Oва го пишувам крајно бесен и револтиран,
Пред 10 минути, враќајќи се дома, видов, на паркингот позади Инвалидски на еден млад Дечко, на колата и ставиле лисици. Му се понудив да му помогнам да го смениме тркалото. Ме одби... ќе ги чекал и ќе ги убедувал дека не треба да плати.
Одејќи понатаму, кај Зелен пазар, гледам една жена плаќа 500 денари, бидејќи го изгубила влезниот билет. И реков, зошто плаќаш, повеќето од нас цел ден не заработуваме 500 денари. Излезе рампаџијата, зошто јас се бунам, а жената не се бунела. И реков на жената друг пат да ја тргне рампата таа е на четири шрафа
Ве молам сите, не им плаќајте, посебно за овие незаконски казни, барајте да ве тужат па таму нека добијат.