РТЛ влегува во Македонија

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
Продажбата на српската телевизија Пинк на медиумскиот гигант РТЛ, која е повеќе од извесна, сигурно ќе го раздвижи и македонскиот медиумски пазар, каде што Пинк ја поседува Пинк 15. „Капитал“ ексклузивно дознава дека во пакетот на Пинк оди и Пинк 15
Медиумскиот гигант РТЛ најверојатно ќе ја купи српската медиумска групација Пинк, со што преку Пинк 15 ќе влезе и на македонскиот медиумски пазар. Тоа дефинитивно ќе значи размрдување на состојбите во електронските медиуми во Македонија. РТЛ ќе биде повеќе од сериозна конкуренција за постоечките телевизии затоа што работи по многу високи стандарди, има богата програмска шема и многу голема сопствена продукција.
„Капитал“ од раководството на Пинк во Белград ексклузивно дознава дека во пакетот ќе одат сите 15 телевизии на Пинк во регионот, меѓу кои е и Пинк 15 во Скопје. Иако од Белград велат дека освен со РТЛ, преговараат со уште две странски компании, сепак медиумите од Србија јавуваат дека работата со РТЛ е речиси завршена.
„Ние минатото лето почнавме преговори за евентуална докапитализација и досега водевме разговори со три заинтересирани страни: Ringier Axel Springer од Швајцарија, РТЛ од Германија и Мид инвестмент од Велика Британија. До промените во учеството во капиталот најрано може да дојде во мај оваа година, доколку сопственикот на Пинк медиа груп постигне договор околу бараниот износ. Доколку дојде до докапитализација и промена на сопственичката структура, тоа ќе се одрази и на Пинк 15 во Македонија, со оглед на тоа дека се преговара за сите пет земски телевизии и за 15-те кабловски програми што ги поседуваме како медиумската групација“, вели за „Капитал“ директорот на секторот за односи со јавност на српската телевизија Пинк, Дарко Поповиќ...

Извор

Супер! Конечно нешто добро кај нас од телевизииве.
 
само на крај да не испадне turbo folk über alles
PINK e царството на тоа труење, штом тоа паѓа добро е!
3099533.jpg
Taratur.com_Sveta_Ceca.jpg
 
Хаха немој многу да се надевате дан продолжат со турбото па да се чудите после :D
 
Крај на Турбо-Фолк труењето.. : ))
Ако останат истите што ја креираат програмската шема тешко нас, ако Германците имаат намера постават своја програмска шема, без разлика на тоа колку е профитабилна турбо-фолк музиката, тогаш им симнувам капа. Да не се заебаваме, турбо-фолкот и те како има пазар кај нас и е профитабилен и тоа е во рангот на поп музиката, ама јас верувам во чуда и се надевам дека најголемиот подржувач ќе исчезне во правот и повеќе нема да се пушти такво нешто на ТВ.
 
Чекај ако добро сфатив,пинк аут ртл ин ????

Тоест крај на турбо срањето ??
 
Чекај ако добро сфатив,пинк аут ртл ин ????

Тоест крај на турбо срањето ??
Дада дојде тој ден кога нема да има веќе жалопојки и силиконски наполнети цицки и фаци како завиваат.
 
ЛЕЛЕ што програма ќе даваат германциве ако дојдат кај нас :love:
 
се сомневам дека РТЛ ќе остави програмска шема од телевизијата што ја купил, поготово не од пинк. преголемо име е за да си го прља така. но, може да не го ре-брендира и да си остане пинк 15. и да си тера ТФ.
тоа ќе биде штета.
на времето ХРТ му го продаде 3-канал на РТЛ и РТЛ си направи програма по примерот на германскиот РТЛ. веројатно и свои луѓе си ставие.
ХРТ после се пишмани и пак направи 3 канал, ако се прашувате како сеуште има ХТВ3...
така што супер вест. РТЛ е топ телевизија.
 
се сомневам дека РТЛ ќе остави програмска шема од телевизијата што ја купил, поготово не од пинк. преголемо име е за да си го прља така. но, може да не го ре-брендира и да си остане пинк 15. и да си тера ТФ.
тоа ќе биде штета.
на времето ХРТ му го продаде 3-канал на РТЛ и РТЛ си направи програма по примерот на германскиот РТЛ. веројатно и свои луѓе си ставие.
ХРТ после се пишмани и пак направи 3 канал, ако се прашувате како сеуште има ХТВ3...
така што супер вест. РТЛ е топ телевизија.

Јеп, РТЛ Хрватска беше многу добра телевизија, ја имав коа беше жив DIGI клучот за сателистска.

Добро ќе биде ако така направат и со 15... Само да не испадне нешто вакво да слушаме после...

http://on.net.mk/balkanshtina/indira-radikj-du-hast
 
Да ама прашањето е сеа дали ќе се прошират нис цела држава или не :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom