata tuka ke odi podaleku,ke se vrati nazad,po arheoloskite naogjalista,dokazi,razotkrivanje na svetski tajni,"novoto doagjanje na isus" :D
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:27 ---
E па Здраво на сите! Дали ќе може некој да ми објасни (бидејќи баш се мислам, а ич не се разбирам во астрологија), родена сум на 21.06, е сега овој датум некаде е во знакот на Близнаци а некаде во знакот на Рак???:unsure: Според читањето на хороскопите повеќе и поточно ме опишуваат Близнаци, ама пак од друга страна некој ми има спомнато дека у ствари сум Рак бидејќи сум родена во 14ч и 10 мин попладне!:unsure: Што сум јас у ствари во хороскоп???o_O(y):P
koja godina? kade(drzava,grad,selo)?
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 11:35 ---
И токму затоа се викаат неегзактни науки, се базираат врз сериозни набљудувања, но не се 100% точни. Астрологијата на никаков начин не е истото. Наместо да се започне од нулта хипотеза и да се извршат тие набљудувања, се започнува од веќе воспоставени, неприфатливо неосновани, арбитрарни претпоставки, што води до една страшна работа.

Тоа е мит, резултат на фалична логика и недоволна информираност. Еве научно потковани излагања во врска со тоа. Едно. Две. Иако само во овие две статии има повеќе од доволно материјал да се докаже невалидноста на ова суеверие, ќе се задржам само на она на кое што реплицирам. За мрзливите, на кратко: влијанието на гравитационата сила на месечината е помало од влијанието на гравитационата сила на докторот кој што ве истегнал од мајка ви. 12 милиони пати помало. Плимата е резултат на спрег на гравитациони влијанија на масивни тела. Затоа ја нема во езера.

Мислев дека астрологијата има некаква врска со ѕвездите, заради името, не друго. Морам да го повторам моето прашање зашто очигледно никој не се труди да си ги објасни мантрите. Како? Кој е механизмот кој прави поставеноста на планетите во моментот на нашето раѓање да оформува некакви карактеристики кај нас, имајќи го предвид докторот кој е 12 милиони пати помоќен од месечината и милијарди пати помоќен од планетите? Ако влијанието не е гравитационо, тогаш какво е? Која е таа сила, кој и е изворот и како функционира? Како функционира наталната карта? Кога е кодифицирана и како тоа се вклопува со 24-часовниот систем и временските зони кодифицирани пред 100-тина години? Како се зема предвид разликата меѓу договорените временски зони и вистинското астрономско време?

На кратко: механизам, колега.

Тогаш верувам некој ќе погоди кој знак сум јас.
Vidi,so astrologija moze da se zanimavaat samo lugje sto istrazuvaat,lugje sto imaat dovolno iq i iskustvo,i previse videle za da nesto tvrdat.Mnogu doznale da bi imale eden edinstven dokaz.Zavisi kako i prigjas na astrologijata.Taa za tebe moze da bida kao uteha od neuspehot ili mocno oruzje kon uspehot.Moze da bide edna filozofija na tolerancija,kaj sto ke naucis da go prifakas nekoj zatoa sto e takov kakov sto e i mozda ne moze da si pomogne.

24 casovniot sistem e denonokie,vremenskite zoni se postaveni zpored naporednicite e meredijanite,mislam da ne tupam sega,spored nasokata na rotacija na zemjata,klimata,pojasite,koja polutopka koga e osvetlena,koga e zatemneta drn drn drn.
Dovolno si pameten/pametna,ljubopiten da bi trebalo da si gi nadminal aspektite na tipicniot tvoj znak horoskopski,i valjda ne ke mozam od eden tvoj post da pogodam :))) I kako poveke navlagam vo astrologija odbivam da pogagjam,sekoja licnost si e kompleksna na svoj nacin.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Бикови и Скорпии преовладуваат на форумов. Хмм.. :)
Добро е, лавовите сме на трето место :LOL:
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
vidi si na net uporeden lav- strelec,zasto prasanjevo ti e opsto i mozes da si najdes mn soodveten opst odgovor.Dajte nesto podlabinski.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 12:12 ---
Du

Духовен напредок секако :) Ако сакате да излезе човек од вас, најдобро делете го животот со човек кој е со енергија спротивна по поларитет од вашата, те Yin(Земјени и Водени) во да се мешаат со Yang(Огнени и Воздушни)

За ова зборев со био-енергетичарот Филев, иако не знае човекот астрологија, го бива со енергиите. Ми потенцира дека космосот сам ги реди нештата во животот, за да се случи врска во која двајцата ќе бидат спротивни по поларитет, те Yin и Yang, врската така ќе биде полна, кармата ќе се жнее и ќе има напредок, доколку се со ист поларитет, за се ќе се погаѓаат, ќе вегетираат и ќе си заминат од земјата така празни + веројатноста дека тие ќе имаат воопшто наследство е намаена, а доколку имаат, детето буклук ќе им е, народски кажано :)

Така да гледајте да најдете некој медиум партнер најубаво, премногу од двете не е арно, рамнотежата е секогаш најдобрата состојба :)

Имам приметено дека знаците кои се во сооднос од 150' имаат најголема меѓусебна привлечност и врзаност во кармата. 150' наједноставно кажано би било, еден од двата соседни знаци на вашиот спротивен знак :)
Da,da...Inaku,obicno osobite cije sonce se naogjalo vo sozvezdija sto se 150 (opozicija) se ona sto go baraat,ogledalo,ona sto mu fali na edniot,go potisnuva,a go bara kaj drugiot.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 12:21 ---
Значи тој што ги изработува следи некои правила?
Од каде ги добил тие правила?

Хороскопот не е баење или видовитост, не е субјективно, туку следи некои правила.
Дали тие правила ги добил од некои истражување во кое учествувале учесници родени во секој момент од една година, значи при секоја можност на конфигурација на факторите, небесните тела, и на секој од нив му се испитани психолошки карактеристики?

Или тие правила ги добил од некое вишо суштество кое некако знаело како факторите кои се земаат во предвид влијаат на психата, телото и ситуациите во животот?
Dodeka si laik,da ke pratis pravila,9recimo venra kvadrat uran cesto dava razvod,sonce trigon pluton dava harizna,dr haus go ima ovoj aspekt,pa i jas,odprilika stanuva zbor za nekoja ironija,zarkazam toj tip na harizma),i ke ucis etika voedno.I dokolku ne si vo sostojba da procenis spored natalnata dali doticnata osoba ne bi mozela da podnese nekoi pospecificni informacii,bolje ke si kutis.Recimo podznakot i venrata kaj zenite (a kaj mazite mars) vlijaat od prilika do 25-tata godina...posle poleka pocnuva da se cuvstvuva saturnoviot povratok i vlijanieto na mesecinata zavisno vo koe sozvezdie taa se naogja ,vo koe pole,kakvi aspekti pravi,koj e prv aspekt,so koja planeta,na koj stepen...
Konkretno,istrazuvanja ima non stop,pa i kvazi astrolozite istrazuvaat na malo.Koga ke se sluci nekoj aspekt,se posmatraat individuite,se nadopolnuvaat minatogodisnite znaenja,se posmatra masata,zavisi od aspektotite,planetite,stepenot na koj edna planeta se naogja,vo natalot dali ima planeti se naogjaat "pred" ili "pozadi" mesecinata na primer...i se stvara kompletna slika,pa i za fizickiot izgled.Ima takanareceni vodolijanski tipovi,saturnovski,marsovski...pa postori astro medicina,pa karmicka astrologija itn.
Veruvaj mi ,i da si gi dobil znaenjata od nekoe viso stvorenje,sigurno bi ti izvrsile i momentalna amnezija na nekoi nastani :D hah. Ednostavno imas ljubov,citas knigi,povrzuvas,dozivuvas...i sto povise rabotis,a pomalku zboris za astrologijava vo javnost :))
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Vidi,so astrologija moze da se zanimavaat samo lugje sto istrazuvaat,lugje sto imaat dovolno iq i iskustvo,i previse videle za da nesto tvrdat.Mnogu doznale da bi imale eden edinstven dokaz.Zavisi kako i prigjas na astrologijata.Taa za tebe moze da bida kao uteha od neuspehot ili mocno oruzje kon uspehot.Moze da bide edna filozofija na tolerancija,kaj sto ke naucis da go prifakas nekoj zatoa sto e takov kakov sto e i mozda ne moze da si pomogne.
Не мислиш дека со „превише виделе за да нешто тврдат“ си ја убиваш твојата страна? Настрана тоа, не барав мотивационен говор при изгрејсонце, американска коњаница и музика која оди во прилог на расплет.
24 casovniot sistem e denonokie,vremenskite zoni se postaveni zpored naporednicite e meredijanite,mislam da ne tupam sega,spored nasokata na rotacija na zemjata,klimata,pojasite,koja polutopka koga e osvetlena,koga e zatemneta drn drn drn.
Dovolno si pameten/pametna,ljubopiten da bi trebalo da si gi nadminal aspektite na tipicniot tvoj znak horoskopski,i valjda ne ke mozam od eden tvoj post da pogodam )) I kako poveke navlagam vo astrologija odbivam da pogagjam,sekoja licnost si e kompleksna na svoj nacin.
Благодарам за објаснувањето, навистина не знаев што се временски зони.

Некој елоквентен на темава?
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
Ej ne seri!!!(banirajte me slobodno ako treba). Ako nekogas si se sovetuval so astrolog,prav,dobar astrolog, pa toa tebe ne amerikanski konjanici ne muzika u rasplet,ne znam sto sve nema da ti se slusa i na kraj valjda radi tolku sarkazam ke te izbaci nadvor.Najseriozno,ne te zezam......Ovaa ne e chek dis aut,
E pa onda sto drobis gore za vremenskite zoni kako se unificirani,zasto drn drn.Sedni citaj knigi,pobaraj informacii,nemoj da baras elokventni na temava.Pa ke praime muabet ko luge,ti ke izlozis tvoi informacii jas svoi.Pozd.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 19:17 ---
Акутна интуиција, пријателе, морам да признаам. Не само што вешто го детектираше мојот извор на знаење, туку и искористи пример од истиот. Археологијата е една од тврдите, но помека од физиката и математиката. Како и да е, тоа не работи во твоја полза, астрологијата не може да се шлепа како наука, дури и како мека, неегзактна, се додека нејзините постулати не бидат детално објаснети.

За едно тврдење да биде потврдено или негирано мора да помине низ страшната голгота на научниот метод. Твоето антагонизирање на епруветите не прави апсолутно ништо во дискусијава. Нема добри и лоши.

Напротив, лично доаѓање во контакт со некој шупливо дефиниран концепт како таа енергија која ја спомнуваш е исто онолку научно валидно колку гледање на духови.

Сакам да се тргнеме од ова апсурдно релативизирање на науките и да почнеме од самиот почеток.
Сакам да знам од каде почнува системот, кој е механизмот кој прави да функционира и како, доколку постои, бил дешифриран од страна на мудрите антички народи. Детално, ве молам. Од почеток.

Ќе си го запознаеш партнерот подобро, ќе имате секс, ќе поминувате време заедно. Ако бива, тогаш девица-лав, лав-бик комбинација одговара. Ако не бива, тогаш девица-лав, лав-бик е катастрофална комбинација.

Imam cuvstvo deka imas nesto protiv temava ili so previse sarkazam sakas da dobies dokazi od nekoj na temava.Trgni se od tuka covece! Ni eden srpski,hrvatski forum (gi zedov za primer) kaj sto se govori za astrologija nema olku proseravanje,Te interesira od kaj pocnal sistemot?Mehanizmite?Aspektite? Keshiraj be druze,ima astroloski skoli kolku sakas na balkanov,bas sega slusam edno audio predavanje.Ama ne,ti si zapnal samo naukata pa naukata.Ok e toa.Ama zirni malce i od drugata strana.
CITIRAM: "Mozeme da postavime prasanje,kade astrologijata vredi,za pocetok.Astrologijata kaj nekoi lugje ne vredi.Ima ljugje koi se na nekoe nisko nivo na svest,i neli lugje so razlicni nivoa na svest.Kaj tie lugje ke zabelezite deka sekogas postoi razlicna korelacija izmegju kartata i niv.Lugjeto koi ne pristapile na procesot na indivudalizacija,koi se del od nekoj sablon,masinerija,semejstva,narodi,koi svojot identitet go dozivuvaat na nivo na masa ili nekakva celina...onie koi se stremat kon procesot na individualizacija vleguvaat vo nekoe drugo podracje...
Prvo nesto sto lugeto go zabelezale na neboto se sonceto i mesecot.Denes uticajot na mesecinata moze da se izmeri.Negovo zracenje,negovata svetlost kaj ovulacijata na zenata(nejzinoto odnesuvanje).Mozete mal milion nebeskih tela da zemeto vo obzir i pak doaganje fo prethodno spomenatoto.Ima razlicni filozofii i pristapi kon astrologijata,indijska,egipatska i na kraj pak morame da dojdeme do nesto zaednicko-Opisati covek.Porano astrolozite zemale vo obzir samo nekolku najbliski planeti ili nebeski tela pa toa go rabotele podednakvo dobro pri opisot kako i denes koga astrologijata e dosta pokompleksna.Koga gi posmatrame zapisite od minatoto,koga nastanuvaat tie ucenja i tehniki,astronomijata ne bila tolku precizna...postojat greski od po 5-6 stepeni recimo...
Postoi edna pretpostavka-Ako nemoze nesto rastumaciti,na kraj on ulazu u samiot sebe i promatra sebe,najolem ucitel ne mu trebaat teleskopi...on bi usao u svom telu,citavu pricu mozemo nacu u samu sebi.To je taj nacin astrologije koji nikade nece uci u akademski establisment..
Pseudonauka-E eden od najcestite nazivi na astrologijata,krsten od ucenite ljudi.Metodite na rabota se naucni,a rezultatite-Nenaucni.......

I red vakvi raboti,tebe bi ti zvucele kao muzika za intro vo nekoj film.Ova e klucno koga pocnuvas da ucis,zasto se takvi mehanizmite kakvi sto se,koj del se prepusta na intuitivnosta i kreativnosta a koj del se zapazuva i gai tradiciski...I objasni mi zasto jas ovde bi kopirala uste,mnogu zanimljivo podatoci,bi prakala audio snimki od lugje vrvni astrolozi,koga na kraj ke se najde nekoj sto nema da ja ispocituva temava i da se drzi do nea,nema da ima zdrav humor i ke igra kurot.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 19:19 ---
Izvinete sto mesav jazici, i izvinete na pecatni greski.Ke pripazuvam poveke.
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Pseudonauka-E eden od najcestite nazivi na astrologijata,krsten od ucenite ljudi.Metodite na rabota se naucni,a rezultatite-Nenaucni.......
Само на ова ќе си дозволам да реагирам зашто во спротивно би бил баниран од темава, а тоа не го сакам, барем за сега, додека се уште чекам некој поелоквентен член да ми ја објасни целата збрка.

Како псевдонаука се класифицира секое тврдење кое е презентирано како наука, но ниту методите, ниту резултатите немаат врска со науката. Астрологијата е некаде на границата помеѓу псевдонаука и суеверие затоа што има карактеристики и на двете.

Ако ве мрзи или се сметате за недоволно способни да понудите ненаивно објаснување за начинот на кој функционира астрологијата, барем дадете линкови, па ќе дискутираме така. Целта ми е далеку од тоа да бидам саркастичен, а „Чек дис аут“ однесување никаде не видов. Затоа, без навреди, ве молам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom